Камо да можеше некако да ти кажам колку те сакам...Камо да има некоја можност, некоја прилика, нешто што било, некако, само да дознаеш колку вредиш и колку те сака некој отстрана..Некој кој никогаш не би те изневерил. Некој кој прифатил да живее со тебе и во колиба, само да биде до тебе и да имате заедничка иднина. Некој на кој прегратката твоја му значи многу повеќе од твојата кола со позната марка или твоите пари... Се би дала да можам да ти кажам. Чудно е, како некој не знае колку многу е сакан...Но не поради тој самиот, туку поради тој што сака. Сакам само да ти кажам дека многу те сакам, но исто така сакам ти да го сфатиш тоа...Да го сфатиш. Затоа што ништо не би ме направило посреќна од тоа да бидам со тебе, до тебе. Можеби не сум убава, немам убаво тело и убаво лице, но ти гарантирам дека имам најубаво срце кое 100 години да бараш такво што ќе те сака нема да најдиш. Нема да најдиш такво срце. Нигде, никогаш. Ова срце тебе те сака најмногу од се. Јас те сакам најмногу од се. И ќе те сакам, без разлика што ќе се случи. Сакам еден ден да си мој, а јас твоја, знам дека шансите се премали, но сепак цврсто стојам до фактот дека надежта последна умира...Колку и да изгледа невозможно надеж мора да се има...Со други зборови: Сакам да ти кажам дека те сакам најмногу и секогаш ќе те сакам без разлика што ќе се случи!!!
Ме навреди. Можеби избрза, не размисли, но сепак се случи. И нема да ти заборавам. И ќе ти вратам знаеш дека сум злопамтило. И заспа. Како можеш така да си спиеш спокојно. Ти се чудам. Т.е. нема шо да се чудам ти завидувам како можеш?! Како ти успева?! Крив си. Утре можеби ќе ти биде криво, но ако. Ќе се извиниш и јас пак ќе те гушнам, ќе те галам, ќе те сакам Б Е З Р Е З Е Р В Н О. И никогаш од никој не сум побарала да ме брани кога ме напаѓаш, можеби тие острана поубаво и пореално ги согледуваат нештата од тебе. Или па ти ги согледуваш како што тебе ти одговара да биде во моментот. Ќе си ме потрпел до Јануари?! Не мораш. Никогаш до сега бременоста не сум ја искористила како изговор
Сништата, моите и твоите - оние засебните. Оние кошмарните кои јас научив уште како мала да ги кријам од моите а сега и од тебе само за да не се секирате за мене. Оние твоите, од кои те гледам некогаш како се бориш во сонот. Оние и мои и твои кои ме плашат. И илјада пати ќе си повторам во себе дека ме боли што двајцата сме исти. - И љубовта може да те исфрли од колсек. Налутено да и се лутиш на љубовта. И да не знаеш што е подобро. - а кога ми спомна дека доколку некогаш некои би се обиделе да створат лик од мене тоа ќе биде лик човече со голема и убава насмевка, токму како мене. Убави спомени. Љубов кажи ми...
Извини за мојот дел од проблемот. Сега се врти тркалото каде мојата гордост ќе застане пред тебе. Ќе боли. Ветувам.
Не сакав да те навредам бидејќи многу ми значиш и те сакам.. и несакам да бидеме вакви нерасположени и напнати.. ама и ти претеруваш некогаш,жал ми е за тебе ама не треба да бидеш безобразен и треба и мене да ме сватиш дека не ми е лесно.. те сакам многу...
Aуo technology....... Али што ја кривам јас техологијата кога твојата па и мојата смотаност или претпазливост не знам и што веќе што, не прават храбри особи само преку неа... У живо бејби ин лајф да се видиме инаку не ми се снимаат више серии и филмови преку жица...
Ех бе "Ромео", почна по магацини да се криеш за да ме слушнеш. Пази шефот да не те начека.. Настрана мајтапот, баш ми е мило шо најде работа, али па несакам така да те експлоатираат бе.. да не можеш да прдниш ти е работава. Ама го ценам тоа што секогаш наоѓаш време за мене.. дури и навечер кога си идиш преморен, ти пак имаш енергија за да ме гњавиш, а јас пак со пмс-ов туку се лутам за безвезе работи. Шејм он ми. Spoiler Ајде нека дојде 11 побрзо, за да ми те видам.
не свакам што ти е толку чудно што сум ти пишала вчера да се видиме првиот слободен момент помислив на тебе петок вечер и да се видиме со саканиот-нормална појава, ама твоето однесување е ненормална појава беше бог да чува имаш нежен допир од малку узо ти се ослободија и рачињата гледам бројот на срцињата пораснал што ти се случува смешко а ти духче гледам дека си сватил некои работи-дека ако трчаш по нешто а не можеш да го добиеш а ти било во животот дај му време па можеби самото тоа ако те сакало ке биде со тебе а не да одиш во зид со главата во мегу време повторно коментари за моето тело абе човек стави си маска и не ме гледај од други кои ми коментираа ми се билда егото ама од твоите коментари ми доага еден да ти удрам те знам што сорта си затоа
Таквите како тебе се како створени за мене еј. Да ги доведам јас малце у ред. Немој да си мислиш дека ќе ти идам по газот како бившата твоја што ти одеше, зашто не знаеш со кој си имаш работа. На прво место се ставам јас и не давам да си се погазам ради твоите каприци. Ќе треба да се помачиш ако ме сакаш.
"Нашата романса се римува со името на смртоносно хемиско соединение и секоја реакција со љубов е еднаква на вампирско лудило од светлина. Имаме ликови што не се дизајнирани да стојат во семејни фото-албуми и стапала што никогаш нема да ги запознаат врвовите на светот. Градовите не знаат дека им крадеме по некој квадратен метар за нашите шаренолики мавзолеи на краткотрајни пеперутки..." -Quentin Scribbler.
Во право си кога ќе ми кажеш дека ќе имам убава вечер.Имав. Посебно откако разговаравме.Ме наежуваш на моменти,знаеш? И постојано ми недостасуваш.Се чувствува тоа уште во воздухот. Сакам да те слушам како се смееш и како го изговараш моето име.Ме скокотка тоа знаеш? Сакам само да биди се во ред.