леле бивши па ти си бил болен Господ гледа сосема погрешна погрешна проценка ти е ова за мојава амбициозност-малку е нормално ама да газам јас преку лешеви за да стигнам до кариера, пари-нема шанси дефинитивно не е мој стил има бе јас срце и душа тоа што самата се туркам напред-обидувајки се да направам нешто од својот живот морам затоа што нема кој да го прави тоа место мене-бек ап како што некои луге имаат е друга приказна
Не прекинувај нешто за кое не си сигурен. Не го прекинувај она кое те исполнува и те прави среќен. Пред се,верува во тебе. Те сакам. Имај го тоа на памет.
Мислам дека каде и да е ќе се побркам од тебе. Или поточно, од недостатокот од тебе. Те гледам по трговски, по плоштади, по кафиќи, по факултетот, а те нема. Ти не си никаде од тие места, постоиш само во мојата глава како една голема непреболена грижа на совеста. Како една голема љубов која јас ја отепав затоа што тоа е што мораше да направам. И еве. Јас направив. Прекинав. Ај сеа лекот за тебе да те заборавам? М? Е нема.. Епа нема.
Многу пати сум ти кажала ама пак ќе ти кажам бе Ме грееш на оваа ладново и правиш да се осеќам како да е лето
Од денес нема да си го трошам времето по тебе,сватив дека јас едноставно не ти значам и не сум ти важна...
Не можам да поднесам да те гледам вака скршен, денес мислев дека ќе ми испадне срцето од тага кога зборувавме. Верувај дека од ден на ден имам се' поголема мотивација да успеам во животот, за нас, за тебе. Заедно ќе го пребродиме и овој удар што ти го задава животот. Секогаш ќе бидам покрај тебе и во најдобрите и во најлошите моменти, ти ја имаш мојата подршка. И да знаеш дека ќе остариме заедно,како што и заедно пораснавме ти го ветувам тоа. Еден ден, овој проблем ќе биде далечно минато,а јас и ти со насмевка ќе се присеќаме на ова време, додека седиме гушнати пред каминот во нашиот дом.
Излезен си околу саат а ми фалиш многу. Вежбај си ти до 7 јас таман да направам јадење, несмееш да бидеш гладно И сакам после тоа силно да те гушкам додека ја навалуваш главата на моите гради, да си збориме и да се топлиме. Па да те потсетам да ми гледаш треба денеска на кафе! Ништо не ми се прави кога не си до мене. Ти си тоа што ме исполнува и ме прави среќна. Последниов период ми е најубав Дури го заборавив оној идиотон, ама ќе му вратиме И не ми се верува колку брзо помина времево..И дека се толку се измени.. Понекогаш ми фали да ме вадиш од такт со повиците на мобилен, секоја смс, и 10те метри до кај тебе кој што ги поминував со превртен стомак, треперење и возбуда Те сакам!!!!
обврски навака-натака животов ми е лудница незнам на што попрво да се фокусирам ама нам дека убавецу и тебе мислам вчера вечерта не можев да заспијам музико терапија многу помага слушалките на уши и светот е твој да ама размислував и на тебе и чудно не чув коментар од твоја страна вчера кога поминав покрај твоето работно место можеби не беше на работа или не ти се зборуваше-да си закажам ПАП тест бев
Да знаеш колку сум само нервозна што ми доаѓа да го фрлам лаптопот низ балкон а пак да те имам до мене би те задавелааа
Ненененене.. не можеш нели? М? Не, знам дека не можеш.. Не можеш ни да претпоставиш.....колку, значи КОЛКУ многу те сакам Да, знам дека не можеш!.. Па ти си некое суштество кое на целава планета земја е најмногу сакано. Јас не знам што би правела без тебе. Не не не, не сакам ни да помислам Многу си ми убав и смешен кога ќе ми кажеш дека ме сакаш ама тивко и кога ќе те прашам што си кажал.. се смееш и не сакаш да повториш Теле мое.. Ми го правиш секој ден убав, со тебе секогаш сум насмеана. Знаеш да кажеш нешто што во моите мисли ќе стои долго, долго......... Јас сеуште имам пеперутки кога ќе те видам, сеуште кога ми ѕвониш на телефон се радувам како мало дете. Не можам да бидам рамнодушна на твојот глас и на сите тие убави зборови кои ми ги кажуваш.. Јас нема да најдам никогаш човек во овој суров свет кој ќе го сакам повеќе, и ќе ме сака повеќе.. Ти си ми се'
Се радувам за тебе, ме израдува со ова што ми го кажа вечерва... знаев дека ќе успееш, верував во тебе, нека ти се остваруваат плановите по редот кој си го замислил... Би сакала да те гушнам силно, да ти кажам дека те поддржувам и се радувам за тебе иако тоа значи дека пред мене се долги месеци кои треба да ги минам во исчекување...
Што ако сега сме надвор? Што ако сме на дождов? А не ни студи... ни студи во душите. Ми недостигаш и ти. Во секоја ваква ноќ и се покорувам на осаменоста и не знам каде си. И молчам и молчиш. Тишина во мракот. Магла. А декември е...