Not really sure how to feel about it. Something in the way you move Makes me feel like I can't live without you. It takes me all the way. I want you to stay...
Д, Одлично се држам се до моментот кога некој ќе го спомне твоето име. Тогаш почнувам да треперам, да се чуствувам омалаксано, да имам трема, а не знаам зошто. Помина многу време, 6 месеци поминаа, претпоставувам и дека не чуствуваш ништо веќе кон мене. Добро, ти тогаш не чуствуваше, а не пак сега . Се обидувам да бидам силна, се борам, се лажам самата себе дека ќе помине. А многу сакам да те видам, на чекор си до мене и пак не можам да те сретнам никаде. Те барам во погледите на сите случајни минувачи, те барам кога ќе видам некој со фризура како твојата, те барам во очите на другите, те барам и во очите на моите додворувачи, ама те нема. И боли, не знаеш како. Би дала се што имам за уште еден ден со тебе. Ми недостигаат нашите еднолични разговори кои повеќе личеа на монолози, ми недостигаат прегратките, туткањето до тебе, слатките кои ги јадевме заедно, слаткарниците и книжарите кои ни се омилени, ми недостига да те провоцирам а ти слатко да се смешкаш, ми недостига и твојата насмевка... ми недостигаш човече многу повисоко од мене. Намерно се движам на места во кои знаам дека ќе поминеш, барем од далеку да те видам, залудно. Не се каам за ништо и да се родам пак, пак би почнала од почеток се со тебе. Сите тие, не се ни приближно колку ти. А ти си ужасен, себичен, арогантен, а истовремено толку прекрасен... Те имав, а исто како да те немав, исчезна како и што се појави, брзо, бесчујно. Само да знаеш, уште те сакам, те чекам и ќе те чекам уште долго.
грешка си,најголема грешка во мојот живот...знам дека несмееме да сме заедно,знаеш дека грешиме и ти..ама и двајцата не правиме ништо за да ја поправиме таа грешка,и погрешно е тоа што те сакам,секој ден се повеќе и повеќе знам не треба ама оди кажи му на ова срце..и после се пак те барам тебе..и знаеш понекогаш се каам,ама џабе е неможам да се откажам од тебе...и знам дека еден ден ке се каам за ова ама неможам поинаку,празно е без тебе,осамена сум,несреќна..за краток период се приврзав за тебее..и свесно грешам ама неможам против тоа..и можеби сега кога ке одиш и нема да те видам неколку дена можеби ке успеам да ти кажам дека нашево е грешка и дека несакам веќе да ја повторувам таа грешка ама уште неотиден ти ми фалишш.. незнам колку ке трае ова нашево ама знам дека никогаш нема да заборавам ниту еден миг поминат со тебе...и знаеш вчера сватив колку ме сакаш и колку ми веруваш..и кога и да решам да ти кажам дека веќе неможе да сме заедно..ти ме премислуваш...
Oд толку што ми е тапа периодов искрено не ни помислувам на тебе, преретко-знам за вчудоневидување и е, па ниту малите ситници не ги приметувам како порано ниту ме прават среќна, се запрашувам што ми е??? Ти само си шаљај и понатака, иде тој 15, т.е 16 октомври, нешто ми вика дека нема да остане више на виртуелни шаљања, ќе не носеле на пракса Али не сум толку загреана веќе, не кон тебе туку кон целата таа фама околку тоа каде кога и како ќе се видиме и што ќе биде меѓу нас, препуштам на судбината, ако требало да биде,ќе биде. Ми улета еден од порано малку познаат фраер, ама си ги кренал акциите ко на њујоршка берза, ни два посто нема да те вртам, ама па гледам ни другите не те вртат со тоа понашање. НИт ќе си земам при срце нит ќе се неривирам нит мислам дека се избламирав, искрено размислив и не ми е ни опште непријатно. Твојата надменост не ти стои и скапо те чини... А штета имаме то мач инкомн интереси, башка како јаготка на шлагот што си убитачно секси. Тоа докажува дека општата култура на понашање брзо ќе ја зацрни твојата вртоглава бретејкинг сексуална појава и интелект.
зошто кажав дека сум во врска еве што се случи-духчето од партија постирал песна што и да е ке помине и јас нели како и секој пријател прокоментирав нешто во мој стил-демек после дождот доага сонце и овој лајк на некоја друга-да не си помислил оваа уште лета по мене абе ајде има милион пати подобри и јас а така ли е ке видиш ти сега и од срце се стави во врска
Овие од таксито ке почнат мајтап на моја сметка да си прават уште малку.. Секој ден во 3 саат по полнок ги барам на исто место. Си викаат: Ајдее, кај и да е, ке се јави уште малку онаа лудачата. Ама тие не знаат дека ич не ми се излегува од кај тебе, да можам кај тебе ке спијам, а не во 3 да си бегам.. и тоа ми е малку. Па секоја вечер да ни е ваква, чоколадо, сокче, филмче и јас и ти гушнати пред греалка. Па затоплуваш се околу тебе.. не ми се верува дека најдов некој потполно ист како мене. ..и да знаеш најсигурно и најтопло се чувствувам покрај тебе. Нема кој друг да ми ги топли дланките.. а и срцето.
Се изборивме на крај. Ги изебавме сите до крај. Така сме среќни сега и можат само да го лапнат сите Фала ти што ме разбираш кога сум уморна и ми се спие но ќе се изборам за нас, за моите, за себе, за одморот наредната година Те сакам до небото и назад цик цак
Малку ми е криво што не сме се сретнале вчера за малку.. ама може поубаво, и вака прекрасно си поминав..
Баш како што вели песната... I want to spend my lifetime loving you... Се радувам на нашиот заеднички живот. Се спремаме наголемо да си уредиме едно катче кое ќе биде само наше Се кројат планови, се прават пресметки, се реновира просторот... Напролет конечно ќе спиеме гушнати, љубов
Го знаеш ли она чувство кога нешто сакаш, а го немаш? Така ми е во последно време на мене со тебе. До мене си, а сепак чуствувам како да не си. Ми фалат некои моменти што порано ги имавме, а дозволивме да ги заборавиме. Ми фалиш ти за да бидам среќна...
And the woman who stays up too late to write poems, love her. - “All of It, Every Bit,” Rosemerry Trommer Just sayin...
Би ти кажала, односно не, би ти вреснала дека ме повреди проклето многу!!! Дека плачев како мало дете и дека не сум силна како што мислиш дека сум, како што те натерав да мислиш дека сум, како што се претставувам дека сум. Ама тоа во замислен свет каде не ми е гордоста поважна, каде не си ти таков каков што си, каде ја заслужуваш мојата искреност и каде имам желба да го разбранам моментално мирното море...ако може да се нарече мирно. Да, ме повреди, ама никогаш нема да го дознаеш тоа бидејќи никогаш нема да ти признаам дека си ја имал таа чест.