Љубов моја, фала што ми ги исполнуваш сите желби Фала што се грижиш за мене. Фала што и во овие шугави денови и периоди кога сама со себе не можам да се справам, добро си ја вршиш работата и само ти знаеш како со мене во тие моменти Љубов моја најголема, те сакам најмногу
Научив дека во животот ако се промените заради некого тоа значи дека таа особа никогаш не ве ни сакала доволно, секогаш гледала во вас некоја си друга особа каква што таа очекувала да бидете..бидете секогаш свои без разлика дали ке изгубете некој или не ...тој што ке ве сака ке ве сака точно какви што сте...јас изгубив една особа точно заради тоа ,и секогаш се тешам дека тоа ке ми биде лекција во животот и секогаш ја правам истата грешка
Не знам повеќе кои зборови да ги употребам за да кажам дека те сакам. Не знам како да ти се заблагодарам дека постоиш. Не знам како да ти кажам дека сум среќна затоа што поминавме покрај се. Останавме заедно. Цврсто се држиме. Те сакам повеќе од себе. Бесконечност со тебе,не е доволна.
Понекогаш те мразам ..... те мразам мислејќи ќе станеш нешто од што највеќе се плашам .... ќе направиш нешто од што највеќе се плашам .... можеби и не си тој што ќе бидам со него до крајот на животот .... што ме расплакуваат некои твои постапки кои немаат допирни точки со мене .... што можеби претерувам во грижата и ти кажувам како да правиш за одредени работи .... а можеби едноставно не сакам да те изгубам .... можеби , ех можеби .... можеби и јас претерувам а можеби и ти .... никогаш нема да бидам сигурна за тоа , ама за едно нешто сум нема веќе ни да се замарам себеси а уште помалку тебе , не ти зборам веќе ништо не ти пререкувам , возрасен си сам учи си од грешките за кои сега мислиш дека се правилни одлуки .... јас ќе си се повлечам а ти чуди се сам и без одговор зошто е тоа така , зошто ќе се понашам ладно према тебе , а длабоко во моето срце ќе си гори жарот и ќе те сакам како и досега ама тоа нема да ти го покажам на тебе .... оставен си сам на себе , и длабоко се надевам ќе сватиш како несвесно ме повредуваш по некогаш
Жал ми е. Жал ми е што одамна, не ја прифатив твојата покана за љубов на дожд. Дожд во недела. Се трудам. Се трудам најсилно - да те заборавам. И на крајот од денот - се повторно се сведува на тебе. Ама како велеше ти: ако не можеш да направиш нешто, не си се потрудила доволно.. Или можеби не сум сакала. Ми недостасуваш. Проклето боли. http://www.youtube.com/watch?v=AWmts5Vnc3U Don't you know, i died for you..
Тука сум, постојам.... Ај бе пиши ми еднаш бар ти.... Гледаш ли, дека не те барам,што ми вадиш муабети.... Кога лажеш каде гледаш...
Не знам што се случило, ама те молам немој да се нервираш.. тоа што не можеме да се видиме не е којзнае каков проблем. Поголем проблем е сега ова.. само претпоставувам што се случило, и страв ми е дека е нешто големо чим не можеш да ми го кажеш преку телефон.. Се кршам на парчиња кога се дешаваат вакви сра*а .. сега нема да можам мирно на дишам, јадам, спијам........... не се нервирај, тоа ќе ми биде единствен надеж дека ќе биде подобро .. те сакам најмногу на цел свет! ти си моето теле единствено!
многу сакам да не беше идиотот што си! премногу изгледа верував дека си совршен.. ма сонував, будала. ама многу сакам да не беше идиотот што си и сега да не подголтнував на секоја песна што ме потсетува на нас, напротив да бевме некаде, на некое наше место што само јас и ти го знаеме.. славејќи, зошто за тоа е денов... убав ден, барем некогаш беше.. сега, за мене пекол, кој никако да заврши...чиниш минутите денови станале .. проклет да си.
добро бе убавецу нели ми е доволно што почесто те мислам уште да те гледам вклучен ли на социјалниве мрежи ли? уште потешко ми станува Господе те молам помогни ми http://www.youtube.com/watch?v=8NjZ-xKLGTY-со посвета на духче
Би сакала да си направиш вакви мускули на нозете. И да одиме некаде, ти вака облечен, а ја со новото фустанче. И да шлапкаме по дождецот. Да ја ставиш раката на врвот на моето газенце, како што секогаш правиш, и да ме припиеш до себе. Така да се изгубиме од тука и за момент да се најдеме сред паркот, токму на нашата клупа. И се да биде како што треба. И ја сум среќна со тебе љубов. И знам дека ќе ме чуваш од тие некои.
Те сакам најмногу на свет,да! Го сакам начинот на кој го изговараш моето име.Го сакам начинот на кој реагираш кога ќе ти кажам дека некој друг ми се пуштал, кога љубоморно ќе прашаш кој е типот.Кога ќе ме пречекаш со таа твоја насмевка и неможам да не се насмеам. Кога ќе ме фатиш за врат така нежно и се наежувам. Кога ќе ми се доближиш секој пат како првиот, срцето ми чука ненормално брзо дури можам да ја чуствувам еуфоријата која се создава во мојот стомак... А кога ќе ги притисниш усните твои врз моите се чуствувам само твоја а ти само мој. А највеќе од се го сакам начинот на кој ме гушкаш тогаш се наоѓам во најбезбедното место на светот и кога ќе слушнам да ми шепнеш ТЕ САКАМ. Го сакам начинот на којшто сите овие работи во склоп те прават свој а јас те сакам со сите твои добри и лоши страни.... ИСКРЕНО САМО ТВОЈА!
Ние сме љубов која заглавила во сообраќаен метеж во доцна снежна ноќ изгубени во сивилото на маглата недопрени од сонцето секогаш дожд тмурни облаци и нијасни на сива. Не плаши се. Ја сакам сивата.