знаеш многу работи не се како што треба и како што се кажуваат болат и тоа многу. ама сепак има нешто силно што барем за момент исчезнуват тоа не се споредува со ништо на свет.
Извеано мое ! Ми фалиш бре ! Што само ме подлажа на кратко и си отиде .... таа твоја работа и моиве обврски околу факлутетот ни го земаат целото време што го имаме за нас , никако да се погодиме .... патем сеуште кога сакм да ти свртам или ти ми вртиш ги осеќам бумбарите во стомак ! <3
Не знам што да пишам, дали далечината ме прави параноична, иако знаев дека е вака... Знаев дека ке дојдеш само за кратко, ке ме натераш да те засакам и .. И ... Не знамм Ми фалиш, иако мислев дека од нашево ништо нема да бидне, ми фалиш... Ме плаши далечината, ме плаши искрено... И сега, после долго време имам и изливи на љубомора. И сум имала но немам никогаш храброст да ти кажам, се плашам дека ке мислиш дека сум дете.. Се молам да не искочиш ти како секое друго машко.. Се молам да не се разочарам, повторно Не знам дали да ти го кажам ова, но те сакамм
и ти си ми партнер абе ајде не ти текнува слушалка да кренеш да ме прашаш како сум цел ден поминат со соседите не ти текнува на девојка ти да и кажеш сонце , миличка да се видиме ми недостигаш, сакам да те да те абе муфљуз тебе памет никако да ти дојде
Јас сум веќе уморна од тоа да бидам она што ТИ сакаш ЈАС да бидам... Не знам што очекуваше од мене...Ставена под притисокот да бидам тоа што ти си го замислил... Јас станав толку бесчувствителна, не те чувствувам веќе тука. Јас сум веќе толку уморна, но станав толку свесна за себе. Се што сакам е да бидам повеќе ЈАС, а помалку ТИ. Не можеше ли да видиш дека почна да ме загушуваш? Ме држеше цврсто не сакајќи да ја изгубиш контролата... Со се што сакаше јас да бидам, се распадна точно пред тебе. Секоја секунда која ја губев надевајќи се дека ќе сватиш, стана повеќе од тоа што можев да издржам. Ми здосади веќе да бидам тоа што ТИ сакаш ЈАС да бидам. Да можеш да се видиш само со моите очи, ќе видиш колку сум само разочарана. Не знам како ќе биде понатаму во животот, дали ќе успеам или ќе пропаднам, но она што знам е дека ЈАС и моето ЈАС сме продолжиле понатаму. Спојлер http://www.youtube.com/watch?v=kXYiU_JCYtU
Знаеш, не постои ништо вредно во мојот живот, не постои некоја светла точка или надеж, освен ти. Потребно ми е некогаш да се исплачам, а ти само да ме гушнеш и да ме галиш по косата. Да те терам да си одиш, а да не сакаш. Да ми велиш дека ме сакаш баш зашто се лигавам и сум глупава и неспособна како што велам и затоа што често ти се лутам. Толку многу ми фали да знам дека под било какви тешки услови, ќе бидеш покрај мене. За да ме разведриш, ќе ме тераш да шетаме...или да правиме крофни. Пак да трошиш пари и јас да те карам и карам. Толку сум напорна, а толку си мил, трпелив и најбитно многу, многу заљубен. Немој никогаш да ме отсакаш!
духче пак ли се мумифицира ли тешко ти е те свакам-и мене ми е не ми цветаа рози во врската па не сум ко тебе во последниве денови ретко нешто да пишеш на ф.б. патем го видов вчера другар ти во кола со некој дечко кога се вракавме од кафе со сопартијкава-да викнеше уште погласно реков дека ке се тргнам од тој месен, и ке се тргнам ама да испарам некако не ми оди-не можам да ве гледам во близина, преку глава сте ми
Љубов моја! Ти си мојот живот, затоа што му даваш смисла на моето постоење. Ми даваш причина да се разбудам, да бидам храбра, да бидам истрајна. Ти ми даваш сила. Благодарна сум што постоиш, што те има. Што ја имам таа привилегија да сум блиску до тебе. Те сакам најмногу!
Епа срце, утре ти е последната шанса! Жими се, утре ти е последната шанса. Се колнам. Ако и утре зезнеш, ќе престанам да се замарам со тебе, ќе престанам да размислувам на тебе иако не сакам баш да биде така. Ама, можам! Ако решам, ќе те заборавам. Нема да ми биде проблем. Но, работата е што сакам да НЕ испаднеш идиот. Да ме разбереш. Сакам се да биде во ред. Да ме правиш среќна и да не ме загрижуваш. Нестрпливо го чекам утрешниот ден... Но, некаде длабоко во себе знам дека ќе постапиш онака како што барам и дека ќе си докажам на себе дека си го заслужил сето мое внимание. Сакам искрено и вистинито да си признаам на себе дека ме заслужуваш. Знам дека утре ќе надокнадиш за СЕ. Или можеби само сакам... а не знам. Веќе не правам разлика.