1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Што би му кажале...

Дискусија во 'Врски' започната од Lilit, 13 декември 2009.

  1. Ivona-Beyonce

    Ivona-Beyonce Активен член

    Се зачлени на:
    15 октомври 2013
    Пораки:
    33
    Допаѓања:
    11
  2. Dog-lover

    Dog-lover Популарен член

    Се зачлени на:
    13 февруари 2013
    Пораки:
    1.510
    Допаѓања:
    3.743
    Пол:
    Женски
    Не,не си ме заборавил.. знаев, значи знаев.. :dance: а се надевав дека ќе ми пишеш, само што помислев , ете си.. :sun: ти текна.. ми иде едно оро да свртам околу соба од среќа :talk: :rofl:
     

    Прикачени фајлови:

    На rrrrrrrrrrrrrrrrrrrr, HeidiDiWalt и Ketrin.Moon им се допаѓа ова.
  3. fatamorgana123

    fatamorgana123 Популарен член

    Се зачлени на:
    11 февруари 2013
    Пораки:
    1.273
    Допаѓања:
    1.530
    јави ми се некогаш и ти.
    Се чувствувам како да ти сум досадна.
    :doh:
    И да.Ме смееш колку што умееш и не умееш.И да.
    Те сакам многу.
    :l:
     
  4. Lepaaa

    Lepaaa Популарен член

    Се зачлени на:
    5 февруари 2011
    Пораки:
    2.069
    Допаѓања:
    8.098
    Пол:
    Женски
    Ми фалиш... Болно ми фалиш!
     
  5. karenin

    karenin Популарен член

    Се зачлени на:
    8 март 2010
    Пораки:
    1.426
    Допаѓања:
    2.172
    Не ни сонував дека моите утра ќе започнуваат со твоите бакнежи.
    Не ни замислував дека ќе ја доживеам топлината од тие твои вечерни бакнежи за сладок сон.

    Знаеш ли само колку место има во срцево за тебе - Знаеш дека ти ме прероди и ми ја дари желбата да верувам во животот.
    Само ти успеа да допреш толку длабоко во мене и да ме разбудиш.
     
    На Cacy, blackstyle и Hipica им се допаѓа ова.
  6. Thallia

    Thallia Популарен член

    Се зачлени на:
    10 октомври 2013
    Пораки:
    2.805
    Допаѓања:
    18.795
    Ми значиш... повеќе од што и сама бев свесна за тоа...
    Повеќе отколку што и можеш да замислиш...
    Дали ќе имам можност да ти го кажам некогаш ова?
     
  7. girlx3

    girlx3 Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 декември 2012
    Пораки:
    227
    Допаѓања:
    142
    имам идентична копија на тебе до мене..дури и кавгите ни се исти,истите зборови ми ги кажува како и ти..буквално исти како тебе е..со него минувам низ истите работи како и со тебе,ниту малце не се разликува од тебе..замисли и ист хороскопски знак сте,дури и само еден месец сте разлика,и денот ви е со иста бројка..и да барав неможев да најдам некој посличен на тебе,а мене тоа ме боли,ме потсеќа на тебе..ама исто како и од тебе,неможам и од него да се откажам..исто е се..само името е различно..физички го гледам него..ама кога ке почне да ми збори те слушам тебе..и зарем неможам да престанам да мислам на тебе..или несакам? :?:
    ама знаеш во што се разликувате он знае да каже извини кога греши,а и несака да ме нервира со глупости како ти..се надевам нема да имаме онаков крај како со тебе...
     
  8. francais

    francais Популарен член

    Се зачлени на:
    23 ноември 2012
    Пораки:
    667
    Допаѓања:
    1.283
    Ми недостасуваш.
    Ама мора вака.
    Не сакал универзумот да постоиме.

    Копнеам да ти го слушнам гласот.
    Да слушнам како се смееш.
    Сакам да го почувствувам мирисот на нас..

    Ама мора вака.
    Подобро е вака.
    Ми недостасуваш, како средишно парче од сложувалка.
     
    На fatamorgana123 и Ketrin.Moon им се допаѓа ова.
  9. Decapitated.Hanna

    Decapitated.Hanna Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 ноември 2012
    Пораки:
    798
    Допаѓања:
    578
    Ее срце еднаш и ти да осетиш љубомора.. заебано е чувството, м? :D
     
  10. srcekrsacka

    srcekrsacka Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2010
    Пораки:
    2.952
    Допаѓања:
    1.752
    не ми е јасно зошто воопшто мислам на тебе :!: :punch: |(
    а замисли да се случеше тоа што ти сакаше, но јас не ти дозволив-ке се чуствував ко искористено парталче :x добро е што не се случи :!:
    арно рече ти-ако почуствувам и мала несигурност се повлекувам-човек од збор си
     
  11. Oxymoron

    Oxymoron Популарен член

    Се зачлени на:
    19 октомври 2011
    Пораки:
    1.394
    Допаѓања:
    12.261
    Кога последен пат пишував во темава, бев изгубена. Му дадов втора шанса на еден тип со кој упорно не одеше, а упорно сакав да тргне. Не бев толку заинтересирана колку што бев осамена.

