Што би му кажале...

Дискусија во 'Врски' започната од Lilit, 13 декември 2009.

  1. crazyinlove19

    crazyinlove19 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 март 2011
    Пораки:
    3.753
    Допаѓања:
    3.732
    Ти си мојата среќа и моето страдање, мојата слатка болка. Слушни го моето срце како плаче и моли за тебе, види ја љубовта во моите очи, кога поминуваш покрај мене застани и барем за миг прегрни ме. Те сакам најмногу! :inlove: :l:
     
  2. Decapitated.Hanna

    Decapitated.Hanna Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 ноември 2012
    Пораки:
    798
    Допаѓања:
    578
    Ама не ти беше вчера сеедно коа се испонашав онака како ти што правеше во последно.
    Не ме терај да бидам ладна спрема тебе, па пак загреана итн.. јас не функционирам така.
    Или те сакам или не. Па ти одбери си на која фреквенција сакаш да бидеме. Колку давам, толку и очекувам за возврат. Немој да мислиш дека ке трчкам околу тебе. :!: Не е мој стил едноставно. ;)

    А да.. и побрзо да ми оздравиш.
     
    На MiaJ му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Beauchamp

    Beauchamp Популарен член

    Се зачлени на:
    4 септември 2011
    Пораки:
    1.930
    Допаѓања:
    5.609
    Пол:
    Женски
  4. Veki4kaa

    Veki4kaa Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јануари 2012
    Пораки:
    5.519
    Допаѓања:
    18.509
    Пол:
    Женски
    I love to love you! :!:
     
    На Summerlover му/ѝ се допаѓа ова.
  5. ku4ence

    ku4ence Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јануари 2013
    Пораки:
    883
    Допаѓања:
    1.756
    Пол:
    Женски
    Море ти е*ам то леките, ај поубав си со црни очи жими све, кај се.. Aма симпатичен си и со сините ти леки, не викам не :wasntme: ај арен си и така, не коментирам повише. :|
     
    На Veki4kaa му/ѝ се допаѓа ова.
  6. vitomir

    vitomir Нов член

    Се зачлени на:
    4 ноември 2011
    Пораки:
    2.095
    Допаѓања:
    3.629
    ..........кога ти тропаш на нивната врата и бараш да те пуштат за да им ја дадеш душата...својата душа и срце..своето најголемо богатство на секој човек тие ладнокрвно те одбиваат....те остааваат да се давиш во сопствените чувста и емоции..да изгориш во желбата за љубов...топлина...искреност...разбирање....те оставаат за загинеш без никамлку грижа на совест....А кога ќе видат дека си успеал и без нив да најдеш парче среќа...трошка љубов...искрена прегратка....тогаш тие се враќаат ...е тогаш се тука до тебе.....ТИЕ истите луѓе што некогаш не сакале ни да те погледнат сега кога си среќен без нив сакаат парче од мојата твојата среќа..
     
  7. green.eyes

    green.eyes Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 јули 2011
    Пораки:
    2.886
    Допаѓања:
    31.524
    Пол:
    Женски
    И пак ми докажа колку можам да бидам глупа понекогаш, колку можам да се излажам во врска со тебе. :$

    Ми покажа дека си стоиш на зборот.
    Ми покажа дека се би направил за нас.
    Ми покажа дека вредело што сум чекала.
    Ми покажа дека треба да ти верувам.
    Ми покажа дека си највредното нешто што го имам.
    Ми покажа дека не ја менуваш одлуката.


    Немам зборови да искажам колку убаво ме изненади. Колку многу ми растера сите можни сомнежи кои ги имав без некоја посебна причина. Колку многу ти значам.

