читав вчера духче си пишал нешто за дечко и неговата бивша-демек си се разубавелана него му бил коментарот а се знае која му била целта-коментар од твој пријател миреееееееен а оние две кокошки од партија-твојата колешка, и твојата другарка лајк, лајк
Немаш поим колку ми фалеше сабајлево кога се разбудив да беше покрај мене. Да те гушнев цврсто, цврсто, а ти да ме бакнеше во чело и ми шепнеше "-Те сакам, намила..." ,,,,,,,,,,,, но не беше, ми фалиш, те сакам.....
Еј ти.. смотан еден што мора се да ти нацртам за да се освестиш малку, да те вратам во живот, да бидеш истиот од порано. Знам и јас згрешив што наместо да ти кажам што ми пречи, водев инает и те туркав психички во обид да сфатиш дека не е се во ред. Епа што да ти правам кога си глуп.. ама јас и таков те сакам, и се плашам да те изгубам. Сега знам дека никој на никого не може да му влезе во умот и да чита мисли. Си ја призна грешката. Еве уште сега гледам промени. Само сакав тие промени да ти дојдат од срце, не сакав јас да ти речам за да ти текне. Али тоа е, шта чеш.. и јас можеби премногу барам. Па кој може 24/7 да посветува внимание некому? Не ми замерувај, зависник од внимание сум. Зависник од твоето внимание..
Знаеш ли што ме боли најмногу? Не си ни свесен колку треба да си среќен.Не знаеш што имаш покрај себе. Сите ти завидуваат. А ти ? Ти мислиш дека ти се потсмеваат.
Се појави неочекувано, во моментот кога најмногу ми беше потребен. Прекрасен си, фала ти што постоиш и си мој.
Колку би сакала да си моментално тука до мене, да го гледаме снегот низ прозор, а ние во топличко да си пиеме црвено винце и да се гушкаме.
Зошто баш ние , зошто после се , што се случува меѓу нас заошто после толку години почнавме волку да се расправаме имам безброј прашања но сите без одговор.Темола да седнеме и да разговараме можеби ќе успееме да ги решиме проблемите меѓу нас.
Навистина, навистина не го сакам снегот. Ама сакам да го доживеам со тебе. Да ме влечеш кога ќе се жалам дека не можам да одам, да ме држиш за рака, да ме гушкаш, добро, не знам дали ќе ми биде мило да ми шлупнеш две раци снег врз глава, мислам дека не, ама веројатно ќе ми биде смешно. Сакам да спијам до тебе додека надвор врне снег, да ми викаш дека ме сакаш кога е најладно, да го гледаме тоа цртаниот филм, да ме гушкаш, да ме скокоткаш (ако ти бегам), да се смееме... додека има снег. Да ме галиш, да разговараме до 5 и 39 и назад , да ми се спие ама да не сакам да заспијам затоа што уште не е домуабетено. Кога конечно ќе ме фати дремка... ќе заспијам. И ќе заспијам мирно знаејќи дека припаѓам некаде и до некој, чувство кое го добивам кога сум до тебе. Иако сум... не знам, затворена и не ти кажувам, многу многу. Гледаш ли, до кај стасавме? Од едно до друго зимо. Како вчера да беше, јас пред тебе, ти пред мене, држ и не дај, овој или оној, напред или назад, ќе не биде или не... Веројатно да. Сигурно да. Како џокер повикај пријател сум со последниве две. Никогаш нема да заборавам дека остана со мене во период во кој други би си отишле. Уште трае, јасно ми е, и мене, а и тебе. А се трудам, верувај. Се мразам во такви моменти, се мразам што и тебе те боли кога јас патам и повеќе од доволно за двајцата. Полесно е кога делам со тебе, полесно е кога ме држиш за рака и ме гушкаш. Навистина е. Полесно е кога некој те сака без разлика на се'.
Во ова време. Кога денот станува ноќ - ноќта станува ден. Во ова студено време. Кога снегот се таложи врз се, создавајќи прекрасна белина. Во ова време кое го мразам. Кога и најдебелата јакна неможе да ме стопли. Во ова време. Кога седам до печкава, со лаптопот на нозе. Со разбушавена коса и омилените пижами. Во ова време. Ми недостасуваш ти и се што е поврзано со тебе. Но најмногу, ми фалат НИЕ.