Добар ли си? Ме мислиш ли? Јас сум добра и навидум се' е океј , освен во овие мигови кога останувам сама со себе и повторно мислам на тебе. Би ти пишала нешто, би ти свртела само за да ти го слушнам гласот но што би ти кажала тогаш, зар остана нешто меѓу нас не кажано.... Затоа и ти кажувам тука работи што ти никогаш нема да ги дознаеш, зошто ништо од тоа не е битно повеќе и нема да смени ништо меѓу нас. Те сакам, секогаш те сакав и ова ме убива...
Педер еден мој. Се сеќаваш дека денес ти требаше да ми направиш појадок. Ајде, ајде. Како што ме познаваш така убаво, нели како што си кажа пред некој ден, зашто сеуште си со мен.? А љубов?! И чекај, јас уште од првиот ден играм со отворени картици. Ако не првиот, третиот. Веднаш ти кажав дека ќе си имаш работа со една личност која е тврда како камен и не користи така често слаткоречливи зборови. Со личност на која и е сеедно дали и до кога, бидејќи знае да живее сама. Знае која и е вредноста и нема да моли за ништо... И доколку сум сеуште недорасната и себична и инает и тврда глава што к**че си со мен?! Дека ме љубиш! Ааа... Признај! Ами и јас, ама малку трошка, и шшшт. Наша е.
Убаво ти е? Мене не ми е. Ама не ме прашуваш мене како ми е, нели не сум битна јас што мислам. Незнам зошто мислиш дека ти секогаш треба да го имаш последниот збор, ама и подобро што е така, бидејќи јас да го имав последниот збор одамна немаше да бидам со тебе, одамна немаше да постоиме ние.
Не си ласкам,ама по песните те познавам кога ти недостигам! Зошто те познавам како дланкава моја! Зошто знам кога се плашиш,а кога си храбар. Зошто знам кога ти треба некој да те гушне и да ти рече, вдиши длабоко се е океј, океј? Сега се е океј, продолжи... зошто ти си храбар, секогаш. Оф... гордост...и зошто,како ти се појави,а не те препознав,а не те сакам кога се работи за љубов...а? Оди си... Ха!!!
Не за џабе рекле....колку некому простуваш тој се повеќе ќе те повредува.Како можеш после се мене крива да ме правиш па уште да ми се караш.Најголема грешка што сум ја направила е што пред неколку месеци ти опростив,а сега ти вака ми враќаш.Знам признавам сама си сум крива.Крива сум затоа што секогаш сум се трудела врската да ја ни оди а ти не.Секогаш се караш за некој банални работи.Не можам да те разберам стварно не можам.Не знам каде да ја најдам онаа сила што ми треба за да продолжам без тебе некое време,па да видам можеби тогаш ќе ми биде поарно..без тебе...
Што би рекол ти - миЉон работи. Толку многу би ти кажала, што би зборувала повеќе и од тебе, што реално не е можно. Но, кога би ти кажала толку многу, не би ти здосадила со толку многу галамење? А ти не сакаш да галамам. Затоа, ќе си молчам. Нема да ти кажам дека го обожавам твојот мирис на брадата, ниту пак дека одвај чекам да дојдеш дома и да те видам. Ниту дека по толку време, секој ден имам пеперутки во стомакот кога ке треба да се видиме. Нема да ти кажам ниту колку многу не сакам да одиш на пат. Не сакам да одиш од себични причини - за да бидеш до мене, со мене, во мене. Да го дишиме истиот воздух, под истото црвено ќебенце што веќе две години се каниме да го испереме, ама не можеме без него ниту еден ден. Како ни јас без тебе. Нема никогаш да ти кажам дека те сакам повеќе од себе - би се откажала од сите мои идеи и правила, за да ти угодам. Се откажав од куп такви, за ситни,но и за битни работи. Битни како твојата насмевка, како твоето заспивање додека силно ме гушкаш, битни како мирот кој го имаш додека вртиш низ каналите на телевизорот. Не знам дали ке ти кажам дека само ти си ми поддршката во мојот живот, и дека секогаш кога ми е страв да направам нешто во надворешниот свет, си викам, што и да стане, тој е со мене секогаш. Заради чувстото дека си тука, без разлика на се, станав похрабра и посилна и поустешна. Само оти знаев дека што и да се случува надвор, твоите прегратки ми се дома и ме чекаат. Сакам се околу тебе и од тебе. Ги обожавам твоите букви и реченици, твоите раце над мене и до мене, твоето смеење на сите мои глупости, твоето влечење на ќебето среде ноќ и твојот поглед. Тоа е чудно, како ми запира здивот на секој твој поглед на мене. Како се сепнувам дали си среќен и дали некоја моја реченица нешто сторила за тебе, добро или лошо. Премногу сум посесеивна и те сакам за мене, целосно. Се чудев како порано додворувачите посакувале да бидат воздухот на љубената, а сега сфаќам каква е таа желба. Сакам да ти бидам се, и ден и ноќ, и да те гледам додека јадеш и спиеш. Знаеш, те обожавам додека спиеш. И во темницата ги гледам цртите на твоето лице во кои се вљубив и мислам дека никогаш нема да ми бидат доволни. Но, сето ово, од сега натаму, ќе го премолчувам. Можеби повеќе ќе те радува кога ке биде ретко. Можеби тогаш моето - те сакам, ќе ти биде вистинско. Нема да се сомневаш. Како твоето те сакам во еден мој оргазам. А за оргазмите да не почнувам. Оти и интернет просторот е премал за да ги собере сите на куп, сосе воздишките и прегратките пропратни. Од сега, повеќе ке правам, помалку ке ти кажувам. АКо сакаш да чуеш, ке треба да ме опиеш.