    Сонце си ти! Љубов! :* :l:
     
    На Libera му/ѝ се допаѓа ова.
  8. ocila

    ocila Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 април 2012
    Пораки:
    5.513
    Допаѓања:
    1.900
    Барав некој
    -кој ќе ми гушне кога сум љубоморна
    -кој ќе ме разбере
    -кој ке ме стисне за рака кога ми е тешко
    -кој ќе сака
    -кој ќе ме трпи
    -насмева и расположува
    ТИ СИ ТАКОВ ...Е СЕГА НЕ ТЕ ИСПУШТАМ.. :D :D :* :* :inlove: :inlove:
     
  9. Mrs.Cuper

    Mrs.Cuper Популарен член

    Се зачлени на:
    10 август 2011
    Пораки:
    2.790
    Допаѓања:
    2.553
    Пол:
    Женски
    Знаеш што си ми ти :D
    [​IMG]
     
    На Summerlover му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Ligavka

    Ligavka Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 септември 2011
    Пораки:
    225
    Допаѓања:
    88
    Те сакам ,те сакам ,те сакам бескрајно.. :* :l:
     
  11. Ingvild

    Ingvild Популарен член

    Се зачлени на:
    4 септември 2012
    Пораки:
    605
    Допаѓања:
    3.769
    И двајцата сме свесни дека меѓу нас ништо не е завршено. Толку добро приказна едноставно неможе да има таков лош крај. Крај за ситница, за обична глупост. А на спротивната страна безусловна љубов, неизмерна среќа... Па ти сега сам сфати си кое повеќе тежи.
    Т.е. мислам дека веќе сфати. Но предоцна, за жал. Сфати од како веќе ме изгуби. Не ме ни чуди, баш типично за тебе... По втор пат истата грешка ја правиш, но тука јас сум таа што треба да замолчи зашто ако се водиме според тоа "Тој што неколку пати се сопнува од ист камен, заслужува да си ја скрши ногата!" јас сум таа што сега треба да лежи на трауматологија обвиткана со завои и на нозе, глава, раце...

    Да го ставиме тоа на страна. Грешката е веќе направена и назад нема. Но без тебе нема ни напред.
    Поминаа скоро 6месеци од тогаш и неможам со зборови да опишам колку си ми потребен. Да бидеш покрај мене... Кога сум тажна, среќна, изнервирана, разочарана... Секаква, а пак да ме сакаш!
    Ужасно ми фалиш! Скоро пола година, пола година од тогаш бре човеку... Не живеам, само преживувам!

    Што си направивме?! Зашто вака дозволивме да се уништиме?! И до кога ќе си тераме инает?!
    Знаеме дека никаде не не води тоа, а упорно продолжуваме... Ај шо одиме против сите, ама против сами себе бе?! Освен болка ништо не добиваме и пак со глава во ѕид. Не ме ни чуди, ние сме... Убаво викаше ти, мазохизам.
    Само уште неможам да сфатам зашто ја умеша неа во целава НАША приказна?!
    Не е она ништо крива, зашто и таа да страда?! о.О
    Или пак мислеше дека ќе поверувам дека ти е убаво со неа?! ХА ХА ХА!
    И сите паднаа на тоа, поверуваа... ОСВЕН ЈАС бе душо моја, затоа што јас НАЈДОБРО од сите те познавам! Ама ти изгледа тоа го заборави...
    И додека сите мислеа дека ќе треба да ме тешат, јас се смеев... Смешна ми беше твојата глума, и ти, а и она... Највеќе она, затоа што мислеше дека ќе успее да ме замени. А во тоа нема да успее НИЕДНА, повеќе од сигурна сум.
    А знаеш кога бев најрадосна?! Кога паднаа маските. Кога прекина целата таа твоја драма.
    Искрено, ми се кренаа акциите... Затоа што уште еднаш ме увери дека сум ти една и единствена, незаменлива... Биди со која сакаш, нема да го имаш тоа чувство кое го имаше со мене. ;)
    И сфатив дека и тие две недели кога беше со неа, мислеше на мене. А по се тоа со неа, и ти сфати дека сеуште ми припаѓаш. Сфати дека беше, си и ќе бидеш МОЈ! :)

    Да не испадне дека нешо се кревам... И јас сум само твоја. Ама јас тоа си го признавам на самата себе. И не се обидов ништо со никој затоа што знаев дека така ќе ми биде дупло потешко.
    Како што ти е тебе моментално. Али знаеш, кој што си бара... тоа и ќе си најде! :)

    После првата твоја љубов, онаа детската... Можеше да бидеш со други и да бидеш среќен.
    После МЕНЕ и ОНА НАШЕТО... Неможеш да функционираш така проклето добро со ниедна. И да бидеш пак така збрлавен од среќа.
    После првата твоја љубов... Можеше да продолжиш како ништо да не било.
    После МЕНЕ... Целосно се смени.