    Во меѓувреме се ослободив од голем товар од моето минато. И можеби, само можеби, треба да затвориш една врата, за да ти се отвори нова.

    Помина доста време оттогаш. Во меѓувреме, те најдов тебе. Поточно, ти ме најде мене. Важното - се најдовме. Два тотално различни света се судрија. Студираме на тотално различни факултети, слушаме различна музика, излегуваме на различни места. Замислете ги двете најодалечени точки во Скопје - тоа сме јас и ти, не делат десетици километри. Помеѓу нашите караници, инаетење, километарски пораки, и твоето убедување дека покрај се`, сме сродни души, решив да ти дадам шанса. И тоа беше најдобрата одлука што сум ја донела во последно време.

    Иако сме заедно кратко, не е се` совршено. Имаш твои моменти, и јас имам свои, ми сметаат некои работи, и тебе ти сметаат, и и двајцата сме прилично гласни и јасни во своите непроменливи ставови. Далеку е од совршено бе! Ама знаете што научив? Не треба да биде совршено. Сосем е в ред да биде понекогаш тешко, понекогаш комплицирано, за да се запрашаш одвреме-навреме: „Дали човеков вреди и дали треба да продолжам да се гледам со него?“ Се` додека одговорот е да, ќе ги надминете проблемите, и ќе направите да успее. И додека и двајцата одговарате со „да“ на прашањево, ќе ви успева и ќе одите напред.

    Можеби не сум во право, и можеби не знам се`, но сигурна сум во неколку работи: убаво ми е кога ќе ги видам тие бели правилни запчиња и таа развлечена насмевка, или кога ќе се разбудам наутро, и ме чека порака „Добро утро, убава“, сакам кога ми викаш дека сум твоја, мило ми е кога ме запознаваш со сите твои другари и домашните, ме почитуваш и секогаш ме прашуваш дали нешто ми смета, правиш да се чувствувам добро и имаш неверојатна смисла за хумор, едноставно - убаво ми е со тебе. И тоа ми е доволно :)
     
    На SparkyAngel и Ketrin.Moon им се допаѓа ова.
  12. Katerinceee

    Katerinceee Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јуни 2012
    Пораки:
    814
    Допаѓања:
    1.230
    Пол:
    Женски
    Во јавноста незнаеш, а јас кога те прашав знаеш :o какво чудо ејјј ;)
    Мислиш дека лесно ке поминеш? А што си направил и што правиш?
    Само едно ке ти кажам-нема да ме препознаеш премногу се сменив за еден ден, а тебе ке те наместам на најубавото место каде ти прилега во пеколот :*
     
  13. srcekrsacka

    srcekrsacka Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2010
    Пораки:
    2.952
    Допаѓања:
    1.752
    убаво што те сретнав дечко-баш ме потсети дека не треба да си ја барам бељата со тебе-т.е. одамна со тебе не си ја барам :D туку со слични на тебе-пример бившиов :!:
    на таквите Господ ке има врати-не на рати туку со камати :!: само не ми е јасно како така пребледе кога му кажав дека моите дома не знаат дека јас и од излегуваме :?: ко нешто да му беше чудно :?:
     
  14. Tori1

    Tori1 Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 ноември 2013
    Пораки:
    74
    Допаѓања:
    95
    Прими сочуство умре мојата љубов кон тебе ! ;)
     
  15. bekii

    bekii Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 јули 2010
    Пораки:
    205
    Допаѓања:
    53
    Ми недостасуваш, едвај чекам да те видам, ке издржиме уште 1 месец :* :inlove:
     
  16. aways

    aways Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 март 2012
    Пораки:
    188
    Допаѓања:
    660
    :devil: Имам кратко прашање и долго размислување околу тоа што се случува со нас. :devil:
    ДАЛИ КРАЈОТ ВАКА МИРИСА ?! :?:
     
