Се извинувам миличок но додека ти не ме побараш и да се извиниш нема јас да те барам бидејќи ти направи неопростлива грешка и не сакам вејќе да слушам твои оправдувања доста беше !!!
Би ти кажала дека сум радосна што те имам. Ми лежи нашата љубов. Го сакам тоа што си ти. Те љубам целосно. Те љубам кога ти се затворени клепките и кога си го одмараш мозочето од мене. (Иако некогаш се случува дури и во сонот да ти се плеткам ) Те љубам кога ти се отворени очите и кога гледам дека со нив ти ми испраќаш Љубов. Ве имам сите вас четворицата + бебушов од куче. И мирно ми е кога играм шах со татко ми... кога сестра ми ми наоѓа некоја замерка и ми ја кажува со онаа сестринска љубов, ме чува таа... кога со мајка ми ќе се гушнам така ненадејно и ќе ме наврати на спокојот. А ти, ти ме надополнуваш, ме издигнуваш, ме смееш, ме оргазамизираш. Илјадници ме . Благодарам за фустанчето.
Многу ми е жал што бев принудена да те излажам. Не бев сигурна дали те сакам...сега веќе сум ама е премногу касно
Се тресам целава, не знам каде сум и што сум. Ми се плаче, ми се вреска. Ми треба некој, ми требаш ти. Да те гушнам, да го почувствувам твојот мирис, се колнам, нема подобар анестетик од тој. Ќе пуштам филмче, ќе донесеш фамилијарна пица. Ќе ми биде мирно на душава. Мир, тоа си ти.
претчуството ми вели дека -или си со некоја друга -или се плашиш по малку од мене затоа што има повеке знаење во области во кои ти појма си немаш убавецу како што ми пиша пред неколку месеци интересна сум ти, и сум била понапред од тебе сепак ке ти пишам вечер на нет па ај да видиме дали ке биде кафе мафе или не само не ми е јасно како успеваш да станеш толку рано за да фатиш автобус за на работа а живееш толку далеку
Муахахаха како ме фати смеа кога видов дека наставникот те фаќа за рака и те брка од салата а ти кутричкиот си се вцрви во образите од срам хахаха
Те сакам и кога сум ти лута, и кога ми иде од земја да те акнам.. чудно створење си ти бе. И да ти врзам по некое од оние шамарчиња со љубов што знам да ти ги удирам.
што ми кажуваше ти дека ке примале нови кај тебе на работа-да ти бидам поблиску нели многу сакаш кога чув на радио што ке се случува веднаш ми се поклопија коцкичките а тебе духче каде што дремете ти и твоите колеги со денови имаше работна позиција па можно е да аплицирам таму-баш да видиме како би се однесувал ти ако ми дадат шанса
Интересен си.Ееееептен. Сеа дека не комуницираме и треба на фб да објавуваш слики и незнам што не,со ''скриена'' порака дека завршило се и дека ти недостигам бла бла бла.. Па ако ти недостигам пиши ми бре! Признај си ја грешката. Не излегувај морон и во јавноста. Таа толку чека за да пречека уште еден. Инаку навистина си ми интересен.Едвај чекам да видам шо ќе биди наредно.
Сите приказни исти се..Тажни ко ова.Само ти си ми во мислите кога е празна душава... Еј само помисли на тоа што се можеме..Можеби е доцна а може нее.. А дали крајот вака мириса? Ние двајцата сме за ВО БЕСТРАГА...
што е убавецу не си нешто дим да ме нјама вечерва од социјалната мрежа каде што почнавме да се допишуваме, не се плашиш од мене
Оф бре па има ли абер ова време ? Како мене да сака да ме зеза ? Па не поминува никако времето само неколку дена не си тука и за мене како цела вечност да помина. што убаво е надвор снегче ладничко само уште ти да си тука да ме држиш за рака да гледаме филмови и да е гушкаме .те сакам ми недостигаш премногу
Ми недостига твојот поглед, колку би сакала барем уште еднаш да ме погледнеш на начинот на кој ме гледаше... Дали ако ме погледнеш сега ќе го видам она што ми треба? Она што толку сакам да го видам? Дали во твојот поглед ќе го пронајдам одговорот на моите прашања? Ми недостигаат тие твои сини очи...