мислев дека сонувам а тоа вистина било преку улица застанат еден дечко- вчера вечерта дали беше духче или некој што личеше на него и само слушнав и што прави сега леле ми доагаше во моментот да земам нешто и да почнам да гагам па ако погодам, погодам арно си имав замислено-Петок навечер, виното во мене седнуваш на клупа-знам на кои места стојат ко божем ти се врти-троа да се освестиш, ако го начекам него да го решиме проблемов, ама времето се расипа
Те сакам од безброј причини. Поради моментот кога трепкам со очињата и те прашувам - А секој ден ме сакаш се` повеќе, така ли? И ти велиш - Не, не е. Се натажувам, ја наведнувам главата и слушам - ...затоа што не е возможно да те сакам повеќе, толку е. Затоа што си ми купил Тоблероне, а јас не паметам ни кога сум ти рекла дека сакам. Затоа што со сила ми буташ пари во паричникот и се караме, но на крај попуштам, не зашто ми се потребни, туку толку ти е мило кога правиш нешто за мене и ми угодуваш, што не сакам да те натажам. Бидејќи си амбициозен и вреден, желен си да заработиш повеќе за нашата иднина и толку си ми сериозен, што ми иде да те изгмечам од гушкање. Правиш толку за мене и нас, а од мене не си побарал ништо, што на моменти сум свесна дека не те заслужувам. Ама и те како ми годи да бидам љубена на тој начин и да ти возвратам колку можам повеќе.
Колку ми е убаво со тебе, неможам да ти опишам. Без да кажеш нешто, знам што ке биде тоа. Пред да направиш нешто, знам што ке биде тоа. Убаво те запознав каков човек си и сфатив дека не направив грешка што те одбрав, туку дека ти си ми дар од Господ
Љубов моја! Обожавам кога со твоите продорни сини очи го вперуваш погледот во мене. Во тие моменти срцето ми застанува, па ми чука како спобудалено. Има магија во секој твој збор. Има магија во секое твое движење. Има магија во секоја твоја положба што ја заземаш. Кога сум до тебе сакам времето да запре и вечно да останеш блиску до мене. Би сакала да ги запрам стрелките од часовникот на твојата рака, за нашите бесценети моменти да траат бесконечно. Би сакала да те гушнам и да ти кажувам дека те сакам а ти да ме бакнуваш. Би сакала да ја чувствувам топлината на твоето тело, топлината на твојата прегратка. За тебе живеам, за тебе дишам, за тебе постојам. Те сакам најмногу!
мислам дека ти духче на мене си ми љубоморен-таков впечаток оставаш или грешам НА ШТО се прашувам-или можеби што немам стомак ко мечка како што имаш ти епа не сум лежи лебче да те јадам ко тебе вработен си, автомобили два смени на оваа криза , мобилни два имаш, девојки-цело Скопје и половина Македонија гарант ги имаш поминато ,твоите имаат мал приватен бизнис а јас една обична девојка што со сите сили се обидува да се пробие во животот и многу пречки за совладување на нејзиниот пат ама не се откажувам па што сака нека биде за твој и на таквите ко тебе инает да те запознаев на колеџот на кој студирав а и ти си студирал исто таму друга генерација и смер -ке беше што ке беше
Го голтаме времето ќе бидеш ли таму? ќе бидам ли таму? еден ден кога ќе те чекам еден ден кога ќе ме чекаш. Бевме ли се што можевме да бидеме?
Не те сакам....Лажам.... Се држам хиперактивна за да не помислам дека ми треба мир, тишина, затоа што тогаш ќе помислам на мирот кој го замислував со тебе, па ќе помислам на тебе, па на НАС.... велам, готово е, и да ме молиш не сум со тебе повеќе, а во себе гласот вика ,,те молам, остани, ми требаш, те сакам...“
Подобро се справував со далечината. Зошто сега ми е толку тешко? Не сакам да ми биде тешко. Сакам да е како порано. Ми недостигаш.
Се плашам.. Понекогаш мислам дека немаме никаква иднина, дека се ова што ни се случува ќе заврши наскоро и дека нема да остане ништо од плановите.. мислам дека секој изговорен збор ќе го однесат ветровите... Се плашам.. Своите чувства да ги изговорам на глас, мислам дека ако го направам тоа после нема да имаат значење. Се плашам да верувам, не во тебе, туку во себе.. се плашам од се, од секого.. од минатото, сегашноста, иднината..
Се прашувам, дали залудно чекам и се надевам? Се прашувам, дали барем понекогаш помислуваш на мене, дали барем малку ти недостасувам? Се прашувам, има ли надеж за нас?