Љубов моја! За овие моменти споделени со тебе вреди да се живее. Не можам да ја симнам насмевката од лицето, очите ми сјаат благодарение на тебе, ти си мојата причина за живот. Не знам како да ти опишам дека ти си ми се, ова е најубавото чувство во мојот живот, а ти си причината што моето срце чука толку силно. Толку слатко се смееш, толку мило и искрено. Сакам вечно да останам блиску до тебе затоа што тоа ме прави да се чувствувам жива. Секој твој поглед, секој твој гест, секој твој кажан збор, секое твое движење, секој твој здив, секоја насмевка-за мене се причина да живеам и да бидам среќна. Те сакам најмногу!
А, чекај, уствари зашто јас упорно во себе се надевам дека еден ден ќе ми се јавиш и ќе ме побараш? На моменти стварно не разбирам зашто сум глупача. Живеев у некоја бајка у која што ти ме сакаше и јас те сакав и бевме среќни и оп од еднаш не сме. Толку те сакав, т.е уште те сакам, ама сега некако толку ми стануваш одвратен што неможам да те поднесам. Полна сум со гнев.. И не сакам никогаш да ме побараш уствари, не си ми потребен. Си кажа и самиот убаво, заслужувам повеќе и да, еден ден ќе го најдам вистинскиот дел што треба да е до мене. А ти..најди си некоја и научи да сакаш, за промена.
да даде господ да ви окапе косата и на двајцата па такви ќелави да шетате низ град... ако не друго ќе се радувам и смеам кога ќе ве видам заедно
што ми ти е душиче што си нервозен а ти бе муфљуз еден што си ми лајкнал на коментарот ај шетај кога ке дознаеш дека сум во врска ке сакаш да те снема од пуста љубомора знам јас-те читам ка буквар
Чувствата не се битни, самиот си го бараше ова. Морам разумно да размислувам, иако секоја клетка од мене се бори за тебе во моментов. А можеше да бидеш најсреќен, ќе те сакав и чував како никоја, ќе те размазував и лигавев секоја минута... ама можеше....
Се надевам ова се што ми го кажа го мислеше искрено од срце, и дека нема да ме повредиш, извини што дури еден момент се посомневав во тебе, а прилично многу добро те знам дека ни ти самиот не би си дозволил некоја Х особа да ни се замеша во нашава долгогодишна врска.. Знаеш те сакам, и знам ме сакаш. Заедно можеме се
Верувале или не. Аничка дојде до тој степен,што веќе нема на кого да му каже. За прв пат,јас немам удел во темава :/
Бес, љубов, солзи и насмевка испреплетени, измешани емоции исковани во пранги од страсти.За момент филмски.Моменти полни со романтика,а после некој миг се се урива ко кула од карти.. За мене безвременски,но длабоки за тебе површни. Те повредуваат моите брзоплети постапки ти се лутиш на бесмислени работи, а јас на твоите непромислени гневни зборови. Ти со планови за иднината, а јас уплашенa велам псттт. Јас сум проклетство од човек кога нешто планирам излегува сосема трето... Не зближуваат убавите моменти, не разделува иднината.
Одговорно тврдам дека тоа што беше меѓу нас беше уникатно, не познавам нешто слично како тоа, чувството на исполнетост, на љубов, на задоволство ме правеше да бидам најсреќното суштество во овој голем несреќен свет.Те сакав, те сакав толку многу што дури болеше, и без да ми кажеш знам дека и ти ме сакаше толку многу.Беше единствената личност кај која се чуствував толку многу безбедно, единствената кај која сфатив што значи прегратката.Беше толку многу убав и совршен и таков си остана.Па тогаш што се случи? Каде закочивме?
Ми е криво што не можеш да бидеш тука на сите збиднувања што ги правам. Некако, така. Животов, пелин и мед. Добро измешани, за да не ми дојде преблаго, па прегорчливо. Далеку си, и навечер знаеш, сите ѕвезди ги бројам, да паднат точно на нашава перница. Дома сум, не можам да спијам во голем кревет без тебе, студи, факинг студи. Знам дека си таму за да имаме утре се’ што сакаме. И метафизички и материјално. Знам дека сум овде за да бидам утре се’ што можам, индивидуално нова, а ти силен и свој. Веројатно, во право беше Џез, кога ми кажа дека и тие далечини спојуваат нешто друго. Не’ спојуваат нас, како луѓе со нас самите. Растеме паралелно и се држиме за раце со одалеченост. Верувам, се надевам, те љубам, и мудрувам. Датумот ми е врежан во мисли и само сонувам со абажурна ламба и оние хартиенине лустери во келиите на Куршумли Ан. Знам дека и тебе ќе ти е мерак да правиш такви. Сме се нашле за нешто добро, запамети го тоа!
Ме нервира твојата променливост..вчера прекрасен,денес..ладен.. Како времето си,на моменти топол,а на моменти..едноставно не си ти.. Ми пречи твојата променливост.Ми пречи далечината.Ми пречи личноста која стануваш кога си таму.. Ми пречаат твоите 'комшики' по студентски,кој те викаат за кафе.Ми пречи и тоа што со нив делете заедничка тераса.Ми пречи и твоето одење во теретана.Ми пречи и што сабајле не ми се јави.Ми пречи и тоа што последниот телефонски разговор ни траеше 2 минути.. Се ми пречи..знам дека сум во ПМС,но тоа не е изговор.. Навистина е така.. Ми пречи и мислата дека не ме сакаш. Колку проклето ми недостасуваш.. Денеска е клучен ден за мене.Барем да ме гушнеше.Да ми кажеше топол збор. Но овој викенд баш нема да си доаѓаш. Токму овој го избра,кога ми е најтешко. И ти си ме сакал? Јас замислував дека поинаку ќе е.Те идеализирав. Во ред е. Ќе преживеам.Ќе се борам сама.Против сите. А ти? А ти..едноставно не ме барај кога ќе ти биде тешко.
Значи изгледа премногу барам од тебе, ти реков само да бидеш малку поромантичен ни тоа не го стори, што уште можам да очекувам од тебе.
Секој ден со тебе ми е најголема награда, најголема среќа, најголема радост во животов. И кога би имала уште само еден ден останато од животов, би избрала да го поминам во твојата прегратка, љубов моја единствена! Те сакам најмногу!