И радост и тага..се си ми.. Љубов, среќа, разочарување, страв, болка, фантазија... Ме кршиш ме креваш, ме убиваш, ме лечиш.. Отров и лек си ми во исто време.. Ама гледај, после се заедно сме... Не е навика, не е се додека не ми лупа срцето 300 на саат кога те гледам како доаѓаш со колата накај мене, да ме земеш да ме прегрнеш, да бидам твоја..
http://www.youtube.com/watch?v=fkVZwGCch2I Зная имаш 100 жени,само мене неее... Ја изгубив битката...војната НЕМА! Имам и цела армија покрај мене
Не планира ли нас иднината? Ова прашање си го поставувам секоја ден кога ќе те видам, и постојано барам одговор но нема, или се плашам да си го признаам суровото не кое ми го крши срцето на илјада парчиња. Те сакам. И ќе те сакам.
Многу рано се запознавме, нема да бидеме вечни, по некое време ти ќе тргнеш по твој пат, јас по мој. Знам дека ќе биде така иако се сакаме... Многу работи немам проживеано, а сакам да ги проживеам,многу нешта немам видено,а сакам да ги видам. Не го знам чувството да си сингл ,да лудуваш и да се забавуваш. А не е дека не те сакам, верувај те сакам повеќе од се. Не е дека не ми е убаво со тебе, затоа што преубаво ми е ! едноставно е..ние сме вистинските,ама во погрешно време.
ИЗВИНИ вчера што додека се допишувавме ме нападна таа енергија-другарка ми е крива за тоа, не сака да ми зборува ама гледам дека не ми е веке другарка, многу е сменета од тоа што се дружевме ко деца кој го тераше нејзиниот бивши пријателство да ми нуди го одбив секако ама тој веке ме додал пред да го одбијам официјално, е тоа ти е МУФЉУЗ ама забележав дека му се допагам уште кога беа заедно ама се правев на будала ти си моето а ти благодарам тебе духу од Аладиновата ламба дека имам убави гради скоро цел град девојките имаат гради ко балони-никој ништо а јас што имам мини ти на мене убави цицки муфљуз бе колку си плиток во паметот ни самиот не си свесен да ти ги дадам очилата да видиш подобро
Znam da je tu, zivi u tvom secanju i znam da sve dao bi za kopiju njenu. Ali ne znam sta u toj prici trazim ja kada s tobom samo bol je beskrajno moja. :/
Среќата и стравот во мене прават бура. наскоро повторно ќе те видам, да, после толку време, после сите случувања. среќна сум што ќе бидам барем седум часа со тебе, е плашам од твојата реакција. Од својата реакција се плашам дека во тебе ќе го видам оној лед кој го чувствувам во нашоте разговори, се плашам дека нема да ми дозволиш да те прегрнам, можеби бакнам Те сакам... сеуште и едвај чекам да те видам
Во депресија си,знам.И незнам како да те насмеам.Незнам како да те расположам.И тоа ме депримира. Ми недостигаш со твоите зелени.И уште поглупаво ми е што кога јас бев депресивна,ти ме смееше и успеваше да ме расположиш.А,јас не го можам истото и мака ми е.... Ај мис ју хани,вер ар ју?
Кога се' е залудно, кога не останува ништо за кое да се бориме, кога не можеме грешките од минатото да ги заборавиме останува само да научиме да живееме со спомените. Зборовите ништо не значат, гестовите ништо не значат, ти си таму а не тука и тоа проклето убива. Не можам да се борам за ова кога ти одлучи дека е крај. И ќе е крај. Биди среќен, јас ќе те заборавам... или барем се надевам...