Многу ме интересира,ме мислиш барем малце !? Атер за 6 месечното дено-ноќно чатување... На истово место седев кога ја добив твојата прва порака,а потоа разговорите немаа крај. И во живо состаноците беа вистинско уживање. Биди ми поздравен Mr.Big... Твоето его,беше посилно од нашата страст.
така значи следен пат кога ке се видиме ке ти станам девојка ко малите дечиња си ко мече си едвај чекам да те гушнам духу ко мониторинг мисија си знаеш па стави ми ГПС-бог да чува и да брани-гледам, коментирам на глас за да ме слуне , тоа е се а таа што е човек со и душа-сосема небитно за тебе се гледа дека има нешто манијачко во тебе, се познава
Утре е наш ден. Ке дојдам. И ке си помине преубаво,како никогаш досега. Секоја наша средба носи нови спомени,нови моменти.. Се сеќаваш кога првиот пат ми кажа дека ме сакаш? Се сеќаваш,тогаш срцето ми чукаше 300 на саат? Ти верувам.Веќе целосно ти верувам.Знам дека тоа што го кажуваш е вистина.Знам дека не ме лажеш.Дека не матиш работи. Уште малку остана.Издржи. Бевме разделени 3 недели,а мене ми се чини како 3 години. Уште малку повторно ке бидам во твојата прегратка.Уште малку..
Вистина ли е ова? Некој нека ми каже дека не сонувам... Не можам да си поверувам. Ќе те видам конечно!! Се радувам како мало детенце на подарок... Среќна сум.. Кооооооооонееееееечнооо!!
Не знам дали ако пак се заљубам ќе најдам песна која ќе можам да му ја посветам. Сите се веќе за тебе...
Ова е мојот последен пост за тебе тука напишан, зошто не вредиш ни за ова повеќе. Знаеш дека те сакав за себе од првиот момент кога те видов? Знаеш дека бев мала и не размислував кога те одбивав, зошто се плашев баш од ова дека ќе ми значиш толку многу што ќе не знам како без тебе? Знаеш ли колку ме боли тоа што те немам сега, тоа што си секаде а не тука? Се надевам дека ти вреди она сега, дека ти вреди се' што правиш во моментов додека ме убиваш мене вака. Не мислев дека може некој да ми значи толку, не мислев дека може да боли толку... Ќе научам како без тебе, ќе најдам некој што ќе го цени тоа што ме има, зошто ти не знаеше. И ќе заборавам на сите спомени и планови со тебе, ќе заборавам на начинот на кој што ме гледаше, како ме гушкаше и ми се лигавеше... ќе се сеќавам само на лошите зборови и работи, ќе се сеќавам дека ја одбра неа а не мене и ќе те заборавам. Сега неа ја гледаш така, сега неа ја гушкаш така, сега неа и се лигавиш така, сега она го има тоа што јас не успеав да го задржам. И проклето ме боли тоа знаеш ли? Биди ми најсреќен, земи ја и мојата среќа и онака јас немам ништо без тебе.... те сакам, те сакам многу повеќе од тоа што некогаш ќе го дознаеш и никоја нема да те сака вака, никоја нема да те сака повеќе од самата себеси...
Ми фалиш.Премногу.Препрепремногу.Дури 5 дена поминаа неможам да дочекам веќе неможам уште многу има.Незнаеш колку сакам да те гушнам незнаеш колку сакам да те мириснам. Ем сум среќна што те имам,ем не сум.Ем те сакам и сакам се да направам за тебе ама џабе е ,ти знаеш се да уништиш со твоето јадење трици,префрлање за работи од пред 2 години,и љубомората.Е поголема глупост не сум чула,сум ти била сомнителна зашто сум била добра со тебе и сум ти викала те сакам,сум направила нешто.Е БЕ СКОТУ ЕДЕН НИЗАЕДЕН БОЛЕСНИК кога ке разбереш Т Е С А К А М и никогаш никогаш ни сум направила ни ке направам.Ти си ми се на овој свет,дај прекини веке со изводењето,однесувај се малку повозрасно.дебил еден. Знам лошо правам што сум добра со тебе знам,ти затоа не си. Ти фалам ли јас на тебе?Ништо не кажуваш премногу си затворен и пусти инаетчија.Знам дека ти е напорно ама нее ти не признаваш многу ти било интересно а се кладам плачеш за дома да си одиш!!! Знам знам знам јас гомно едно те мразам кога ке те видам има да ми наплатишшш за се!!!! Spoiler ама и те сакаам
Љубов! А што ако, што ако?! Не сакам да се исполнат тие глупави сништа кои ги сонував. И преплашена сум. И некогаш ми доаѓа да баталам се. Не само заради сништата. И вреди да вложувам се во ова. Оф ќе ми се спобрка паметов. Не сакам да планирам. Ќе оставам се вака, ќе лебдам. И само ако ме заебеш како што е случај во повеќето врски. Ма има да те натерам да ги пролиеш сите солзи кои може да ги произведе твојот организам. Сите, до последните.
духу се надминуваш себе си со изјавите-ама барем си искрен и да обрнеш внимание колку сум јас висока-неколку пати пишав до сега а пријател си ми нема да ти треба метро за кога ке се запознаваш со девојката од ф.б. бе капацитет 1 цм е повисока од мене и се надевам дека прочита како размислувам јас-нечија љубов и внимание не вреди да ги замениш со провод од една или неколку ноки не ме чуди воопшто твоето и на другар ти размислувањето-ако треба да се гине ке се гине за Македонија а да ве стават во први борбени редови дим да ме нјама ке биде исто како и бившиот ми