    До некаде и мило ми е бе, искрено... И знам дека кога-тогаш пак ќе ме побараш.
    Пак ќе ми се вратиш. И да ти кажам, живеам за тој ден! :* :l:
     
  12. srcekrsacka

    srcekrsacka Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2010
    Пораки:
    2.952
    Допаѓања:
    1.752
    кога ке си се вработел, ке си купел автомобил и секој викенд ке си бил надвор од Скопје
    а јас што е со мене бе себичен :^) каде сум јас во сета таа приказна :?:
    арно ти пишав шетај само пази да не прошеташ од мојот живот од втора шанса не добиваш па мајка Јана да е :!: понекогаш се прашувам што чуствуваш ти за мене или :l: ти е од камен :!:
     
  13. sever123

    sever123 Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 јануари 2013
    Пораки:
    89
    Допаѓања:
    98
    [​IMG]
     
    На Cacy, Name, Hipica и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  14. fatamorgana123

    fatamorgana123 Популарен член

    Се зачлени на:
    11 февруари 2013
    Пораки:
    1.273
    Допаѓања:
    1.530
    Биди добар.
    Не биди депресивен.
    Не донесувај одлуки на кои подоцна ќе се каеш.
    ;(
     
  15. karenin

    karenin Популарен член

    Се зачлени на:
    8 март 2010
    Пораки:
    1.426
    Допаѓања:
    2.172
    Кога се борите со малото лудило како да не посакам да се припијам до вас двајцата. А аа?

    Ас сум на 7 - мичко небенце кога се обидуваш да ме караш :rofl:. Несериозност од нас, ццц! Срам да ни е на годините што ги имаме.
     
  16. Libera

    Libera Популарен член

    Се зачлени на:
    1 септември 2011
    Пораки:
    1.278
    Допаѓања:
    5.908
    Пол:
    Женски
    Понекогаш се сеќавам на тебе, онака бледо, магловито, со напор се обидувам да го нацртам твојот лик низ мисливе...
    Знаеш што најмногу ме боли?
    Што не си ми асоцијација на нешто лошо, иако многу ме повреди. Не ти значев, ми го покажа тоа со многу дела, а сепак кога ќе ми дадеше малку надеж, не постоеше мерило за радоста.
    Оној глас, на пејачот од Санрајз Авенју, песната која ми ја посвети, не ми буди сеќавање на човекот поради кој најмногу плачев, а кој енермно уживаше во тоа.
    Ме потсеќа на првата средба, кога друга ти се пикаше, а ти со поглед ме молеше да се вмешам. Само ти се смешкав, зашто знаеш, јас никого со сила не сум терала да биде мој. Ти го паметам исплашеното лице и знаеш...само тогаш мислам дека беше вистински пред мене.
    Намерно не оставаа сами, а јас толку многу имав страв. Страв поради твојата врска која тонеше, но сепак постоеше, страв дека ќе ме искористиш, страв дури и да ме допреш. Но, за разлика од сегашниов, кој кога се најде во таква ситуација, направивме грешки, ти чекаше да ставиш крај пред да дозволиш било што.
    Со мојата ужасна меморија, толку жалам што не ми исчезнал ниеден твој збор - Колку ми е жал што не можам да направам нешто.
    И знам, кога сите си отидоа, ми пиша порака за да ми кажеш дека сум ти се допаднала и убаво си поминал. Не можев да заспијам.