Среќен роденден душо моја,да бидеш секогаш позитивен и убав како што си беше,знаеш ли дека уште не сум те заборавила и не сум имала поубави моменти од тие поминати со тебе ,кога и да се сетам на тебе солзи ми навираат и се растажувам бидејќи никогаш повеќе во мојов беден и празен живот нема да те имам тебе ниту пак таква личност како тебе,толку многу ми недостигаш што би оставила се зад себе и би ти се фрлила во прегратки и никогаш не би отишла од тебе,ама секогаш среќата бега од мене.Извини што те избришав од фејсбук ама неможев да ја гледам личноста што ја сакам во врска со друга тоа ме убиваше и морав,те избришав пред 6 месеци а сега поим немам што ти се случува во животот а страв ми е да проверам,се плашам дека ќе видам нешто што уште толку ќе ме растажи,неможам да поднесам што не си повеќе мој но имам среќа што си далеку па не би можела да те сретнам случајно со девојка тоа би ме уништило ,можеби и си ме заборавил веќе ама јас тебе никогаш,ти си мојата најголема и најчиста љубов и тоа ништо не може да го промени,страв ми е да помислам но уште те сакам и би ти се вратила и би била засекогаш само твоја.Ти си мојата сродна душа и кога повторно би се родила би те сакала само тебе,можеби некогаш во животот ќе те сретнам повторно,никогаш не се знае
Не знам зошто вака ми се случува баш мене секогаш. Губам надеж полека. Велат, за се има причина, а јас баш би сакала да ја знам причината во случајов. Верувам ќе биде подобро .. барем би требало. Понекогаш ми се враќаат мисли од лани кога не знаев а за момент бев среќна. И знам кој е заслужен за тоа. Би сакала да го видам во овие црни моменти да ме развесели. Знам дека тоа го може, сигурна сум. Ама не е можно да го видам. Всушност можно е, но мислам дека не е исправно. Како и да е .. Не знам дали е до тебе, ама не можам да спијам. Не бидејќи сум будна во твојот сон, туку зашто се плашам дека ме нема во него. Кога ќе размислам подобро, знам дека ме нема ама не сакам да прифатам. Јбг ..
На моменти сакам да ти пукнам еден таковвв шамаррр три дена да се вртиш и да не ти е доста !!!!! Постојано ми се жалиш како треба да ослабеш , а не мрдашш од место и нешто најсвето ти е брзата храна ! Добро човеку божји или напрај нешто во врска со тоа или зачепи еднаш засекогаш ! Јас те запознав таков,те сакам таков и што е до мене не треба да се мењаш. и ти го имам кажано ова.Ама кога тебе лично толку ти смета и си искомплексиран тогаш мрдни го газотттт !!!!!!!!! Уште еднаш ако ја слушнам познатата фраза Треба да ослабам ! има да ти изнакажам се во фаца па што сака нека е. Па неодговорен си мајку му стара,уште се излежаваш до немајкаде ,а 21 година си ги начукал ! И ајде биди малце спонтан еднаш ! Напрај нешто романтично барем еднаш ама да е неочекувано. Знам дека за роденден ќе добијам ружа,или дека за годишнина ќе ми купиш преубави чоколадни бомбони. Ама добро мора ли да ја чекам таа посебна дата ?! Не барам да ме третираш како незнам што , и да ме опсипуваш со подароци, ама мал знак на внимание нема да ми штети ТИ ВЕТУВАМ. Дојди некад неочекувано, купи ми мал цвет неочекувано, почести ме со едно кафе неочекувано. Дојди пред школо за да ме видиш барем на момент кога предавањата ти завршиле порано. Пиши ми порака за добра ноќ ако не повише . Па многу ли барам... Ме зимаш здраво за готово човече.
Ми фали да ти џавкам додека учиш, ми фали да шкрапам со твојот ценет апарат а ти да ми се мрштиш. Ми фали твојата намрштена фацка. Ми фали заедно да пиеме вино и да ја слушаме Флоренс. Ми фали да правиме ништо. Ми фали да те гњавам за рандом работи. Ми фали да ти филозофирам во 5 наутро и ми фали твојот збунет поглед. Знаеше колку ги сакам изгрејсонцата и утрата. Ми фали да ти раскажувам како ќе патувам во Индија и ќе собирам зачини, слики и спомени, уредно спакувани во врзопче од среќа и едноставност. Ми фали начинот на кој пушеше цигари. Ми фали да ме фотографираш и да ми викаш дека сум најубаа на свет. Ми фали. О боже, ти ми фалиш. Признавам, и тоа до срж.