Ке пишував нешто инспирирана од снегот, ама ти веке си напишала се што сакав да кажам. Од збор до збор. Посебно болдираново.
Ми фалиш проклето по толку време со тебе не можам да се навикнам на осаменоста.Те барам низ креветот да те прегрнам,да ти легнам на рамо,да ме откриеш и почувствувам топлина само со една прегратка од тебе. ЌЕ бидеме пак заедно,знам но дотогаш деновите ќе ми се години.Прошетките по дождот,заедничките планирања на нашата иднина,градењето на само наше катче, утрата кога те дочекував на пауза со појадок или ти ме будеше со мирисот на пресно сварениот чај,ахх фалат ужасно,болно премногу тие моменти,а најбескрајно фалиш ти. До следното видување ќе живеам со тие моменти до следните такви кои ги чекам и копнеам по нив мил мој.
Ах, колку те сакам!!! Кога и да сакам да ти се инатам нешто, срцево ми покажува дека сум будала што воопшто пробувам да го правам тоа.
Сакам да сум до тебе да ме гушкаш најсилно да ме засмеваш ,да се стуткаме еден во друг и слатко да си заспиемее (ах се разнежнив )
Незнам како би поминала низ сето ова ако не беше ти.. веројатно разумот ке го изгубев. Фала ти за се'.. И да, признавам неподнослива бев во последно ама ти ме истрпи како и секогаш.. Нема никогаш да те повредам.. се дури ти не ме повредиш мене. Те сакам.
Ми недостигаш. Ми требаш. Сакам да те видам како се смееш и како се обидуваш да ме расположиш. Имам потреба од твоето присуство...на некој начин ме расположува,ме стоплува. Ми требаш овдека,до мене. Да ги почувствувам твоите раце околу мене,како ме гушкаат. Едвај чекам да те видам. Ми недостигаш обравче. Ми недостигаш,ужасно.
Кога и да изустам дека си добро,сме добро,среќен си,среќна ме правиш.. По ѓаволите,одма се промени се. Од сега ќе молчам.
И не бев ни свесна се случи за миг,се појави ти! И не ќе беше ништо меѓу нас,знај ако таа ноќ не ми даде знак. Дај ми знак, и свое име би сменила, и би се викала ТЕ САКАМ! За барем еднаш да те видам, само да те слушнам, како ме довикуваш ти! Спојлер http://www.youtube.com/watch?v=PvnFr1NvtaU
Здраво ! Добредојде во мојата душа . Прифати ја како најлуксузен хотел со сè што ќе посакаш . Слободно избери си соба , можеш да останеш во моите очи , во моето срце или вечно да те зачувам во мојата душа . Очите ќе згаснат штом срцето престане да чука . Но , ако ја избереш мојата душа цела вечност ќе патуваме заедно . Побрзај , времето тече исто како песочен часовник !
Љубов моја! Најубаво се чувствувам кога си во моја близина. Баш како денес, кога се сретнавме, а твоите сини очи ме пресретнаа. Срцето ми чука толку силно, ќе ми излезе од градиве. Ми требаш повеќе од воздух, се колнам! Само ти ми требаш! Те сакам најмногу!