Те гледам како спиеш во мојата принцес соба со розев јорган свиткан како ѓеврече и се смеам на глас, пресладок си, абе ќе те изедам!!! За чудо не рчиш, сигурно е до ракијата, има секоја вечер да те појам по 5-6 чашки, ако тоа е лекот. Денес ме крена до небото и назад, вечерва ме стопли и разнежни како никогаш до сега, твојата нежна страна обожава да се фрцка пред мене, море пред сите! Предобар си, и секој ден ми е се повеќе жал за целата ситуација околу тебе, жал ми е, иако премногу зборувам и осудувам, колнам и доста претерувам со зборувањето, ама ме знаеш мене, не можам да ќутам, некогаш тоа е маана, прости. Жал ми е, не го заслужуваш ти тоа што се случува, патам заедно со тебе, иако моето патење е дури и потивко од твоето...
леле убавецу АМАН веке со тоа кафе-ти да го живееш мојов живот во лудница ако не завршиш и не ми спомнувај за вработување кај тебе во истиот објект-два пати аплицирав,еднаш ме викнаа на интервју-после ги снема, вториот пат не ме ни викнаа на интервју ми звонеше пред 3 дена, само за кафиња ми зборуваш-упорен си нема што и друг некој ке ме грабнел страв во коски ти влезе
Секоја втора песна од денешната неделна листа ме потсеќа на нас, на многу случувања,моменти и разговори. Ке одевме таму, се сеќаваш нели, ке го чекавме роденденот мој,Декември го чекавме со нетпрение,првиот снег ке беше резервиран само за нас, ке стигнеше и тој момент.. Ми фалиш многу. Ми фали твојата вечно насмеана фацка , твоите меки раце, бакнежите,ми фалат и безвезните кавги. Надежта која секојдневно се повеќе ја влеваше во мене, искреноста, лекциите... Се ,се,се... Ништо не заборавив. Паметам секој ден каде сме биле , како сме се договориле, што се случило.. Те сакам.
Незамислива тага. Кога те нема. Те замислувам во мракот.Сам. И душата моја те моли да ја пуштиш со тебе. Бидејќи не дишам. Бидејќи нијансите ми се се побледи. Се додека еден ден. Еден ден ќе си фалам самата. Но се загубив,таму со тебе. Таму сакав.
Ако е ненамерно и ако има причина ова што ми го правиш добро, али ако намерно не ја прочита пораката тогаш
Можеше барем една порака да ми напишиш, барем една глупава честитка... Но, ти... Ти си суштество кое знае само да разочара...
Треба да бидам идиотка и да те правам љубоморен. Да ги прашувам „другарите“ каков им е сексот и да се правам коо јас да знам се за врски, а да ја уништуам нашата. Продолжи да се допишуваш со други, секое твое трошење на време на други жени ти го намалува времето со мене. Сепак, ти одлучуваш дали ке го трошиш твоето време со мене или со некои кои не те сакаат. Јас моето решив да ти го дадам тебе, а ти можеш да не оставиш закачена на ѕидот, додека се забавуваш со девојките кои немаат да ти дадат ниту приближно колку јас. Ама секој со своите избори. Во истиот кревет сме, а ти пишуваш и тешиш друга за нејзината врска додека јас плачам во памет. Треба да му пишувам јас на друг за проблемите со тебе. Веројатно тоа така оди.
Ептен ми си интересен ваков,ладнокрвен. Штета што немаш такво срце,таква душа за да ми бидеш душман. Ме сакаш сеуште. Се гледа. Иако не признаваш. И не си замислувам. Само тоа не си ти. Ти кажувам како на стар другар. И како некој кој не го заслужил тоа.