што е духче сакаш да ги вртиш девојките од цело Скопје и пола Македонија и од време на време цимолиш како си се заљубил во некоја ама таа врска не траела долго епа кога си казанова така е жал ми е за тебе искрено а тебе мафинче би ти кажала дека ми недостигаш да ама не сум до толку загреана за тебе-што понекогаш ме прифакаат тоа е друга приказна
Си ветив и си исполнив. Морав. Жалам. Ветив дека ќе направам да се заљубиш во мене, да плачеш по мене, а потоа ќе те оставам како ништо да не било. Го направив тоа за да ме замразиш, за да неможеш да ме поднесеш, за да бегаш од мене кога ќе ме видиш. Го направив тоа зашто ти заслужуваш подобро. Заслужуваш некоја која ќе те сака исто колку што ја сакаш ти, која ќе биде тука за тебе. Јас едноставно, не сум заљубена во тебе. Многу ми значиш, вистина е тоа, но моето срце припаѓа кај друг. Моите мисли се кај друг, мојот ум е исто кај него. Кога сум со тебе, не сум целосно. Со телото и присуството сум, но не сум со умот и срцето.
Ти ја мразам неодлучноста, мразам што за сѐ ти треба време за да се одлучиш, мразам што си злопамтило и ми го памтиш само најлошото, мразам кога си арогантен и циничен и ми враќаш за минати глупости, мразам што си ми вечна борба и се мразам себеси затоа што би можела до крај на живот да ти ги трпам сите глупости. Љубов? Ма не.
Ти текнува на онаа лага која ми ја кажа еднаш. И кога по некое време си призна дека е лага. И кога ме прашуваше зашто ми е толку важна истата кога и не е некоја огромна грешка - а љубов знаеш (или не) дека ситна песок брег рони. Малото нешто може да не размрда така добро... Знаеш дека од тој момент во мене нешто се скрши. Тогаш ја загубивме чистата љубов. Тогаш решив засекогаш да ја следам мојата гордост бидејќи доколку бидам повредена ќе се повредам самата себеси. Нема да допуштам никој друг да ме повреди. И сега повеќе не зборувам за белите лаги. За ситници како што си доживувал во минатото. Зборувам за малите суштински работи кои за мене се големи.
мрзле кај си ти? уште не си станал од спиење или немаш време да ми пишеш вака ли ти ке најдеш работа се однесуваш ко 3 да имаш а не 33
Да можев да ти кажам се... Да можев да ти ги искажам сите овие прекрасни чувства... Да смеев да го направам тоа би била најсреќната личност на светов. Јас си знам дека најмногу посакувам да бидам со тебе. Почувствувај го тоа, не гледаш ли дека моиве очи ти кажуваат? Те сакам најмногу!
Браво! Успеа да уништиш се во мене. А и почитта кон тебе умре. Прими сочувство за се. http://www.youtube.com/watch?v=J3UjJ4wKLkg
да сум дипломирала ке си ми купел подарок каков сакам-абе ти да не бладаш изгледа те фати од пивцето да сме се заљубеле јас и ти-па продолжи со вакво темпо тоа, со друг ке ме гледаш и ке се распагаш од внатре а не да бидеме заедно
Ти спремам изненадување.Али не ти кажувам.Нека биде само моја тајна. Мис ју,цуци.Ај рили мис ју дис дејс.Енд ноубади кен хелп ми.
Љубов, да знаеш дека очекувам следната сезона да продолжиме онака како што застанавме Се' поинаку од тоа многу ќе ме повреди, ќе ме убие
Посакувам да се врати времето назад. Посакувам да го доживеам истото. еднаш и уште еднаш.... милион пати.... Посакувам повторно да си покрај мене, повторно да ми кажуваш те сакам. И ти ветувам дека нема да се изморам од слушањето на тие зборови. Никогаш, во ниту еден момент. Камо да дојде некој и да ми каже дека се ќе биде во ред. Камо срцето повторно да ми затрепери од среќа. Како оној пат додека прегрнати шетавме по улицата а ти за прв пат ги кажа тие два збора кои засекогаш ќе останат во моето сеќавање. Потиштена сум. Не знам што да мислам. Но не можам да се помирам дека ја изгубив оваа борба. Не можам.
душо моја,нас судбината не не планирала а и добро е зошто ни јас не можам да го планирам животот покрај тебе.тоа би била една неизмерна мака.ти си таков каков што си и јас не можам да те променам. да беше добар човек,да немаше толку омраза во тебе би опстанале заедно.оди веќе еднаш од мене.оди.јас повеќе нема да те спречувам.сакам само да те заборавам.но пусти спомени,не престануваат да ме болат.
леле што дочекав твоја другарка да ми лајкне на мој коментар за мене значи веке тебе те прочитале каков си така да го имаат истото мислење за тебе како и јас-нема посветли бои или е црно или е бело и аман веке смири се со девојка ти, преку глава ми е од твоите постови за пропаднатите планови, зборови кои никој не ги свака џабе зборуваш-прво и основно ти си тој што ништо не свака и тн и тн. што сум женско сум поиздржлива од тебе, а ти ко божем посилен пол си физички а внатре инает жив и чуствителен повеке од мене
Која рано рани,две среќи граби така? Пораниввв,да се средам,стокмам..и одеме конечно заедно во ново патешествје
Едвај чекам да дојдам. Да ти подарам книга, ко на филм. Другото, и онака веќе ми е напишано во срцево. Те сакам и ми недостигаш.
...Никогаш немој да заборавиш-кукавиците кукаат,слабите се откажуваат,гордите оставаат,а храбрите ги следи среќа...Секогаш.... ..http://www.youtube.com/watch?v=aA2YB-CWZek.