Некојпат се плашам оти ко ќе те испратам негде нема никогаш да ми се вратиш. Затоа сакам сто пати да ти кажам оти те сакам, за да те уверам, за да знаеш, каде и да си и каде и да сум. Еве, сега ќе ти ѕвонам. http://www.youtube.com/watch?v=O9kFnpBzeiQ
ете така се решив од тебе муфљуз еден -ти на мене страдаш тешко ти е Вини до некаде мило ми е и се гледа дека премногу леташ со паметот а себе си се замислуваш дека си лав и не ми е јасно како се препознаваш во Марио Касас мојот херој-зошто затоа што имате иста фризура и боја на коса-не ме зезај вода не можеш да му носиш слободно викај си ти си топ ама сега времињата се сменија а тебе најмило душиче и обравчињата и усничките ти ги сакам и јас тебе едвај чекам да те видам сонценце
Започна нашето патешествије,наречено врска на далечина. Веќе е втор ден,а јас сум изморена. Не ми е добро,а и ти не ми ја олеснуваш работата околу тоа. Тука некаде е крајот.Го мирисам. Само и двајцата се плашеме да го изустиме првиот збор. Нека трае додека трае. Јас се изморив,или бори се или да се препуштиме на времето. Колку ќе траеме незнам,ама убаво беше во секој случај.
Ааабе кај си ти? Long time no see. Така и нека остане. Само да ти кажам најдов некој кој душата ја дава за мене. Некој кој стана рано од сабајле зашто не ми се одеше на факс и го помина цел ден со мене.. и па не му беше доста. Некој кој не вели после два саати дека треба да се најде со другарите. Некој кој ми прави пици и ме тера сосила да јадам оти не сум јадела цел ден. Некој кој НЕ дозволува другите да му ја диктираат врската и да му кажуваат што да прави. Некој кој не ме гледа чудно, што и да направам.. Некој кој ме сака. ..а тој некој цело време беше до мене, само јас не го гледав тоа. И што е најважно тој некој не си ТИ.
Ако, гледај ги сите што мене ми се блиски.. Нека те потсеќа се на мене! Си заслужил и многу полошо! Мене како ми е? Испомешани чувства насекаде, сомнеж без никаква причина, верување од непотребна причина.. Сеедно е веќе. Се уклучувам - исклучувам со емоциите, зависно од околината! Тапа Џонсон.. Ништо не ми е реално без тебе!
Химна ми е дете, од секогашми била, а ти ете, уште еден од тие кои ве ставам во ист кош кога ја слушам. еве ти, во твоја чест вечерва, инаку не наздравувам за мажи ама ти заслужи, навистина никогаш не помислив дека во песнава ќе те стрпам. И во моја, во чест на онаа јас која сега ќе ја запознаеш. F.U. ! http://www.youtube.com/watch?v=F9JcaWGv9Z0
Ти кажав се` што сакав. Се` што требаше. Многу зборев. Сепак, малку кажав. Или, пак, кажав доволно, ама ти малку слушна. Или го слушна тоа што ти сакаше да го чуеш. Секогаш е така. Ти кажав, во ред, оди си. Крај е за нас. Нема повеќе да не` има. Впрочем, никогаш не не` имало. И сега на што сме? На Како си? и Какво е времето?? На тоа и ќе останеме?-Подобро не. Подобро да го пуштиме сето ова... Ова малкуто, што вака или така не` поврзува. Од две, прави едно. Не знам дали си ти тој што ми недостасува. Или, пак, времето поминато со тебе. Но, нешто ми фали. Сум без мојата половина. Секако, онаа подобрата. Вака или така, ти беше дел од мене. Беше. Сега...сега одиме на дното. Тагата, ти, јас.
Понекогаш си размислувам дека сме последните нормални останати на планетава. Уште не знам како завршив со тебе, и не ми е јасно како животот ме изврте во сите тие кривини за да испаднам пред тебе. Не знам како, ни зошто, ама знам дека ми е убаво, и сум среќна. Ме боли душичката кога те гледам како се мачиш, буквално ме боли. Како да си остарел 15 години летово, драги. Гледам дека многу ти тежи на душата, и не можам да ти помогнам, не зависи од мене. Ме загрижи тоа што можеби претерав и премногу те натерав да се плашиш за мене три месеци, заборавајќи дека мене деновите ми прелетаа како минути, а тебе како години. Жал ми е за тоа, не требаше тебе да те трујам со моите глупости таму. И стопати ќе ме прашаш што ми е, кога тебе гледам дека ти се плаче од мака, а јас не знам што да ти направам освен да те гушкам и галам, и така гледам отсутно, а како да ти објаснам дека се чувствувам делумно виновна што сиот тој куп ти тежи над глава? Земи бе душо, фани, викај, дери се, колку те држи гласот, многу чуваш во себе, многу се секираш. Ниеден човек не е остров, не си ни ти. Ме имаш мене до тебе, заедно се смееме, заедно и плачеме, затоа што заедно е полесно, заедно е поубаво... заедно со тебе сум посреќна. Јас нема да те оставам сам, никогаш, кога ти требам, ако знам да бидам покрута и остра, знаеш дека можеш да се потпреш на мене во секое време. Ми годиш ти и твојата близина. Ти и твоите пеперутки, јас и моите пеперутки, сакам кога ме смееш до солзи, и сакам кога ме гушкаш несвесно кога спиеш, и сакам што и да сакам, не можам да ти се налутам. Сакам кога сум со тебе и сето друго е ставено на ,стоп,. Кога ми кажуваш дека јас сум љубовта на твојот живот, или дека ќе се ожениш со мене, а јас се смеам и викам дека не раѓам во наредниве 10 години. Како да им кажам на сите, дека не сум ни разубавена, ни освежена, ни ослабена, нит до кошулите е, ни па имам нова фризура или нова пудра или кармин. Едноставно, сакана сум. И сакам. Жените тогаш се најубави.
И се смена се наеднаш. Навистина не знам кај замина. Ми недостигаш. Ми недостигаат нашите глупи муабети. Ми недостига летото. И се поврзано со тебе ми недостига. Те чекам и ќе те дочекам.