Незнам како ќе можам да те погледнам повеќе во очи после тоа што ми го рече. Нема да ти простам толку лесно, не си го заслужил тоа, а ниту пак мене си ме заслужил. Уживај си го доби тоа што го сакаше.
е сонценце само да знаеш какви сопки имаше до пред некој ден во животот на девојка ти почнувајки од тој што ми глуми другар на некои луге ептен им паднаа маските кога кажав на ф.б. дека сум во врска ама не се грижи љубовче ти мене ми значиш и имаш посебно место во моето така да
Не си свесен колку ми е најубаво со тебе. Беспомошна сум и најсигурна кога сум во твоите прегратки. Сакам кога си до мене. Убаво ми е кога ме топлиш и го слушам твоето срце. Убаво ми е кога ја навалуваш главата во мојот скут и заспиваш додека те галам затоа што си такво за галење и гушкање целото! Те сакам те сакам те сакаааааааааааааааааааааааааааааааааааааааааааааааааааааааааааам Те сакам највеќе. Без тебе мојот живот би немал смисла.
Чудо некое како знаеш да ме развеселиш ама и растажиш во исто време Вчера кога ми честита роденден, се ѕверев во обајавата ко теле некое, до 3 саат ноќеска не заспав од возбуда. Деновиве одам во Кичево, се надевам дека барем случајно ќе те сретнам негде на улица. Спојлер Дај боже да не си ги видел ужасните сликите кои другарка ми ми ги објави за да ми честита роденден .
Срцето ми трепери кога сум до тебе... Целата треперам. Во твоите сини очи го гледам мојот свет, мојот живот, мојата инспирација. Среќна сум само кога сум до тебе. Ти ми го покажуваш вистинското значење на среќата. На светов постои совршенство, и сакам да знаеш дека тоа си ти. Ти со се што имаш во тебе и на тебе. Се надевам дека денес кога ни се среќаваа погледите, ја виде мојата љубов кон тебе во моите очи. Сакам да те прегрнам и да ти кажам се за ова прекрасно чувство кон тебе. Ќе ти кажам дека на светов има личност која ќе те сака засекогаш и дека таа личност сум јас. Те сакам најмногу!
духче незнаев дека во Саботата толку убаво ти делуваше мојата насмевка-кога одев да купувам цвеке те видов, ептен бев возбудена, солзи ми се тркалаа по лицето од возбуда за венчавката ех таа Елицеа за кога се вракав по патот за накај дома прокоментира само убава а неколку бевте собрани-другар ми од една страна беше ти од друга во исто време Неделата само што ги отворив очите ја видов твојата кола кај мене на улица и чув како рече само-еве ја оваа денес кога одев кај што сум тргнала, чув само топ од твоја страна-ти да не ме следиш мене што чекаш бе стави ми ГПС дувни ветре развигорче си ама ке те најдам еднаш каде и да си ке ми излезеш пред очи кога-тогаш и кога нешто ке ми прокоментираш, ке добиеш само-убава згодна и неопходна и едно па чуди се и крсти се што те снашло
Премногу грешки. Премногу минуси. Премногу ѕидови меѓу нас. А толку блиску,толку длабоко и толку искрено се чувствува љубовта. Наша е. Но зошто вака? Имаш ли причина? Изговор? Или пак некоја мала тајна која те дели од мене? Зошто тага кога може среќа? Зошто солзи наместо насмевки? Моите вечно неодоговорени прашања. Засекогаш? Спомни ме. Сети се. Љуби ме. Милувај ме. Чувај ме. Тешко е? Или сепак премногу добро за да биде вистинито?
Ми недостасуваш. Како никој никогаш до сега. Те гледам, среќен си и тоа ме усреќува. Го посакувам само најдоброто за тебе, со мене секако. Ги правите оние работи кои јас и ти ги направивме за прв пат, оние работи за кои јас и ти се смеевме, ги кажуваш истите смешки што ми ги кажуваше мене, и ги свириш истите песни. Добро, не сите. Таа песна. Забранетата. Мило ми е што таа остана како потсетник за тоа што го имавме и што можевме да биде. Но те познавам јас, го имаш истото нешто што го имам и јас. Трошка надеж, 2 шанса.
Карим Баба... Вечерва ќе си гледам германско филмче на раат. Алелуја! И после ќе ти трубам за истото како што ти трубам и за слични филмови. Спојлер А Спартакус, а - само сексои паѓаа. Не можам да поверувам дека уште малку ќе ја имаме големата 4- ка. Не ги очекував овие убавини кои ми ги дари. Љубопитна сум да ја доживеам иднината. Сакам да ги променам овие неколку вечери на константна несоница. Разбирам дека ти е тешко и дека сакаш да имаме се.
Не знам дали ти се допаѓа, но сакам да го знам секое делче од твоето минато. Не од љубопитност, ами чисто ради тоа што те запознавам подобро. Сакам да знам дали и ти си јадел леб со шеќер како мал. Која баба или дедо те сакале најмногу. Кој те носел на училиште. Кога прв пат си се заљубил. Па да ми објаснуваш дека секогаш женските ти се пуштале први, зашто си бил многу мирен. И низ насмевка да ми признаеш дека само за мене си се трудел. Сакам да ми раскажуваш за детството, симпатиите, другарствата... За возврат ти ги дознаваш моите тајни, од кои се срамам, иако за тебе се детски глупости. Те прашувам дали помалку ме сакаш сега кога ме знаеш вистински, а ти само ми се смееш. Друго што сакам... Па сакам да ве гледам двајцата како заедно правите скара. Сакам да ја изненадиш мајка ми со торта. Сакам да правиш колачиња и сите да го оправдуваат мојот избор. Да, сакам моето семејство да те сака. Не е воопшто тешко да увидат колку се грижиш за мене и нив. А оние прашања, кои толку те нервираат, како кога ќе те бакнам и ќе те прашам дали чувствуваш нешто и ќе почнам - Опиши ми го чувството! И ти ќе ме мавнеш еднаш по глава, ќе речеш - Нормално дека чувствувам. Нешто во стомакот. Во желудникот. И ќе продолжам - А секогаш? А ти - Се разбира дека секогаш... Епа нивниот одговор и твојот израз е тоа што прави да летам.
Знам дека јас и ти можеме и светот да го поместиме само ако сме еден до друг. Те сакам повеќе од се на светов, те сакам затоа што ти најмеко и најнежно ме гушкаш и затоа што го сакам сјајот во твоите очи кога ќе ме погледнеш. И да, ако треба и на крај на светот ќе одиме само да си ги оствариме соништата... Се ќе биде во ред, знам... Знам затоа што ти си до мене... затоа што ти си мојата најголема поддршка, мојата потпора и мојата среќа. Ти благодарам за се што правиш за мене, за тебе, за нас. Знам дека никогаш нема да можам да ти се оддолжам. Останува да сме силни, ама ние можеме, знам дека можеме... дури и повеќе од тоа. P.S. Ти благодарам што викендов ми го направи прекрасен и што сега до мене го имам најпалавото и најслаткото суштество кое ќе расне заедно со нашата љубов. P.P.S. Доста ме прашуваш дали сум регистрирана на Femina. Не ти кажувам, откри си сам. Љубовче да знаеш дека те сакам ако го прочиташ ова.