Ме гушиш со твојата негативна енергија во последно време, а знаеш дека не можам да опстанам покрај такви луѓе. Жал ми е што деновите ги губиш во непотребни нервози, ама нема да дозволам да ми ја одземеш ведрината. Еве ти едно цветче
Лошо ми е кога некој ми плеска во фаца дека не си ме сакал. Никогаш. Ама најлошо ми станува кога знам и самата дека тоа е вистина.. Нека ми помине, Бога молам. Молам..
Те молам оди од мене Повеќе не ти припаѓам Без зборој остави ме Во љубов да верувам Не, не допирај ме! Нема љубов во тебе Има некој што посакува Сиот свет да го стави пред мене
Глуп си, глуп си, глуп си. Срамот те расипува бре човек. Те оставив, а не требаше, а ти, ти не ни помрдна со малиот прст. Го чекам денот кога ќе те погледнам и нема да почувствувам ништо!
како можев да те сонувам тебе психопат од човек и уште лажго невиден од бивши-си се преселил во Охрид да живееш и нешто детенце имаше во сонот-син ти или керка ти-знам зошто го сонував тоа јасно ми е а ти мафинче лажеш како што дишеш-тоа сватив ај да видиме како ке играш понатаму и верувај дека нема да ти се исполни тоа што си замислил ако треба харикири на сред плоштад ке извршам
... тоа е кога ми си влезен целосно под кожа... ќе има ли ден кога нема да мислам на тебе? Или кога воопшто нема да ми требаш? Ден кога ќе можам да речам дека сум среќна без тебе? Спојлер Или можеби несакам да дојде тој ден
Ти благодарам што знаеш да ме изненадиш со овошна салата кога постам. Ти благодарам што кога и да посакам нешто, наоѓаш начин да ми го исполниш. ...што прв ни ја честиташ секоја годишнина. ...што и кога сме лути, ја креваш слушалката и се правиш дека ништо не се случило. ...што кога ќе ти кажам дека треба да учиш, а друг пат да се видиш со другарите, сфаќаш дека ти го мислам само најдоброто. ...за секое утро кога се будиш крај мене, за секое заедничко испиено кафе. ...за тоа што никогаш не сум ги чула од тебе зборовите "не", "не можам", "не сакам"... Ти си цел мој свет...
Се ќе пребродиме, се ќе надминеме. Само држи ме цврсто за рака, не пуштај ме. Гушни ме силно, не оставај ме. Само биди до мене цело време, другото е лесно. Само биди тука.
што се замислуваш дека си ти ист ко другар ми Д си трачар и З од партија-тој е д бест оф д бест полн со самодоверба, а цимоли при секоја сопка што му ја поставува животот гледам дека ние нема да тре уште долго и ти на мене гревче мое -ниту сум гревче ниту сум твое незнам овде кој е гревчето зошто ме нарече гревче-сум добила циклус, и имав болки што е нормално
За што да се борам?За кого? За некој што не заслужува ништо?Некој што не ме почитува?Што ми вика не те сакам веќе затоа вака се однесувам?Некој што само гледа како да ме изнервира,како да направи да се осеќам јадно неубаво повредено излажано.Некој што ми вика му било убаво кога сум била љубоморна,па 'намерно' прави да се чуствувам така.Некој што не направил ништо убаво за мене којзнае од кога?Што ме обвинува за се?Некој што не ми верува,што не се секира како ми е мене?Што не памтам од кога не ме израдувал.?Некој што ништо не цени и не заслужува?НЕКОЈ ШТО ПРАВИ СЕКОЈ ДЕН ДА ПЛАЧАМ,ДА НЕ ПОМИНЕ НИ ЕДЕН ДЕН БЕЗ НЕРВИРАЊА?Некој што ме брише и сменува пасворд од фб?Некој што секогаш мене ме прави крива,иако тој е повеќе од крив.Некој што тера инает?Што ми се смее кога јас се нервирам и сум тажна за нешто?Некој што што не му е буквално гајле за мене..И јас сега треба да попуштам пак а?да молам иако не сум крива,за што?За страв?Страв да не останам без некој што го сакам а он мене хм не ме ни почитува а не да ме сака.Страв од што да не останам сама,да не ми фалиш,да не не сакаш да се видиш или смириш со мене?А што добивам јас од тоа?А зашто што згрешив јас сега?што сум ти гасела на телефон а ти мене колку пати си ми го правел тоа колку пати..после сите тие 'ситни лажги' што ми ги продаваш?Што ајде да не се караме јас секогаш попуштам,и јас сум кривата секогаш....Незнам можеби грешам ама мислам дека заслужувам барем малце подобро од ова...малце......некој што ке ме сака вистински,а не вака што би рекол ти од навика...Фала многу за се,господ нека ти е на помош.А богами и мене