Неможам без тебе, неможам, едноставно тоа чувство во мене е појако, кога ке помислам на разделба ми се вкочануваат сите можни вратни жили, ми се стеснува грлото, ми навираат солзи... Едноставно те сакам премногу, заслужуваш да бидеш толку многу сакан бидејки знам колку ме сакаш, колку си спремен на се само да бидеме заедно. Не те сакам радост моја, те обожавам. Со тебе на крајот на светот и назад.
Најголемиот дел од врските пропаѓаат или поради изчезнување на љубовта и симпатиите,или поради откажување и немање храброст да се вложува,за да не бидеме повредени. Кај нас има и љубов и многу голема храброст. Несакам да го изгубам тоа што го имаме,несакам да бидам со некој друг,сакам да сум со тебе и само со тебе...Те сакам!
првиот ден откога се разделивме ми беше многу тешко-си признавам па не сум јас од камен ама секој ден некако по малку го прифакав фактот дека веке не сме заедно-премногу сме различни, тоа е факт се надевам дека ке ја најдеш вистинската а мене никогаш љубовта не ми била јака страна така да во врска по секоја цена-не баш времето, ке си го каже своето
Ич не ми е сеедно со тоа што ме ставаш на игнор Ми враќаш нели, за се што ти правев јас сега ти ќе ми враќаш. Проклето болело! А знаеш што е најтешкото и најболното во оваа ситуација што ти нема да го дознаеш ова нема... И ме мислиш само дека си играм со тебе и дека ми е сеедно дали ми пишиш или не. Епа не ми е сеедно не ми е ич. Се радувам кога ми пишиш ама го нема веќе тоа. И морам да се правам силна пред другите и да велам дека не си ми значаен бидејќи ако им кажам дека си ми важен не би ме сфатиле. Ама и по малку не си фер ете пак сме пријатели на фб. јас го направив првиот чекор ти си на ред сега ама ако акоооооооооооооо
И не бев ни свесна се случи за миг, се појави ти, но се плашам да не бидеш ти како него, и ти да ме оставиш http://www.youtube.com/watch?v=D-ErzjiM8fw
И денес се видовме.... колку посакувам штом влезеш в канцеларија да ме зграпчиш, да ми кажеш се што не смееме а очите ни говорат..... но останува само копнежот нели? Се сретнавме предоцна, а тоа боли.......................
ахх колку сакам да те видам... ми фалиш толку многуууу премногуууу... се е така тажно и глупо без тебе Срце мое толку многу ми требаш..Те сакам повеќе од самата себе .. ги бројам деновите до денот кога ќе те видам, гушнам , бакнам аххх уште само 1 неделааа
Денес те споменав пред една личност која знам дека ти е многу драга... За возврат добив една притаена насмевка... ме прочита, ама се надевам дека ќе ти го пренесе она што и го кажав доколку разговарате
Ми требаш, ми фалиш и едвај чекам да те видам. Едвај чекам да те гушнам и да бидеме малку насамо. Такво нешто од кога не се случило. Се во некои гужви, работата твоја глупа, другари, прошетки, пијанки..... Ми требаш на само да ти кажам два-три збора.
Убаво си поминав вечерва. Излегов бесна, а се вракам мирна како јагне од кај тебе. Ме смируваш, ми даваш чувство на сигурност како никој досега.. сакам секоја вечер да тонам кај тебе в прегратка и насабајле до тебе да се будам, па да те гњавам едно добар пола саат и повеќе .. не барам многу, нели? Spoiler Добра ноќ мило, ми те сакам.
Да знаеш дека играш прљаво...! Секакво поткупување на моето семејство и тоа со пита-вечера е неопростливо. И тоа големи посебни си купил за секого од нас. Не си нор-р`Рмален. Што си е лудо лудо си е. Среќа, кога ќе те џорнам како уживаш во топлината која ја дарува моето семејство. Spoiler Многу ми го топлите срцето и ги меморирам вашите насмевки.
Денеска е посебен ден..до денес,заедно сме 8 месеци.. Убаво звуче..ветува. Можеби не бев најдобра,но се трудев.. Знам дека бев повремено збунета,и сеуште сум.. Но ќе пробам да се сменам,поради тебе,мене,нас.. Ќе ти се посветам максимално.Ветувам! те сакам..