Ме правиш среќна. Ме израдува тоа што гледам дека си го користиш поклонот што ти го дадов за роденден знам специфичен си и се е можно од тебе, но утрово пријатно ме изненади
е мрзо една претпоставувам дека дури денес си купил вит крема па се негуваш и депилираш ти физички неактивен јас хипер активна на моменти-затоа имам болки во коските од фит кампот вчера за една недела би требало да ми помине размислував да ти подарам една крема за лице од камилица-најдобра е со лабело за тие твои уснички да бидат негувани гледам имаш проблеми со кожата, а полош од мене си иако си машко па да те разгалиме малку
Ти си комплетна дефиниција за љубов. Го обожавам тоа забрзано чукање на срцето после водење на љубов... И секој пат е се поубаво и поубаво.
Мило ми е за тоа што ми го кажа. Се гордеам на твојата храброст. Тесакам и се надевам се ке тргни како што сакам.
Размислувам. И синоќа размислував. И секоја претходна вечер го враќам минатото на моите трепки и чекам да заспијам сонувајќи дел од нашето. Кои филозофии и глупости сме ги изговориле. Колкупати сме се скарале за небитни работи, а сме држеле лутина дури две минути. А пак колку време само сме изгубиле карајќи се за битни ствари, а само затоа што сме толку различни, по карактер, по мислење, речиси по се. И се насмевнувам на последниот збор од таква кавга, кога ќе ме прегрнеш и ќе ми кажеш „добро, те сакам, не лути ми се“. Или кога ќе речам „извини“, и ќе добијам топла рака врз моево влажно лице. И баш тоа не одржа во живот. Да, нашава врска како растение, овенува кога не се напила страст и бакнежи, раззеленува на секоја насмевка. И ете вечерва, после безброј пати искажана љубов, јас повторно имам потреба да се пожалам и пофалам. Те сакам. Некој прави будала од себе за да е во мода, некој од што навистина не знае што да прави си себе, некој од инает, јас од љубов. Не дека се акам од асфалт, ама ете, се будалам и толкава крава од дваесет и пет, станувам после час и половина лежење од затоплен кревет да истишам душа тука за да не те разбудам и да ти кажам „те сакам“. Зашто ти кажав пред неколку часа, прееска додека ти готвев, ти кажав сабајле кога ми се јави, и сега пред да си легнеш, и веќе мислам дека во последно време ќе почнам да тропам кајгоде и шогоде. И згора на се, еве ме, веќе на пола пост станав параноична дека утре ќе се случи некоја кавга зашто се подрекувам со моево признавање љубов. А и ќе си поплукам до трипати, Боже, храни не со љубов. Те сакам, и нема да споредувам колку и како, на мој начин и премногу. И овие солзи што предмалку ги избришав од моево лице се лизнаа кога ми текна на твоето дишење, твојата топлина и твоето безобразно спиење на грб, ме натераа да го проколнам сето време што остана за да спијам сама, тука, делејќи покрив со луѓето што секогаш ќе ми значат се. Но нема да ми ја исполнат празнинава што почнува да ме гуши. Те сакам љубов, збудалев по тебе, по твоите чекори и по твојата иднина. Сакам јас да ја имам. Јас да ја правам радосна и исполнета. Сакам да сум твоја, повеќе од досега. Боже, што стана од мене, занесеник по љубов, до толку ли скренав што веќе немам сон во единечен кревет?! Те сакам, да, е до тоа те сакам...
...и кога ќе си осамен, кога ќе ти биде тешко, само помисли, барем на момент... ...има некој негде далеку кој во тебе верува, се колне, мисли и зборува...
Мјаааааау ми го зема умот!!! Цел ден мислам на тебе , а преостанатото време на телефон сме или на фб Знаеш дека мн те засакав??? Едвај чекам да те гушнаааам лалалалалалаааа. Те саааааааам мјау
Деновиве си мислев како пијуцкавме пиво на тие клупите кај Матка и во полупоспан поглед си мижуркавме и се сакавме без да планираме. Можеш ли да планираш нешто, освен Ништо? Па човек, колку и да планира, помал е од самиот Живот. Тоа ми е таа вечна желба, за што ме учи и животот, дека мора да се гради сето она што сакаш да ти даде безбедност. Емотивна безбедност. Со залетување може само да си треснеш како крушка и после да лечиш рани. Правилно, ми треба да научам правилно да летам со тебе.
Вчера ме потсети на првото Те љубам. Јас не се сеќавав а ти ми кажа дека тоа било на клупата кај паркчето на хотел Бристол. Ми призна дека тој ден цело време си замислувал за тоа на кој начин да ми ја објавиш љубовта. И како цело време си ме с`скал јас прва да ти кажам те љубам, а како јас само сум се смеела и сум се зафркавала. Како ти си се откажал дека прва ќе ти кажам и конечно си собрал храброст и си ги кажал тие зборови. И ете и покрај тоа ја сум продолжила да се заебавам и смеам, а ти не си можел да ме сфатиш зашто сум го правела тоа. Па љубов јас не сум научена од дома вербално да искажувам љубов, ни никакакви други чувства. Дома ме учеа дека чувствата најдобро е да ги преточуваме и прикажуваме преку делата кои ги правиме. И затоа може така сум реагирала. Никогаш не сум се притресувала на тие две зборчиња. Но на делата на кои асоцираат тие зборчиња да . На бакнежите, грижата, нежноста, смешките, правењето се за мене и тебе... На плашливоста, тивките плачења, налудливоста.
Ах тие очи твои сини најубави! Да знаеш дека жива ме одржуваш само ти. Неописилво прекрасно е чувството кога си блиску до мене, кога ќе ме допреш, кога ќе ни се сретнат погледите. Ја имаш најубавата насмевка на светот. Само ти ми требаш. Те сакам најмногу!
Spoiler Не го сакав ова за нас, не сакав да завршиме како двајца странци, камо да можев да го вратам времето, да не направев некои работи што не доведоа до ова... за секоја моја грешка, за секој мој лош збор- прости ми. Ништо не е битно повеќе.