И само ние двајцата знаеме кој е крив. Јас сум бе , не најозбилно сега! И сите околу нас тоа го знаат, го гледаат, го говорат. Баш ми е убаво што јас сум секогаш таа која расипува се околу-наоколу. Порано не ми беше, а сега, сега се смеам. Го правам последното нешто кое се очекува од мене. Знаеш јас расипав две три љубовни приказни поради мојата несериозност. Може и нашата ја расипувам. И што дека. Што дека. Кога за мене љубовта е ова, што дека. Кога некој сака да ме љуби и да се вљубува во мене што да правам. Со секое машко во мојот живот играм со отворени карти. Повеќето знаат дека знам да си го барам тоа кое мене ми треба. И проклето добро сакам да си играм руски рулет со љубовта. Аха. Ризик е да знаеш дали некој ќе си отиде доколку ти го одбиеш. Или ќе се врати! Ризикот е возбудлив. Оној кога тебе те фрлам во канџите на некоја друга, иако знам дека е опасно, ама знаеш љубов, тоа го правам за да видам дали ти си мојата љубов.
еден ден јас и ти пак ќе се сретнеме.можеби месеци ке поминат,можеби години но пак ќе бидеме очи во очи како некогаш.само тогаш сакам се да заборавам.да заборавам дека некогаш сум те сакала,да заборавам дека некогаш си постоел за мене.до тогаш сакам да бидат закопани сите спомени.добри и лоши.сите сеќавања кои ги имам за тебе да исчезнат и да не ме повредуваат.остани во минатото.таму ти е местото.
нема да заборавам лесно...паузата добро иди...ама нема да видиш емоција повеќе од мене...а ќе те изиграм, не ќе можеш без мене, е тогаш јас ќе те скршам...имал емоција, ама не можело зааедно ради комплексите в главва на ниска вредност...ма гони ми се...уште ми пишува да не се секирам
за малку си изгубил фина сум на парички во кладилница за малку -се случува сакаше утеха вчера, тешење го доби па што чекаш купи една труба и почни да трубиш сите да разберат и да те сожалуваат арно реков јас ист си ко духче од партија
Толку ли е тешко да ме сфатиш? Па не верувам да сум толку комплицирана како што викаш, треба само малку да се потрудиш и да се ставиш на мое место па ке видиш дека жените барат многу внимание и љубов од дечко/маж. И уште нешто: Жените не зборуваат премногу туку мажите премалку слушат
Љубов моја! Кој збор и да го кажам ќе биде премалку, нема да ја долови убавината на овој ден. Твоите сини очи кои сјаат посилно од сите ѕвезди на небото денес ми донесоа насмевка повторно и повторно. Искрена радост во моето срце, гледајќи те тебе до мене додека утринската светлина влегува низ прозорците, а твојот глас носи совршена хармонија и смирување, а воедно и сладок немир, трепет на срцето мое кое без глас го извикува твоето име. Секое твое движење во мене разгорува уште поголем оган. Љубовта која постои во мене за тебе е поголема од било што, посилна, поиздржлива. Кога сум до тебе сакам времето да застане, секој миг да е бескраен. Да го гледам секое делче од твоето тело, да го впивам секој твој збор во срцево, секоја твоја насмевка да ме грее, да те чувствувам блиску до мене, секој твој поглед, секој твој гест, секој твој здив. Би можела да пишувам за тебе до бесконечност, и знам дека доволно прекрасни и возвишени зборови за тебе нема. Само до тебе сум среќна и навистина живеам. Сакам со тебе да го поминам животот. Затоа што ти си единствената личност на светот која ми дава причина да живеам. Само ти постоиш во мене, во срцево и мисливе. Те сакам најмногу!
Ти си делот од она моето се' за да биде комплетно за да се нарече така. Воедно си квалитативно и квантитативно најголем дел од тоа мое се'. Сонце мое, сакам повторно ваков викенд! Сакам што побрзо да почнеме! Не можам да дочекам! Убавини!
I've found a reason to show A side of me you didn't know A reason for all that I do And the reason is you http://www.youtube.com/watch?v=cGs8vtjDxxY
Си се пронајдов. Многу го сакаше, и премногу ако ме прашувате. Мислам дека ни самата не знаеше зошто и како, но го сакаше. Кокетираше со други, да се разбереме, и љубеше други, многу други… Но ја немаше таа искра во очите и таа насмевка на лицето како кога зборуваше со него.“ - Балашевиќ
Знаеш што? НЕ СИ ФЕР!! Две недели ни трага ни глас од тебе...па зарем не ти текнува на мене? Не можам да престанам да мислам на тебе а ти како ми враќаш... И на крајот што? Ми се јавуваш само за да се пофалиш дека си положил...океј и сеа што? Што да правам јас? Мило ми е за тебе... Не ме измачувај вака..знам дека мислиш на мене затоа што секогаш кога има добра вест прво мене ми кажуваш...знам...
...љубов,моите зборови во оваа тема не испариле,ниту пак сум престанала да те сакам како некогаш. обврските ме влечат во амбисот т.н (немање време)...лежиш во моето срце .
чуствувам дека мегу мене и тебе се заврши само кој прв ке каже знаев дека вака ке биде претчуствував а во Среда требаше да направиме еден месец заедно и ај после мајка ми нека ми спомне мажачка