како падна на мојата провокација што да облечам пред два дена-ко мува и уште облечи мини ех мече мече да облечев јас мини немаше ти мене уште еднаш да ме видиш тоа биди сигурен и конечно си ја призна својата мака-ко божем јас незнам ама сонце трпение-спасение од очите ти читам
Љубов ти си љубов и по толку време сеуште си љубов. Си се радувам за љубовта. Ама преубаво е кога ми кажуваат дека сме најзаљубен пар. Дури и по толку време. Даах а кога не зафркаваа што толку се љубиме? Сите ги сакам кога сум покрај тебе. Сите! Ти ме полниш со сончева жолто-зелена енергија. Се радувам: кога урлаш сред улица дека љубиш да ме гледаш како се смеам. И кога гајле ти е пред кој ме бакнуваш. И кога скришум ме бакнуваш додека мајка ми е дојдена кај нас на летна манџа која ти ни ја правиш. И кога го галиш кучето. И кога се бориш и заспиваш со него. И кога ме чуваш навечер. И кога ми даваш caffetin cold. И кога ми правиш зелка салата или нескафе. И кога ми го даваш цело милка орео. И кога ме бакнуваш кога се враќам од вежбање целата испотена. Кога на татко ми му принташ листа од можни добри коли. Луди еееј. Одржувајте дистанца ви се молам. И кога ми пееш неумешно. Најважно, кога ти ми помагаш да преминам преку одредени напукнатини.
што едниот чуствува или мисли другиот пишува духче-ко брат блинак да си ми а со брат ми што ми е крв сме сосема спротивни ова не го разбирам и те видов вчера-возеше некаде ама ти не ме виде мене немој да се движиш-пази да не ослабнеш
Она кога ќе ми речиш дека ти е мило што разговараш со мене. Ме топиш,знаеш? п.с: Едвај те чекам утре.Ќе бидеш добро.Верувај ми...
Конечно се чувствувам исполнето во врска со тебе. Те погодив онаму каде што најмногу те боли. Знаеш како оди тоа миличок,памти па врати И да ти одговорам на прашањата,кои мене лично не ми ги постави. Не се гледам со него. Те видов и јас како ме набљудуваш. И јас те сакам.
Мојот хипоталамус е хиперактивен од кога те сретнав тебе. Сета сива маса ми се преполни со енграми за нешто што сеуште се нема случено. Серотонинот ја преминува црвената граница, а кога моите рецептори ќе ја примат дразбата од твојата насмевка имам потреба за крв во мојот адреналински систем. И срам да ти е ако уште немаш сфатено дека ми предизвикуваш тахикардија и диспнеа...
Со тебе го имам оној јо-јо ефект. Кога и да имам сомнеж и почнувам да се оладувам спрема тебе, правиш нешто што ме враќа во твои прегратки со брзина на светлината.
Среќна сум што конечно ти се исполни желбата и тоа благодарение на мене. Треба да си горд бе што имаш девојка како мене И јас те сакам тебе
Не е проблем да се најде некој кој ќе те сака, проблем е да се најде некој кој нема да престане ... !! А ти мај френд престана Прашањето е кога јас тоа ќе го направам?