Едвај чекам да поминат овие 2 дена за да третиот те осетам до мене Знам дека и ти ги броиш саати до тој ден , а јас пак се радувам на твоите планови . Романтична вечера ,свеќи нашите омилени песни ТИ, твојот мирис,твојата преубава насмевка пред мене Те сакам , повеќе од се на светот затоа што правиш да се чуствувам како вистинска дама
Колку и да сакам да одам против себе, колку и да одрекувам, многу ќе ми недостасуваш, да знаеш... Не сакав да заминеш а да бидеш лут на мене, а сепак ете не најдовме прилика ни да се поздравиме човечки... Ти ја посакувам сета среќа, бидејќи ја заслужуваш, ти посакувам да го доживееш и да го живееш својот сон таму каде што си. А мене ми останува само да се каам за тоа што дозволив минатото да ме победи и да те изгубам, штета што не се сетив навреме каков човек имам покрај себе...
По не знам кој пат ти благодарам што постоиш, ти благодарам кога си до мене во ваквите денови. Уфф утре има да те гушкаммммммммм и тоа многу . Не поминаа ни 24 часа а веќе премногу ама премногуууу ми фалиш . Те сакам бескрајно !!!
Ти си мој најубав сон неостварена желба, ти си мој најголем бол, моја најсилна верба... http://www.youtube.com/watch?v=JXv7dxI3mog
што ти текна да ми пишеш толку изјави на љубов колку си ме сакал ти мене а ти духче гледам на Водно си бил-трошење на калории, немој ке ослабнеш коска и кожа ке се сториш како квасец си кога ми кажуваше другар ми колку си здебелен не ми се веруваше или ти е потребен мир и да бидеш поблиску до Господ па откако незнам колку девојки ти поминаа низ раце манастир ти е бест опшн евер ама познавајки те и од таму ке побегнеш-ама ти таму да отидеш-нема шанси добро ти беше ова-не се откажувам од љубовта, можеби таа веке се откажала од тебе, не си помислил на тоа и тоа што го пишав пред малку-за минатата година, дека ми доага харикири да си извршам е заради тебе кога ке почнам да размислувам,и затоа подобро да не мислам оти сите тие работи наназад кога ми се вракаат не ми е воопшто лесно ама затоа годинава Господ сакал да има некои убави работи кај мене во животот
Сакам да бидеш сега до мене и да ме гушнеш силно, како што ти знаеш. Ми требаш во вакви моменти кога не ми е добро,и незнам што да правам со себе
Зашто денес ми се правиш на удрен, кога 2 пати така суптилно ти спомнав за тоа? Зашто се правиш глуп кога не си, м? Дај не си играј више со мене, и кажи веќе еднаш што е проблемот, зашто си се предомислил. Биди барем еднаш мушко и spit it out, за што и да се работи. Не може веќе вака, живците ко тантела ми ги направи, си играш со мене како ќе ти текне. Не знам дали ми враќаш за нешто или се работи за нешто друго, не е битно, само прекини веќе еднаш, зашто не е веќе интересно, знаеш. Знаеш ли колку требаше да бидам среќна сега, м? Знаеш ли што требаше да се случува? Знаеш ли што ми значеше тоа? Уште па тогаш викаш „од кај знаеш, може ќе имаш и 3, 4 причини за среќа“. Да, гледам, све можно убаво ми избега од раце. И јас будала, мислев дека конечно и мене ќе ми се деси нешто убаво, ете некаква среќа и мене ме задесила.....Оф леле мајко, требаше да знам, никогаш не сум ја имала таа среќа, очигледно нема ни да ја имам. Јасно е веќе како ден.
Ме доведуваш до слатко лудило. Кога сум до тебе не можам збор да изустам, се тресам целата и да знаеш дека чувството е прекрасно. Поглед од твоите сини очи е доволен за во мене да запали оган, а еден збор упатен од тебе кон мене и јас навистина не знам каде се наоѓам. Денов ми беше прекрасен заради тебе, со твоето присуство ме осветли и ме стопли. Секој миг со тебе копнеам да трае цела вечност, никогаш да не завршува, да останеме засекогаш заедно само ти и јас. Твоите зборови ми ја лекуваат душата, твојот глас најнежно ме милува а секоја твоја насмевка ме прави најсреќната личност на светов. А кога поминуваш блиску до мене и случајно ме допираш, тоа е неописливо убаво чувство. Те сакам најмногу!
Остана мојата гордост, твојот инает, прокоцкана шанса и едно ветување.Можевме да имаме се, а одбравме ништо...
Ми фалиш бре говедо мое најубаво ! Да ми кажуваше некој дека волку ќе се уцапам у тебе ќе го направев будала ! Ах бре како поминуваат секундите , се повеќе и повеќе те засакувам !
Нешто што јас би го кажала ти би го слушал нешто што јас ќе го напишам ти нема да го прочиташ нешто што јас нема да го кажам ти нема да го слушнеш... Ми недостигаш да го гледам градот низ прозорците од твојата кола. Ми недостигаш ти. Ми недостига да бидам сакана. Ми недосига да бидеш тука,некаде.