Ти си ми најубавото нешто што ми се случило во мојот живот (а и јас тебе , знам ) ти си толку прекрасен , добар , се грижиш ништо да не ми фали , што се вика повеќе се грижиш ти за мене отолку јас самата . Ти благодарам за тоа! Ти благодарам што ме сакаш , што ме почитуваш и што се однесуваш со мене баш како што треба . Знам дека за мене си спремен на се , неможеш едноставно да ми кажеш НЕ!( а знаеш понекогаш и не треба) Ме гледаш како кралица иако понекогаш не заслужувам Ти си мојот сон , момчето што одсекогаш сум го сонувала . А највеќе ми е мило што и двајцата за прв пат осетивме што е љубов . Тоа е прекрасно чувство ако го доживуваш со вистинскиот човек. Мило ми е што животите ни се вкрстија , стварно нз како би ми бил празен животот без тебе. Те сакам повеќе од се на светот
You know I've done all I can, you see I begged, stole and I borrowed... До подобри времиња малечко мое, aко треба да биде- ќе биде. Спојлер http://www.youtube.com/watch?v=qcZvpR6OVk0 од збор до збор...
Си останав јас недоискажана, како и секогаш ништо ново. А имав толку многу да кажам. Не знаев дали ќе разбереш, не разбираш, нема никогаш и да разбереш. Тоа е. Кажав што треба, кажав и што не треба. Тотално неподготвена. Со сила, со сила ги влечев зборовите од уста, срцево не ги пушташе.
се надевам до крај вака убав ќе ми биде денов..гледаш мило мое полека полека пак сме старите..и ова ќе го надминеме.. убаво ми беше денес кога ме разбуди како порано,и не се ни скаравме..дури и ми фалиш толку многу што неможам да дочекам до вечер да те видам. а утре пак ќе се гушкаме и ќе заспиеме гушнати,заедно..како порано се надевам дека еден ден ќе можеме да преминеме преку сите пречки кој ни се на патот без пак да ни се случи она што ни се случуваше изминатиов период те сакам премногуу
Гледаш? Беше добар 1 недела ме направи најсреќна на свет и што после тоа? пак си стариот.. некогаш дури и мислам дека нема да се смениш никогаш.. но по муабетот од сабајле можеби и ке се смириме до вечер,иако тоа преееемногу го сакам но ти не ме разбираш дека и јас имам потреба од пријателки и од многу други работи.. ахх зошто оваа 1 недела не потраеше барем уште малку да си поуживав додека бевме старите,ама незнам што ти стана..
Не знам дали те сакам веќе, толку пати сакав да ти кажам единствено тебе те сакав безусловно и најмногу, и не ти кажав, сега понекогаш ми е криво никогаш не дозна колку те сакав, ама кој знае.... можеби ќе ти кажам некогаш а можеби и веќе ќе те заборавам
Доби 2ра шанса, ретко кој ја добива, и не ја искористи. Имаше можност да бидеш сакан највеќе на цел свет.. но не знаеше да цениш.. Пријатно.
Беспомошна сум,знаеш? И наместо да се насмееме малце,ти си во депресија.Што е најлошо неможам да ти помогнам,ама баш никако.И јас тонам заедно со тебе... Сакам да сум до тебе сега,да те гушкам,и да ти бидам поддршка. Сакам да прекинам да плачам,да се нервирам,да бидам сфатена,тешко ми е премногу ... Не биди тажен цуци може? Атер за мене...те молам..
Љубов моја! Сакам да ти кажам колку многу те сакам. Да ти кажам дека секој ден кога си во моја близина за мене е прекрасен ден. Дека моментот кога те здогледувам се во мене блеска. Да ти кажам дека мислам на тебе постојано. Дека ми значиш повеќе од животов. Дека ми требаш повеќе од воздух. Да ти кажам дека се будам и заспивам со тебе во мислите. Да ти кажам дека сакам животот да го поминам во твојата прегратка. Дека за мене постоиш само ти а сите други се неважни. Да ти кажам дека те гледам со очи полни со љубов. Дека само ти ја црташ насмевката на моето лице. Дека се во мене е огреано од љубовта што ја чувствувам кон тебе. Да ти кажам дека за тебе живеам. Те сакам најмногу!
Отидеш у Скопјето,и одма друга личност станеш. Очигледно дека скопскиот воздух има влијание врз тебе. Ама...веќе не можам да ја трпам твојата нагла променливост! Кретену!
Чук-чук, да не треба да се потрудиш малку за нешто? А? http://www.youtube.com/watch?v=-VfaPxqw7No Ќе полудам од оваа состојба што ми се случува! Леле бе. Бе леле. Еве ти нечие газенце. Таа се сонча, а јас .
Возот тргна. Ти не стаса. Втор обид. Возот тргна. Ти задоцни. Трет обид. Возот тргна. Ти престаса. Блиску си, а сепак далеку. Последна солза. Последна болка. Последен крик. Патот не` спојува во единствен јазол. Јазол без солзи, без болка, без крикови. Дали бевме туѓи, дали бевме блиски? Возот се враќа. Кон новиот обид. Во новиот круг. Те чекам.