Секогаш, без разлика на се, ќе ја имаш мојата поддршка. Знам дека ти знаеш како треба, знам која е твојата цел и кон што се стремиш. Ќе успееме заедно!! Ти ветувам.
најслатко нешто за мене. најсакано. се гордеам со тебе љубов. те сакам повеќе од она колку што им ги сакам крупните црни очиња на кучињата. мил си ми повеќе од тоа. знај дека ми значиш најмногу. ти си ми потпора и сила за понатаму.
сакаш да ти кажам дека те сакам-е ке почекаш да ми дојде од внатре треба време за да почнам да ти верувам, можеби не сум ко тебе бла бла бла се те слушам примам информации и анализирам духче пак ли проблемчиња со таа што ја сакаш или и оваа те изневери не сакав вчера да прокоментирам ама карма ис а бич, и приметувам дека иако глумиш мачо љубовта е таа што може тебе да те доведе до крај жал ми е за тебе
Многу ми значи тоа што си тука за мене, што се грижиш и ми ја даваш твојата искреност и сигурност. Te сакам мило. Едвај чекам да те видам
не верував дека ке ми се јавиш а мислев денес да ти пишам мило а ти духче едно до кога ке ми коментираш дека сум ваква, таква или онаква значи не можам да се прошетам во центар и да завршам што имам планирано и случајно да налетам на тебе а ти да молчиш-невозможна мисија во врска сум и ми пишува на статусот и денес ме нарече убаво девојче, се те слушам баш се иако имам слушалки на мене да не се брзав да стигнам домче ке ги извадев слушалките и ке ти кажев само убава, згодна и неопходна добро бе на сите девојки ли им коментираш бог да чува и да брани
Ти благодарам што ми се врати. Се прашуваш зошто не се трудев да ја спасам врскава?! Бев скршена и немав сила за ништо.
Ми фалиш, многу, најмногу, не можам да најдам зборови да опишам колку многу! Станувам нетрпелива веќе, не можам вака Сакам кога ќе си дојдам дома да ме дочекаш ТИ, ТВОЈОТ поглед, ТВОЈАТА насмевка, ТВОИТЕ глупости и шеги... И доста ми пишуваш дека ти фалам, уште толку се растажувам и се тревожам, а и тебе ти е исто. Чудно е колку сме поврзани, колку сакаме да сме еден до друг, макар и само да молчиме и да се гледаме. Макар и без изговорен збор. Чудно е колкава е оваа наша љубов. Чудно е колку многу си фалиме, колку многу сакаме да сме дел од животот на другиот. Чудно е колку не би опстанала без тебе и ти без мене. Чудно е колку сме си најважното нешто на светот еден на друг. Чудно е што 10 години сме заедно, а овие чувства се продлабочуваат се' повеќе секој ден. Чудно е колку е лудо голема нашата љубов. Да ја чуваме себично, мил мој Едвај чекам да ми дојдеш утре, да ме гушнеш толку силно, да ме поткренеш од земја и да ме избакнуваш како никогаш! Те сакам!
Ме кршиш. Лагите само ја обликуваат невидливата боја на врската. Не сакам повеќе вака. Или ќе биде подобро,или нема да биде. Одлучи се. Зависам од тебе.
Цуфче малечко мое Едноставно некои работи ги чувам за себе, па тука барем можам да ја отворам душата и да ти изјавувам љубов до бескрај. Те сакам мајмунче
12.10.2013 23:42 *ѕвони* Тој:Да? Јас:Добровечер. Тој:И кај вас. Јас:Среќен роденден. Тој:Благодарам. Јас:Знаеш кој е од другата страна на линијата? Тој:Зарем не би знаел?! Јас:Како си? Тој:Добар. Се спремам за излегување. Ти? Јас:Добра. Да не те задржувам. Тој:Не ме задржуваш. Јас:Сепак, рече ќе излегуваш. Тој:Не е проблем. Јас:Се слушаме, чао. Тој:Чао. *врската е прекината* Ме излажа. За прв пат после толку време. Ти трепереше. Ти не беше добар. Не, не беше среќен. Не се смееше. Ти не беше ТИ. Значи, се промени. Ќе те видам ли некогаш пак? Ќе се исполни ли она нашето „некогаш и негде“? Кои сме? Што сме? Ќе не` има ли пак? Не зборувај. Знам што ќе кажеш. Знам што мислиш. Не, не те чувствувам. Само.. Само те научив. Те сонувам деновиве, знаеш? Како би?! Со отворени очи. Зошто ти ѕвонев? Зошто по Ѓаволите ми крена?! Зошто не ти честитав на подруг начин? Милион зошто, а без ниедно затоа што. Спомените. Тие пак се вратија. Впрочем и никогаш не беа заминати. Беа потиснати, длабоко во душава. Душава како бездна длабока 1200милји. Излегоа на површина. И ме вратија таму каде што застанав. Живеам за денот да те видам пак. Онака, случајно. Без планови, и намери. А престанав. Зошто сега пак си ми на ум? Разумот попушта. Чиниш, ќе прсне. Не. Ќе бидам силна. Ќе те заборавам. Искрено, се надевам.
Ми фали начинот на кој ме гледаше, ми фали начинот на кој ми се лигавеше, ми фалат пеперутките кои ми ги предизвикуваше, ми фали среќата што покрај тебе ја чувствував... ми фалиш ти...многу... Спојлер Еден ден... срцево сѐ уште ти се надева...
до кога вака кога ке дојде нашето време, зашто да чекаме ? јас сама ти сам ... седиме и двајцата пред компјутер и не пишуваме ни ти на мене ни јас на тебе заштоо?? зашто сите околу нас се среќни само ние не ? се радуваме на туѓата среќа а што е со нашата, нели можеме и ние да бидеме како нив, како твоите другари како моите другарки ? безброј прашања но одговор нема.. ке има ли некогаш.. несакам мојата љубов да биде како некоја друга не сакам да ја споредувам со нечија.. сакам нашата љубов да биде само наша, да бидеме среќни на наш начим, ти си мојата љубов ...
Добре дојде душиче мое, ајде утре со лесно нека ти е се и се надевам тоа е тоа дека нема повеке да се малтретираш и дека желбата ке ни се исполни наскоро ке го решиме тоа. ТЕ САКАМ НАЈМНОГУ