Помина година и седум месеци што помина, а јас само сфатив дека сеуште те немам научено каков си. Очигледно треба уште многу да почекам, па да видам што тоа имаш да откриеш и понудиш.... Инаку добра ноќ, те сакам, ама за инает не велам....
Би му кажала дека едвај чекам да поминат уште 2 дена,да ја испратам тетката и да надокнадам за овие неколку изгубени денови!!!!! Ме фаќа криза миличок!
Ги знам времето и местото на следната средба со тебе, тие се никогаш и никаде, тоа лесно се памти барем, но не можам да запаметам дека ќе треба да заборавам и за нас... Уште чувствувам дека си тука,но тебе веќе те нема! Ќе морам да продолжам сама... А и да ти значев, ќе беше до мене во овој миг. Но не. И во право си, веќе не вреди.
го гледам духче од партија и ме потсека на тебе-само доброто е тоа што немаш толку брада ко него инаку ке земев жилет и ке те избричев а гореспомнатиот што новата фотка е цел во црно изгледа ко бумбарче -изгледа дека е нешто тажен па затоа и сликата си ја сменил бог да чува и да брани еднаш лета во облаци, еднаш скиснат ко квасец-да се чудиш и да се крстиш е што не те пратат на работа во Аердром да не те гледам бе духче а не вака тргни на една страна ти, тргни на друга страна пак ти ако не е истиот ден тогаш за неколку дена пак налетувам на тебе-значи да не можам од дома да мрднам да земам еден стап, и да те избркам од околинава
Љубов, и јас се сеќавам на некои моменти. Не си само ти тој кој што памти што ни се случувало. Ти текнува кога се шетавме по снегот тој декември. И кога јас со моите скинати чизми кои пропуштаа вода не дозволив ништо да ни го расипе тој ден, дури ниту моите мокри чорапи и замрзнати нозе, па ти пеев а ти ме снимаше.
едвај чекам да дојде утре за да те видам мечуле ко детенце си девица-љубопитен ептен ко мало детенце си сакаш да ги чуствувам твоите рачиња, толку фини, мили наместо да ми кажеш убава духче, викни ме по име-знаеш како се викам, ме знаеш година и нешто па кажи ми го тоа во лице биди маж да ја видиш мојата реакција и смисли нешто покреативно наместо се едно исто да слушам и наместо да се прашаш зошто срце не се врти, можеби и се смачило од мојов глас една труба нон стоп труби година дена да ја гледаш една девојка околу тебе и во твоја близина, и да не и кажеш дека ти се допага-значи немам коментар истава не друг ке има, ке се омажи а тебе уште ке ти се допага
А ти не ме ни погледнуваш! Спојлер се заебавам бе,мислиш имам време на тебе да мислам? ја имам оценки за поправање..
Море море што си развежбан! Пу пу пу да те серат кокошките! значи решен си да станеш многу згоден. Само сакам да знаеш дека јас те сакам и ваков каков што си!
Ми идат мисли на ум и си мислам...па да,мораше таква да најдиш,селанка,уствари повеќе сељачка од село ( и тоа оваа ептен се гледа каква е никаква, да не ги вреѓам другите девојчиња, пошто си има и паметни), помала секако, пошто само таква можи тебе да те трпи и да ја вртиш, како што претеруваше, иначе друга тешко. Ти велев јас таква да си најдиш, во право сум била, иначе никогаш нема да најдиш нормална женска. Ску*чено ми беше од се, сите твои капризи и правила. Будала јас што трпев, ама добрто, ми одговараше мене да сум со еден, а и таква сум, неможам да ја цепам љубовта,кога сакам еден,го сакам со цело срце, а и не можам ко тебе со повеќе,одвратно е тоа. И којзнае колку си ме варал и низ годините... А ти никогаш така нема да знаеш вистински да сакаш,знаеш зошто? Еднаш се вљуби,се осеќаше колку имаше изгубено глава, но не се бореше и го изгуби тоа,а сега,се што целиш е само секс, а така верувај никогаш нема да чувствуваш нешто долгорочно, како што се колнеше, а и како што можеше да биде, ако беше ко на почеток. Ама готово. А неа, ја жалам кутра, ќе ја скапиш лажење и вртење, не знае што ќе си трпи и пропати. Уште од почеток не и се постави искрено, не па за понатаму. Шо се занесуваш бе ти, дека си Хју Хефнер? Ахахах далеку си од тоа, гревче. Не сакаше да си нешто кога можеше, сега нема ни да се потрудиш да бидиш. А тоа што го правиш еден ден ќе запри, а тогаш ќе видам баш... А и се врти кругот, ќе ми падниш в раце некој ден...Тогаш ќе се моите 5 минути.
Не, не ме повреди ти....како самата да ти дадов остар нож и наивно ти го oткрив срцето...Не губеше време. Воопшто. Чекаше погоден момент. Толку ли уживаш да гледаш болка и поразеност во мојот поглед? Што си ти, мазохист? Не можам да ти кажам дека си идиот, кретен....но едно си...бесчувствителен! Ти си егоист. Мислиш само на себе. Мојот поглед беше отворена книга..ти дозволив се да прочиташ од него.Ти продолжи понатаму и како прашина ме избриша од својот пат. Го имаш мојот благослов, уживај во животот! Но...знаеш што е најболно? Тоа што знам дека ТОКМУ ТОА и ќе го направиш. Како никогаш да не сум постоела во твојот живот. Како никогаш да не ги распослав своето чисто срце и тело во твојата валкана постела. И чекав....чекав да ми пружиш љубов и внимание, го заслужував тоа. Барав само внимание. Добив животна лекција. Сега морам да бегам! Разбираш ли, се плашам дека ако повторно ни се вктстат патиштата јас повторно би можела да потклекнам пред тебе. За тебе се е само игра, а јас се борам со сопствените чувства...моето срце ќе победи. Го жалам твоето, во него вечно ќе водат војна егото и љубовта!