Многу за кратко време се заљубив во тебе. Знаеш што најмногу приметив кај тебе? Несериозноста.. неможам да сфатам и да го прифатам тој факт, сеуште. Биди малку по сериозен, зборувам за НАС. Те сакам, многу.
Многу ти фала што го нпарави она за што се договаравме вчера. Мислам, стварно не мораше до тој степен да се мачиш. Наместо тоа, можеше да се „помачиш“ и да кажеше едно нормално „чао“ кога ти кажав и кога ја затварав вратата од кола.
Среќна сум што запознав личност како тебе , уште посреќна сум што завидливо ме гледаат некој девојки изгледа сепак сум подобра од нив . Еве едно прашање за сите ако сакате одговорете : ШТО БИ НАПРАВИЛЕ ДОКОЛКУ ВАШИОТ САКАН/ САКАНА ДЕЧКО/ДЕВОЈКА СОПРУГ/СОПРУГА ГО/ЈА ВИДИТЕ СО ДРУГ/А ?
Си го сакам својот живот и го сакам фактот што си во него ..... Ме исполнуваш, надополнуваш, ми појавуваш насмевка на лицето..... Ти благодарам што си тука за мене...... Те сакам....
Донесовме ли правилна одлука ? Ќе ни помогне ли ова време одвоени за да сфатиме дека си требаме,да се смениме , да бидеме ко порано. Размислуваш ли ? Те копка ли? Ти фалам ли? Ти мене да...премногу.
времето да застанеше кога последн пат те видов.да застанеше,па никогаш да не ме пуштеше да одам.знаев дека е последен пат,дека од утре сум без тебе.знаев. кода те гледав во тие зелени очи душата ми беше исполнета.кога ке те гушнев бев целосна. не,сега не те мразам што ме остави кога дното го допирам.не те мразам.само душата ми е празна.без соништа,без надеж,без желби.и ладно ми е.многу. немој никогаш да ме заборавиш.ти беше мојот живот,мојата љубов.целиот мој свет беше ти. засекогаш нека ти бидам во сеќавањата.носи ме длабоко во душата.немој да ме заборавиш.
тебе мил мој ти имам кажано се,гледаш дека не ни иде се мачиме и двајцата,ниту сакаме да се гледаме,ни да збориме ништо..ама кога и да се скараме пак си се враќаме еден кај друг,а не смееме..мора да се одалечиме еднаш и засекогаш зашто вака и двајцата си се мачиме..не те сакам покрај мене,а неможам ни без тебе..тешко ни е и на двајцата се мачиме долго време ама нема веќе..веќе нема љубов,нема ништо..можеби сепак поубаво ќе биде да сме другари? ама јас неможам тебе да те гледам со друга..знаеш ми треба малце простор онака да бидам сама да се издувам...и пак да си се вратам кај тебе,а знам и тебе ти треба тоа..без тебе сум изгубена,а со тебе несреќна..никако неиде,ама готово полека полека ќе се ладиме еден од друг и тоа е тоа..сепак не ни било судено да сме заедно,сепак нема сите планови да ги оствариме или можеби пак ќе бидеме старите м? знам мило дека сме сменети..знам дека сум јас сменета премногу..ама не сум јас крива..ќе помине и ова,знам мора да помине зашто јас без тебе сум изгубена..и сепак и покрај се те сакам покрај мене..незнам мило измешано ми е се во глава,помогни ми помогни ни на двајцата..потруди се малце повеќе,биди стариот и ти ветувам и јас ќе се сменам..зашто и покрај се неможеме еден без друг. и тешко ми е кога гледам среќни парови низ улица и ми текнува дека и ние некогаш бевме како нив..или кога ќе поминам на нашата автобуска каде стално се чекавме..и сите места ме потескаат на тебе..секој ден го минувавме заедно,секоја улица ја имаме поминато држејки се за рака,насмеани,среќни,заљубени..и каде да идам јас,а да не се потсетам на тебе?? нема такво место мило мое..врати ми се побрзо,те чекам.....
Ми значиш. И секогаш ќе ми значиш. И вечно ќе мислам на тебе. И ќе ми недостигаш... Will I ever see you again I wonder...сепак не губам надеж. Ќе ги бројам деновите до тогаш. Или месеците..
Еј, другарче.. (Не е ова за ова тема, туку ај.. ) Ми фалит секојдневното пишење и глеање од време - на време.. многу. Шо радост, то и навика.. скоро 3 години.. и чудно ми е сега. Дал е до обврски, дал до друго - не знам, ама се губиме полека.. мислам дек осеќаш и ти.. Знам, растиме.. и имаме појќе обврски и појќе луѓенца и појќе проблеми, ама не сакам (ич!) да се изгубиме по патов, воопшто .. шо е до мене, би го поминала животов со другар ко тебе покрај мене. Се` шо сакам е да ми ветиш дека нема да дозволиме за избледниме. И да ме гушниш еднаш многу многу силно.. доволно силно за да повервам.
..не бев доволно добра? Убава можеби? Згодна? Излезена како од модно списание на кое што би требало сликата од мојата насловна да му го зголеми тиражот и популарноста? Патиш од ниска самодоверба. Сега и за вечни векови. Умри. Те мразам.
Денеска го направив она што оддамна требаше. Монтирав лажна насмевка, заробив се' што осеќам за тебе некаде длабоко во себе и продолжив понатаму. Вака сакаше, вака и ќе биде.
Ти чоече, неверојатен си еј! Како знаеш секоја можна ситуација да ја свртиш против мене и ти да испаднеш жртвата, значи алал ти вера. Е*и си векот!
дали си ти воопшто нормален-се кажува ли какви операции си гледал или лешеви навечер бе имаш ли ти мозок во тоа тиквата -треба ли јас да спијам, како мене ке ми биде не се сите дебелокожци ко тебе, па после извини извини-џабе се извинуваш инаку мил, фин, културен, нежен
И по толку време што измина никогаш не ми падна на памет дека јас сум всушност таа третата личност во љубовниот триаголник. Штета што стратегијата ти пропадна, не можеше со двете да се гледаш и реши со мене да престанеш. Ама знај дека мене никој должен не ми останува во животот! Еден од најдобрите другари ми вика сега се среќни, но верувај дека ќе се скараат по неколку месеци и пак ќе те побара да се смирите, но ако му се смириш да знаеш дека јас ќе ти се налутам... Ех, му викам само нека се случи како што викаш ти, нека се понижи и нека ме побара... се што ќе слушне е јас не излегувам со женски, пикни си го п*****т во аналниот отвор и оди е*и се ...
Кога ти реков дојди да те гушнам да ти земам малку од грипот да не ти е лошо, не бев сериозна Е сега ти изгледа цел ми го даде,па си оздраве а јас мака мачам со Оперилот за да земам некој атом на воздух