Небитно. Ако не се извиниш ти, ќе се извини некој друг. Така оди тоа со убавите жени.... Поздрав до него... ...А, потоа почнувам да плачам, за се што сум кажала, за се што не си направил. Затоа што сум сама и кога си тука.
колку што мислам на себе толку мислам и на тебе да ти помогнам во барањето на работа девојка ти мисли на тебе
Дали знаеш дека моите најблиски веќе се откажаа, кренаа раце од нас? Дали знаеш каков товар е тоа, каква болка е тоа за мене? Дали знаеш дека сум сама, дека сум растргната на две страни, дека треба да балансирам на двете страни, притоа ниедна да не примети каква бура имам во срцето? Дека се обидувам да најдам средина, да си ја сочувам насмевката и ведрината пред вас, додека внатре веќе одамна ме испокршивте? Дека најверојатно ќе нема кој да ми се израдува искрено и од срце, ако некогаш има потреба за тоа? Дали си свесен дека сама поминувам низ се? Дали си свесен зошто сама поминувам низ ова? Дали знаеш каков пустош имам во срцето и во душата, вака оставена сама на себе? Дали знаеш дека нема ден да не ми почне и да не ми заврши со солзи? Дали знаеш дека немам веќе душа во мене? И онака, чисто информативно прашање......што мислиш ти, колку години ќе живееме? 100 можеби, 150, 200? М? Знаеш дека нема нешто што не би направила за тебе, но мораш да ми ја дадеш токму онаа причина за тоа. Вака ништо не правиме. Не си ни свесен колку многу ќе ми помогне тоа, прво мене, после и тебе. Веќе ми се врти во глава од вртење во круг. Претешко е веќе. Дај да им докажеме дека грешат.......
И уште си се фалиш дека сум била единствената на која што си и кажал "Те сакам". Знаеш немам веќе нерви да ги разглобувам случувањата по 100ти пат. Си ветив на себе дека по 2 пат нема да плачам и сега за сега си го исполнувам ветувањето. Знаеш ќе дојдат моите 5 минути ама ќе траат 10 !
Го сакаш мојот немирен дух. Ги сакаш моите пеги. Ја сакаш мојата имагинација. Го сакаш времето поминато со мене. Ме сакаш мене. Тогаш цени го она што го имаш до тебе. Не плачи по другиот кој веќе на некој начин заминал од тебе. Биди насмеан затоа што највредниот е до тебе. Треба да го цениш она што го имаш... Пред да биде касно.
Вистина ли е тоа што го кажуваш? Вистина ли е? Само тоа сакам да знам. Би сакала на момент да ти ги прочитам мислите,сакам само да знам дали е реално. Дел од мене што сака да е така, верува во тоа. Но тука е и другиот дел, ех тој дел, тој ме држи во реалноста и се сеќава на сите лоши зборови. Очигледно не сакам да те пуштам од мене,ама правам полошо знам. Ми го помати пак умот, ама не целосно... Идеш натаму, не знам, не знам, не знам. Се лажам себе,па и сите околу мене. Сакам да верувам, па не верувам. Нејќам, сакам. Толку сум неодлучна. Одлуката е правилна, реална. Не заслужуваш. Ако идам според тоа, волкот си го менува крзното,но карактерот никогаш.. Се, пропаѓа. Ќе се откажеш ли од сето ова? Ти не ме заслужуваш мене, јас не заслужувам таков како тебе. И?.. Треба ли книгата да има продолжеток? Да продолжам ли да пишувам? Вреди ли? Сите овие зборови, не можам да ги кажам на глас, а и не сакам.
Повеќе не знам ни што би ти кажала. А имав.Толку имав. А сега молчам ,да не скршам уште нешто. Туку,мислам понекогаш да,на мене и тебе. Одвоено.
Сите нешто кријат, а ја мразам работи што не ги знам и глеј можеш да ми го скршиш телото ама не и срцето, никогаш.
Љубов моја! Ти благодарам што ме правиш среќна, ти благодарам што ми даваш сила, ти благодарам што на мојот живот му даваш смисла. За тебе можам да пишувам со часови, со денови, и пак нема да најдам доволно убави зборови за да те опишам, затоа што ти си нешто посебно, нешто прекрасно, нешто совршено. Најубавите особини се собрани во тебе. Заради тебе имам волја секое утро да се разбудам со насмевка, и заспивам со твојот лик, твојот глас, твојата насмевка во мислите. И во сонот си блиску до мене. Те носам во срцево, само тебе, ти си со мене каде и да одам и што и да правам. Љубовта кон тебе ме прави подобра личност. Те сакам најмногу!