Никој никогаш не значел колку тебе, никој никогаш не ми донел таква среќа и болка како тебе. Проклето да е ова што не ми дава да продолжам натаму без тебе и проклети да сме ние што не знаевме како еден со друг. Никогаш не било добро, никогаш нема ни да биде.
ме изнанади..очекував вакво нешто ама не сега,не вечерва..требаше уште денес да бидеш бар мој всушност ти не ни беше мој овие неколку месеци...незнам која ти беше поентата кога ми кажа дека ти се свиѓа друга..толку беше а? па среќно понатака со неа..кога јас неможев да те направам среќна нека те направи она незнам зашто и покрај се пак сакам да ме побараш,а знаеш чудно овој пат не ни плачам за тебе,незнам немам никакви чуства..и нив ги однесе ти..сега немам ништо знаеш може вака е поубаво,со тебе созреав..кога те запознав бев дете..со тебе растев и еве пораснав и согледав дека сепак нашите патишта не се совпаѓаат...ама еве веќе почнуваат солзи..незнам зашто,ама ќе ми фалиш..може во последно време ми беше само навика,лоша навика..ќе ми треба време за да се навикнам на оваа промена,ама ке се навикнам..не сум веќе она наивно девојче од пред некоја година,имаше право пораснав,а благодарение на тебе сватив дека не треба се да даваш кога за возврат не добиваш ни третина од даденото..и во ниедна следна врска нема да направам таква грешка како со тебе..многу научив од тебе..убаво беше времето што го поминавме заедно а? и кога вака седам и мислам всушност сваќам дека јас сум променета,а не ти..знам згрешив многу ама знаеш те чуствував до мене..мислев нема да си отидеш,а и месецов незнам што ми е..направив грешка да..и можеби подобро е вака..сепак се надевам дека ова нема да ни биде последна средба,покрај се ми требаш..и сега полека почнувам да сваќам некој работи..извини мило за сите мои грешки ама таква сум..толку нема веќе надеж за нас а?..побарај ме некогаш..периодов ке ми биде тешко знам..и повторно би ти се вратила само побарај ме,пак ке бидам твоја..овој пат променета..без грешките што не доведоа до тука..и за последен пат..те сакам и се надевам следен пат нема да пишувам за тебе или доколку пишувам ке биде за нешто наше,заедничко,што ке го имаме..ако ме побараш..
Ме изнервира вечерва! Таман убаво си почнавме и на крај ја за*ба цела работа. Седи си таму, не доаѓај! А ако се надеваш дека јас ќе дојдам, подобро не надевај се. За да се вратиш треба да имаш причина, нели? Очигледно ти немаш.
барем виде како ме гушка другар ми-твојот поранешен колега и мило ми е за тоа а можеби и наскоро да дознаеш и официјално дека имам некој во животот сакам да патиш како што патев и патам јас гледај ки ја твојата фаца и да го чуствуваш истото задоволство и негативна енергија што јас ги чуствувам кога ке те видам тебе ке престанеш ли да ме шпиунираш на ф.б. што постирам бе муфљуз еден па после ке јадеш трици низ маало срце вака, така, онака-мореее, има да ми прекипе има тогаш да видиш
Се преправам дека не ми е мачно што не си до мене. Голема сум, башка независна жена, не ми личи на годините. Не сме деца сега да се лигавиме, ќе се видиме, здравје. А реалноста е дека ми доаѓа да касам од што сакам да те видам. Да врескам, да плачам како мало дете, да фатам патот пешки и се да отерам у три лепе, а може и повеќе. Добро де, не до толку Не ми се верува дека волку сум зависна од тебе. Знам да паничам кога мислам дека зависам од некого или нешто. Да резимирам: ми недостасуваш. Нездраво многу.
Си ме сонувал а? Поточно си не сонувал како сме сакале да се самоубиеме. Е ее блесав памет носиме. Викаш сме сакале да се однесеме во свемирот со експлозија. И нели накрај живи сме останале. Немам зборови. А аа неможе да играме толку прљаво. Вчера додека сум спиела сум ти ја дала раката, а ти си ми ја љубел . И не сум те приметила. И понекогаш на сабајле кога ми кажуваш што се си ми правел се чувствувам како некоја принцеза. Па си ме бацувал по вратчето, па си ме гледал колку сум била блескава, ... абе а да не ми правиш ти и нешто друго, ааа?!
И баш кога бев речиси сигурна дека веќе ништо не чувствувам за тебе, кога мислев дека нема веќе срцево да ми бие како тапан на сред село штом поминеш покрај мене... Сеуште ми значиш! И тоа многу повеќе. Кога ме погледна в очи, почувствував мир. Како со твојот најмил поглед да ме штитиш и успокојуваш. Мислев дека само сум вљубена во тебе, но јас всушност сум те засакала... Многу ми недостигаш...
тоа што почнав да викам вчера додека разговарав со другар ми дека ме заболе некои луге не постојат токму за да чуеш ти вини е реакција на антидепресивите што ги пиев, пмс и се заедно е ова а која негативна енергија ја пренесуваш не си свесен, цела вибрирам кога ке те сретнам ех да можам да се преселам подалеку од тука... или тебе да те вратат каде што беше минатата зима дај боже
да не биде срце полудела тотал-од мојот пост мислам дека свати што ми е, како је чуствувам ко две бомби да имам во градите, а во мене е третата така да боцни ме ако не ти експлодирам пред очи добро ке биде
Степ бај степ, тука сме се бркаме горе доле-лево десно. Каков лик си ти, невиден и нечуен до сега. П.С имаш убав вкус за магнети, тој од Бостон ме густа мучо, сакам и за мене таков, да си знаеш за друг пат
незнам што ти е што толку се понашаш ладнокрвно ама да знаеш овој пат стварно е готово не те барам веќе уживај..само жалам што касно сватив какво ѓубре си. и никогаш повеќе несакам да те видам,и сега се каам за тоа што сум изгубила толку време со тебе..и да можам би си ги вратила годините назад.. не заслужуваш ни трошка љубов.
Чекај чекај малце... твојата нова женска/мувачица што и да ти е.. не знам ... 1. Има ист парфем како мојот 2. Танцува како и јас 3. Родена е на ист датум како и јас, ист сме хороскопски знак ова нешто треба да значи или мене ми се причинува? зарем ти бараш мои копии?
Те мраааааааазаааааааааам повеќе од највеќе!!! И немој случајно некогаш да си ме побарал! И немој случајно некогаш да си се нашол во моја близина! И немој случајно некој твој другар да ми спомне нешто за тебе!!! Од денес воопшто не те познавам!!! И ќе си најдам подобар и поубав и поише ќе го сакам од тебе... И џабе се убедувам дека не те сакам кога само ти постоиш за мене
Се прашувам само дали вреди да продолжам да се борам, во вакви моменти сакам да се откажам од се и се што е поврзано со тебе да испратам во пеколот :'(