    Дознав дека сте раскинале. Страв, повторно тој проклет страв. Што ако не успее, што ако прерано те натерав да се надеваш?

    Оној ден, на втората средба, не сакав никој да дознае за тебе. Ги натерав да ме остават погоре на улицата, за да не те видат. Го памтам секој детал, твојот претерано силен заводлив парфем, прекрасната насмевка и жолтата боја на мојата блуза.
    Требаше да сфатам уште тогаш, кога за прв заеднички состанок го избра местото позади зграда на твојата бивша. А јас будала, занесена...летав. И кога ме замоли да седнеш до мене, те пуштив и со тресење ја оставив чашата со вино на масата. Не знам дали беше до алкохолот, темнината, но твојот мирис и твојот допир направија да се изгубам. Кога ме бакна, беше најубавото чувство кое сум го искусила во животот.
    Знам само дека додека и раскажував на другарка ми за нашата средба, таа ми рече - Мори будало една, си го натерала да го турка моторот, зарем не знаеш колку тежи? Се вцрвенив.

    Сакаше да ме гушнеш пред да си одам, а толку проклето ми беше срам од сите минувачи, што одвај ти дозволив. Беше среќен. Ете таков сакам да те имам во сеќавање. Не знам дали поради завршетокот на нешто ужасно, нешто кое те повредуваше, а не можеше да најдеш сила да донесеш одлука или поради почетокот на нешто убаво, нова личност во твојот живот, нова надеж за среќа...

    И така некако тивко заврши една за мене убава приказна, до тогаш. Се` понатаму, годините низ кое правевме обиди да обновиме нешто што одамна изумрело, годините низ кои си поигруваше со мене, времето во кое имаше друга до тебе, а сеуште ме тераше да се надевам...го заборавам. Не на сила, не затоа што го гледам доброто во луѓето. Едноставно, а сега сосема јасно, токму затоа што толку ме уништи. Ми копаше по срцето, бев на работ да те имам пак, а кукавички бегаше.

    Секогаш се прашувам, дали кога и ако те видам, ќе има некоја искра во мене и ќе се скаменам? Веројатно да. Далеку од љубов е. А дали го направив вистинскиот избор? Не се ни сомневам. Ама ете, стих од песна ќе ме потсети и за разлика од тебе, ќе уживам во прелистување на спомените.
    Се ми се чини дека кога ќе бидам 70-годишна баба, и понатаму ќе ми минуваат овие сеќавања.
    А до тогаш, се надевам дека девојката е толку добра домаќинка, што ќе се здебелиш, ќе пуштиш брада и ќе умреш грд.
    Се шегувам (до некаде - грд секако ќе умреш). Остани ми среќен и во добро здравје. :hai:
     
    На Izaabella му/ѝ се допаѓа ова.
  17. srcekrsacka

    srcekrsacka Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2010
    Пораки:
    2.952
    Допаѓања:
    1.752
    најнормален разговор -сме дошле до недоразбирање ти леле мори мајко
    мамина мазо 33 години имаш :fubar:
    женско што сум ни мајка ни татко спомнувам а сум помала од тебе :!:
     
  18. vitomir

    vitomir Нов член

    Се зачлени на:
    4 ноември 2011
    Пораки:
    2.095
    Допаѓања:
    3.629
     
    На EmpressA, ocila и vinozito1 им се допаѓа ова.
  19. Moonstone.17

    Moonstone.17 Популарен член

    Се зачлени на:
    16 април 2013
    Пораки:
    592
    Допаѓања:
    1.862
    Пол:
    Женски
    Се кладам дека не знаеш! :D
    [​IMG]
     
    На sever123, Lovy1, deedee0 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  20. Hipster

    Hipster Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јули 2011
    Пораки:
    5.779
    Допаѓања:
    22.423
    Пол:
    Женски
    М,
    Ми фалиш дури и повеќе од лиснатите и кросаните од Дезо :(
    Живот, јбг...
     
    На Hipica му/ѝ се допаѓа ова.