Дали уште те сакам ? -Не. Но, за тебе сеуште имам некое жарче, кое набрзо ќе згасне - се надевам. Сепак сеедно ми е дали ќе те видам или не. Биди ми поздравен, и помалку интересирај се за мене. -За твое, и за мое добро!
раскажувајки детали од животот што си го живеел пред да ме запознаеш правиш да се чуствувам ко да не припагам во твојот живот, како тебе би ти било јас да ти кажувам што сум правела пред тебе бе-не мислам основни работи туку малку подетално, ке се почуствуваш ко аутсајдер нели? младост лудост а сега решил човекот да се смири-абе ајде требаше уште првиот состанок да речам доста ама колку и некогаш да си ми значел јас почнувам да се ладам-се повеке и повеке се ближиме кон крајот јас и ти-само незнам кој прв ке пресече
Спојлер Во случај некогаш да го читаш ова сакам само да знаеш... Ти се откажа од мене, јас од тебе никогаш иако заслужи. Е тоа е дефиниција за лудило. Како одеше песната..." Било што и да ти треба кажи ми зборови не избирај, ова срце уште игра кога ќе чујам твој глас дишам пак... "
Дека го сакам најмногу на целиот свет и многу сум благодарна на Господ што го имам покрај мене и што ме научи што е љубов. (би му го кажала ова ама спие)
фалиш. секое проклето утро, секој проклет ден, секоја проклета ноќ. фалиш секоја проклета секунда! .. дури и кога спијам, подавам рака во полусон да те допрам како некогаш, ама креветов мој празен е. фалиш душо, ми фалиш мене, на срцево, на душава.. фалиш за да можам уште еднаш да се насмеам...
значи така сонцето се забавувало со друштвото, а до сега два пати ја праша ангелка кога се видиме а знае каде живее таа-па дојди и во близна бе муфљуз се гледа кој е кој во твојот живот јасно е се
Ти се ближи роденденот, јас бев таа која ти го честиташе прва и кога бевме во врска и откако раскинавме, е нема овој пат да добиеш смс од мене со вниматѕелно одбрани зборови кои ќе те допреа секој роденден
Сакам да ти кажам многу работи. Но сваќам дека нема смисла. Веќе нема. Всушност немам поим зошто толку те сакам. Свесна сум дека не си ми ни единствена ни пак најдобра опција, но сепак те избирам тебе, онака без причина... Секој ден се плашам се повеќе и повеќе.... Можеби не ти бев доволно добра, можеби те разочарав или можеби едноставно само ти здосадив... Ги гледам девојките кои трчаат по тебе, ти се обраќаат постојано и ти се пуштаат секој момент.... Грешка ли е што не сум како нив? Што не трчав по тебе, што не ти се лижев??? Јас знам дека сум премногу горда, несигурна, параноична, тврдоглава..... Но верувај дека те сакам повеќе од која и да е. Многу ме боли тоа што немаме скоро никаква комуникација. Многу сакам да ти кажам како ми е.... Да те прегрнам силно, да го почуствувам твојот мирис..... Сега не сме ни другари. Сега сме само познаници кои наликуваат на странци и кои преку денот само неколку пати ќе си пратат скришни погледи. Ми фалат твоите разгоовори. Те молам не ме заборавај... те молам.......
Твоето присуство тотално ме исполнува, срцето забрзано ми чука и мислам дека летам. Тесакам многу. Ти благодарам за кратките но слатките искуства.
Некогаш дури и се плашам од таа моја карактеристика да заборавам луѓе, тоа мое премногу брзо преболувње на стари љубови. Се плашам, зошто знам дека всушност никогаш вистински не сум сакала и кога тоа тоа ќе се случи, ќе ме боли најмногу за се она што јас сум го правела на другите во минатото. А сум повредила многу луѓе, знам. И не било несвесно, и тоа го знам. Скоро и да нема девојка која на мои години барем еднаш не и го скршиле срцето а јас како да го немав. Не се заштитив само од болка, туку и од љубов. И тука ми се појавуваш ти, најпрекрасен. Како да сум те создавала по моја мерка. Првиот половина час не можев да ги одвојам очите од тебе, те голтав со поглед. Ги имаш најубавите усни на светот, создадени за љубење. Никогаш во животов не сум почувствувала вакво нешто, никогаш не сум посакувала некој во оваа мера, никогаш, никогаш, никогаш. И начинот на кој зборуваш, начинот на кој размислуваш, толку си опуштен со сите. Никој не успеал волку да ми влезе по кожа за толку кратко. А најлошото е што сме во позиици кој не ни дозволуваат да бидеме заедно. Дали ќе издржам? Ме убиваш човеку. Не те сакам, ама те посакувам. Дури и премногу.
Баш знаеш како денот да ми го направиш поубав,како да ме развеселиш и како да ме изнервираш. Јас те сакам ваков не сакам да се смениш,и уште еднш не сакам да слушнам дека сакаш да се смениш.Нема човек без маани којшто е совршен...па така и ти не си..но за мене ќе бидеш совршен секогаш..Уште еднаш ако кажеш нешто како вчера вечер ќе се скараме ...јас и ти така да си знаеш ...од тебе никогаш нема да ми биде доста и никогаш не си ми досаден..така да си знаеш....секое утро се будам за да ти го слушнам гласот и да те гушнам...незнам како си се најдовме вака толку слични.. секој ден се повеќе се заљубував во тебе... Уторово со сликава ми го разубави денот...
Оди си и Не се враќај повеќе,доволно ми беа грижите додека те мислев секоја вечер каде си и со кој си.Не ми требаш !!!!
Дали само знаеш колку проклето секси ти стои одело? Те сакам покрај мене,во одело и со насмевка до уши.И со таа твоја колонска и твоите зелени кои секогаш ме смеат.Те сакам и ми недостигаш премногу.Навистина премногу... Ја чекам сабота. Ќе биде одличен ден.