Љубов моја! Во моево срце засекогаш е врежан само твојот потпис, твоето име за мене најубаво и најсакано. Последната капка крв би ја дала за да бидам со тебе. Ти си како најпрекрасна слика во која би сакала засекогаш да гледам. Да те гледам, да се воодушевувам, да живеам! Сакам кога зборуваш, кога го слушам твојот волшебен глас и одеднаш ме погледнуваш. На моето лице се појавува најискрената насмевка, знак на мојата најголема љубов кон тебе. Кога сум до тебе треперам како лист на ветер. Беспомошно сум изгубена во овој волшебен занес. Во твоите две сини, прекрасни очи сакам да тонам засекогаш. Остани до мене засекогаш, знај тоа ми е единствената желба. Те сакам најмногу!
Данке за чорапите. Ама да знаеш дека не ми се стоплија стапалата. Сеуште ми се мраз. Че се вртиме вечерва како млади мајмуни?!
гледам колку ти беше гајле за мене-кога ти пишав што се случило на гинеколог ми препорача докторката маст-ти добро е, дали си ти нормален со вакви проблеми на градите на 28 години што ке биде после очигледно е наследно и мајка ми го имаше истиот проблем ама на 40 и неколку обично се вели долга коса-краток ум ама кај тебе е прекратка коса и уште пократок ум неза џабе ти си БИВШИ еве сега си слободен-прави што сакаш
Јас без тебе ако сум ќе умрам! Нема да можам да живеам без тебе, ти без мене можеби ќе можеш, ама јас без тебе НЕ!!!
Многу ме интересират шо ќе ни донесит зимава. Имам некои претпоставки, и најверојатно ќе се исполнет. Решена сум јас ама неќам да избрзам, то е сеа. Макар шо сепак не знам како ќе испаднит во моментот. Еден поглед мојт да сменит се`. Како и да е, си ветив дека шо и да е ќе поднесам најубо што можам. За промена. Да, да.
Иду нам дани једен по један...јас те сакам исто како порано, премногу те сакам. Тешко ми е но неможам да најдам зборови да се искажам да ми олесни, да ми олесни неможе додека ти си далеку од мене, додека зборовите што ги кажуваш не ги замениш со дела. Сакам да ти верувам и ти верувам, но во последно време многу ми се мешаат мислите, сешто ми поминува низ глава. Зашто зашто ова се случува ?? Се обидувам да те сфатам имам размислено 1000 пати за се што се случило, ти ми даде надеж најмалку кога очекував ти ја врати радоста и светлината во мене, ми кажуаше колку ме сакаш и кроеше иднина со нас двајцата, на почетокот мислев дека човек неможе да се заљуби толку брзо, но видов дека грешам дека можело, те прифатив и јас те засакав и заедно ја планиравме иднината, и одеднаш повторно темница така со месеци и сега повторно си ТИ на дневен репертоар, повторно мојот живот се врти околу тебе ми даваш надеж го распалуваш оганотм златичко мое возрасни луѓе сме , не се збори на фб, тешко ти е да ме слушнеш , знам , јасно ми е дека ке настане тишина , ќе мислиме не исто но не ќе можеме да изговориме ... те сакам пуноо !.. нека се сруши овој ѕид меѓу нас што поскоро, и не ги криј чувтвата искажисе подобро е така, ете ова сакам да ти го кажам п.с. зимске су ночи лепше у двоје
Da si tu bar noci ove, da si tu, jedino moje, da si tu da oci dusu odmore. Da si tu bar ovog trena da si tu, pa makar i bio tvoja sena.... Proveravam telefon svoj iz navike, za propusteni poziv tvoj bih dao sve, zar mora Bog u crno da me zavije?
Пичка ли ти матер твоја, ти да не беше со мене периодов јас ќе потонев. Многу лајна ти пројадов а уште ме трпиш, не знам како. Можда те нервирам најмногу на цел свет ама и најмногу те сакам. Фала ти. Те сакам.
