Сонце си ти, сонце Ти си сонцето во мојот свет и во мојот живот и кога е најтемно, ти си човечето кое и после 7 години ме изненадува Не знаеш како е да се биде сакан од тебе, љубов која се докажува на секој начин. Не знаеш како е да бидеш мазен и пазен од тебе. Не знаеш каков е погледот во твоите очиња кога зборуваш за нас. Не знаеш дека во секој можен момент упорно и упорно паѓам на твојот профил додека те гледам. Не знаеш како е да те милуваат и галат твоите прекрасни раце кои беа буквално првото нешто кое го приметив кај тебе, во далечната 2004 кога се запознавме Не знаеш какво е чувството на твојата прегратка навечер кога заспивам до тебе. Не знаеш што ти мислам додека си задлабочен во работата на лаптоп Не знаеш какви чувства будиш кај мене. Само остани таков каков што си, се друго ќе биде како што сакаме п.с. И да знаеш, ич не сакам утре да одиш кај тие лоши луѓе Лоши, покварени до срж. И немој да мислиш дека ако госпожата се омажила дека не паѓа веќе на тебе.......
И конечно,повторно кај тебе во прегратки.Уживав.Посебно кога сонцето заоѓаше,собата беше исполнета од неговите зраци,а твоите зеници се ширеа се повеќе додека ме гледаше. Ти благодарам за ова денеска,за смеата,за подарокот кој не го прифатив и за љубовта која ми ја пружи.Прости ми,но неможев да го земам подарокот.Едноставно неможев.Прости ми. И не е фер времето.Толку брзо ни помина. Се надевам дека и тебе се ова ти беше мило и посебно,иако не е ништо,иако е малечка работа. Лав ју ту.
Човече не знаеш колку ме правиш среќна.Денешниов ден ми е еден од најубавите денови во животов. Ти благодарам што не само денес туку секој ден си со мене и ме правиш среќна. А ова денсека во минатото беше сон,а денес стана реалност.
кога нас ни е добро,другите воопшто нека не се грижат што сме како дечиња мали они не знат дека децата најискрено сакат те сакам дете мое
Ни те сакам ни ми фалиш.не заслужуваш ти ама баш ништо!Ама знам јас од сега како со тебе,не само што нема да ти вртам него и сосема друг однос очекувај.Нема к*р да ме боли за тебе,нема да чуеш ни еден убав збор или гест. НИЕДЕН.
сум ти во срцето сум ти се вовлекла под кожа кој е ко мене или си се заљубен или глумиш лудило-времето ке покаже
Те сакам. Тежок збор знам, ама тоа е. Мислев дека не те сакам ама изгледа те сакам. Ти мене ме сакаш? Или само си играш со мене? Сакам само тоа да го знам, сакам конечно еднаш да бидам среќна. Сакам да си бидеме заедно и да си се гушкаме. Не знаеш колку ми фалеше денес. Толку блиску, а толку далеку. Дури сега ја сфаќам поентата на реченицава. Посакувам никогаш да не ја сфатев. Дај барем пиши ми. Не знам... Те сакам бе, гаду еден! Не можеш ли да ми видиш од очите? Од тоа како ми се забрзува здивот кога ќе се доближиш, како те гледам? Те сакам, а сакам да не беше така. Ама против љубовта не можеш..