  17. Katerinceee

    Katerinceee Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јуни 2012
    Пораки:
    814
    Допаѓања:
    1.230
    Пол:
    Женски
    Неоди вака и самиот си свесен, не е како што беше во изминатите два месеци. Неможам да го видам сјајот во твоите очи кога ме гледаш, прегратката не е прегратка како порано, а рацете се преладни.
    Само сакам да ти кажам едно нешто, да признавам бев многу повредена и скршена и се и на крај среќата ја побарав во тебе барајки го него (првата љубов, или твоот бивши најдобар другар).
    Се започна толку неочекувано, но знам дека разумот влијаеше на срцето. Батајки го него, те пронајдов тебе, но ти барајки ја нејзе неможеше да ја најдеш и се откажа. Првиот ден кога се видовме, кога седевме сами под синото небо преполно со ѕвезди, тогаш незнам немав чувства за тебе воопшто. Кога ме бакна во образ кога си одев ме забоде како нож во срце и плачев многу плачев затоа што првиото машко кое ме бакнало беше ти а не тој...Потоа се случи и оној вистински прв бакнеж, но од тој момент те засакав многу и премногу да се каже. Твојот глас, твојот мирис, твоите прегратки, твоите очи, твоите усни...уште сега ми недостига СЕ! Сите наши глупости, понекогаш и глупи муабети, зезањето, шетањето, саботите, едноставно се наше ми недостига. Времето минува спомените остануваат, а едни луге остануваат други си одат и така.Те сакав вистинси, ти ми беше мојата втора искрена љубов, ти само ти. Во тие два месеци ниеднаш не помислив на него, само првата недела и толку беше. Ти постојано ми беше во мислите, а кога ке те видев се чувствував како цел свет да го имам во дланка. Прекратко траеше, но имаме многу за сеќавање.
    А сега? Не оди не, ти премногу се смени и поради тебе ме натера и јас премногу да се сменам и тоа е добро да. Сега се ближи крајот знам, неоди така само со кавги и расправии, после пет дена да ми пишуваш. Искрено ме умори, не за друго туку со твојата претерана гордост. И јас сум човек, имам своја гордост и свое достоинство, немаш само ти. Да ми пишеше бар еднаш прв, прв да ми се јавеше, прв да ме прашаше нешто немаше да биде до овде. Јас бев таа која секогаш с еборев за нас, јас бев таа која се попуштав, јас бев таа која никогаш неможеше да ти се налути и јас бев таа која те сакав како луда. Знам во луди години сме, ама понекогаш треба подлабоко да се размисли за некои работи. И сега ке ти кажам да одиш, и оди те молам не вели ништо само оди. Неможам веке преуморна сум, се виде дека јас сум победникот во борбата а ти како губитник кој одма се откажува од СЕ. Не е лесно да одиш тукутака ама гледам дека ти е сеедно и пред се машко си одамна имаш преболено, а јас секогаш ке се секавам низ се што поминавме и ке плачам затоа што сум девојче. Јас во животот единственото нешто кое го мразам е збогувањето, но овојпат вистински треба да се случи. Колку и да е тешко, колку и да боли-мора.
    Несакам да ме мразиш, бидејки обично вие машките вашите бивши се ги пцуете и навредувате, те молам бар мене немој да ми го правиш тоа бидејки после се јас не заслужувам. Сакам да бидеме на еден начин другари бар едно здраво во иднина. Сакам да имаш скеогаш свое ЈАС во животот, да не ги слушаш другарите затоа што тие несекогаш ти мислат арно. Биди погрижлив за се, посебно кон оние кои ги сакаш. Биди секогаш насмеан како досега што беше, никогаш немој да го заборавиш тоа. Ахх палавко мој многу ми е тешко но што да правам кажи ми, се изморив неможам да се борам против самата себе неможам. Оди некаде во некое срце кое вистински ке подариш љубов и сјај, само тоа вети ми го. Знај дека те сакам премногу! Твојата "Кате" :)
     
  18. Lovely93

    Lovely93 Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 септември 2013
    Пораки:
    2.637
    Допаѓања:
    2.020
    Пол:
    Женски
    Да беа барем половина луѓе на светов како тебе, би било 100 пати поубаво за живеење. Но ти си уникат и доволно е што мене ми го правиш животот поубав за живеење. Колку знаеш да се израдуваш на ситници, за мал знак на внимание ми рече дека ова никогаш нема да ми го заборавиш. :) Те обожавам! :hug:
     
  19. srcekrsacka

    srcekrsacka Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2010
    Пораки:
    2.952
    Допаѓања:
    1.752
    ми недостигаш по малку наутро и навечер
    преку ден навака и натака со луге полесно ми е
    дефинитивно ми треба време да те надминам :!:
     
  20. Gioia

    Gioia Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јули 2011
    Пораки:
    646
    Допаѓања:
    612
    Пол:
    Женски
    Дека толку го сакам и ми недостига што веќе не го ни поднесувам...
    И дека нема лек против сеќавањта,морам да му го дадам срцево очигледно за да сфати како се чувствувам...
    На некои луѓе не им е судено очигледно...Курва судбина...