Си играме топло ладно па па топло ме сакаш во срцето сум ти влезена и те нема 2 дена да пишиш. Ќе леташ до мојт живот под итно. А мене нема да ми биде сеедно ќе ме боли ама ти нкогаш нема да го доззнаеш тоа. Не ќе бидам најцрврстата личност пред тебе а внатре само јас знам како ми е.
од другиот мој профил на ф.б. зирнав вчера кај тебе духче-секако ти не знаеш дека тоа сум јас од тоа што го видов, се изненадив познавајки те каков си темперамент можеш во беља да заглавиш и уште си кажуваш дека поседуваш такво чудо прашањето е АКО е тоа вистина дали поседуваш дозвола како не го употреби после загубата на изборите не ми е јасно не сум јас, и други луге приметиле дека ти си чуден, баш со една сопартијка коментиравме-мислам дека од дете те знае да не е партијава, жими еден живот би те избришала од пријатели-и уште мораше со тебе во ким да ме префрлат ама тоа што ти си помлади а јас веке возрасни е ок ама пак те гледам навака натака низ околинава-камо таа срека да не го видев тоа никогаш(за кое што пишав) страв ме фака -на 24 години такви работи да помислуваш
Сакај ме таква каква што сум.И ако црн облак се надвие над мене,па сум тешка и неподнослива.Сакај ме кога сум нервозна ,бесна и лута.Сакај ме кога плачам,онака без причина и тогаш кога не сакам да зборувам со тебе и ја лупнам вратата.Сакај ме и кога не сум средена и убава,и кога сум во тренерки,пижами и со подрасната бела коса.Сакај ме и со надувани очи и со подочници.Сакај ги и моите студени стапала и загреј ги.Сакај ги и рацеве преполни со рани и белези од врели тенџериња,тави и од трапавото користење на ножот.И кога ќе се поправам ,секоја моја стрија .Сакај ме кога ќе го промашам ручекот,и кога ќе ти ја уништам омилената маица.Сакај ме и кога ќе ти ја зафрлам торбата со штафцигери,кога нешто скршам или расипам.Сакај ме и кога плачам на филмови и ни случајно немој да ми се потсмеваш.Сакај ме и кога се блесавам по куќа,кога урлам на цел глас со Тоше,или дури кога и Цеца да „одвртам“до даска.И тогаш да знаеш дека навистина не ми е добро.И кога вечно се жалам дека сум гола и ми требаат нови чевли,или копија од парфемче.Гледаш колку сум фина не барам оригинали.Сакај ме и кога сум болна,и мрсулава и кога ме кине стомакот или ми отпаѓа ногава од болки..Мене баш е лесно да ме сакаш кога сум здрава,нормална ,насмеана.Знам дека сакаш секогаш да сум таква.Но не сум.Не сум совршена.Се обидувам.Паѓам и станувам. Многу сум уморна.Немам веќе 20-30 години.Не сум ни јас иста не си ни ти.Избриши ми ја браздава на челово.Со еден потег.Го знаеш ти добро кој е тој.Како кога јас ќе ти ги напрвам омилените шницли со сос.Биди фраер ,па кога не е е мој ден,направи нешто за мене.Само за мене.И гушни ме и ако тогаш во мислите ја бараш совршената жена која си ја замислил.И да превртиш цела Земја нема да ја најдеш,зашто и најсовршената има свои мани. И кога не знаеш што да кажеш,молчи.Подобро молчи.И гушни ме .Ако сакаш.
Зошто? Зошто ме дослуша до крај? За да ми покажеш дека секогаш ме дослушуваш а јас тебе не? Абе маче знаеш дека сум таква и дека избувнувам на пола караница ама јас затоа знам дека ти мене ме сакаш ама незнам како ме трпиш
Ми даваш волја за живот, се будам среќна и полна со надежи и очекувања дека во текот на денот ќе те видам, дека ќе ги видам твоите сини очи, дека ќе те видам блиску до мене. Сакам времето да сопре додека си до мене, само јас и ти заедно да останеме, засекогаш. Те сакам најмногу!