не сакам да разговарам со некој што не размислува за нешто повеќе од тоа што го има,требаше одамна да ги поставам границите за да знаеш до каде да одиш со твоето однесување.Сега уживај играјќи си со самиот себе,ми здодеа твоите игри.
Колку само почна да ме нервираш.. И кога ми е тешко каде си сега? Сакав да ми пружеш поддршка во реалноста,а не да ми кажеш излишен збор. И јас ги знам тие зборови. Ц,ич не ти текнуваат работите.
Љубов еве што сакам да си купиме за Божиќ:мојот со мали измени! И да си бидеме вакви за Нова: И да скијаме.
Не е трагики ова, комедии е. Не, нема да купиш куче кое заеднички ќе го одгледуваме Just go on with your life.
духче гледам ти високиот 2 метри и 30 си па ноне била мала-како и елката(на сликата што си лајкнал) а си глава повисок од мене-арно ти пишав гени и мајка природа не се сите два метри-најскапите парфеми се во мали шишиња но и отровот да не земаш ти нешто деновиве што се вакви работи пишуваш постираш не те свакам стварно-наместо да ти пречи се и да ги мразиш сите напиши-јас сум будала, ненормален сум -се разделивме со девојка ми и незнам што правам и зборувам- јас ке ти лајкнам како беше љубовта е ко сладолед-на почетокот е вкусна па се топи и на крај останува дамка која се чисти со алкохол-па само напред и добиј цироза
Тешко е. Понекогаш е многу тешко да се живее овој живот. Многу се ретки моментите поминати среќно, моменти кои секогаш остануваат во нас. Моите моменти... оние поминати со личноста која ми беше сè, на која и дадов сè, а на крај... на крај останав скршена.
Today I saw a face I only dream of I recognized a feeling that I used to know from another time, a space I thought I left long ago... http://www.youtube.com/watch?v=zc1yXR0jelI
Ете...ко за беља не знам зошто се замислив за тебе...не требаше. Ајде ќе пишам,можи ќе ми олесни... Конечно малку престанав да мислам и се оттргнував. После некое време еве пак се прашувам милион прашања,на кои можам да дадам одговор,ама сепак ме измачуваат. Ти продолжи,не ти беше гајле за ништо,се прашувам спиеш ли мирно навечер после се? Таа доволна ли ти е? Подобра ли е од мене? Ако не бев далеку,таков ли ќе беше? Она што го зборуваше кога бев покрај тебе,испари... Дури не се ни радуваше со мене во најбитните моменти,не ти беше гајле,а пред мене глумеше како да ти сум се...проклет да си. Ме гушкаше и бакнуваше,но не беше тоа вистинско...Зошто воопшто продолжи? Јас немав никој,немам ни долго после тоа. Не дека не сакам,сеуште не можам. Можи не дошол вистинскиот. Пошто јас не се продавам за еден секс ко тебе. Како ли ќе спиеш на таа спална,што заедно ја биравме? Ц ц ц... Кога ќе ја допираш неа,не те потсеќа ли некогаш на мене? Знаеш,си ја годел да личи на мене,ама многу е грда,стварно...Криво ми е само што ме бакна одкога веќе си ја бакнал неа,бљак! Некогаш ако ме сретниш на улица,да не си пробал да ме допреш! Би сакала да ти врзам шамар и да те исплукам,ама нема да ти спаднам на ниво. Би ти рекла да не си ме допрел! Сега ја гушкаш неа,оди си. Немаш право. Не беше тука да ме гушниш кога најмногу ми требаше,кога најмногу ми требаше поддршка и утеха,сега таа тебе нека те гушка и барај си утеха. Немаш право и не смееш да ме доприш. Ти ме отфрли од тебе како (што би рекол Тошка) карта после патување... Она што ми го направи,некоја ќе ти го направи тебе. А јас,не сум личност да враќам и ако човекот до мене е добар спрема мене,ќе добие најголема љубов од мене. Ако не е, барем научив од тебе кога лажеше,кога се криеше,кога не требаше да ти верувам. КОга ти си бил себичен со некој што го сакаш,што со другите? Секогаш ќе си останиш таков. Кога не си се потрудил кога најмногу требало,нема никогаш. Кога не си бил силен тогаш кога требало,никогаш нема да ја имаш таа сила,што јас ја имав,таа снага што јас ја добив за да преминам преку тебе. И некој ден ќе ја почувствуваш онаа болка што јас сега ја поминав,можи не од мене,но кога и да е,ќе ти се врати и тоа. Немаше ни храброст ни сила за да си признаеш и кажиш,КУКАВИЦО! ТАков не ми ни треба во животов мој. Мене ми треба маж. Маж што ќе знае кога да е силен,а кога нежен, кога да ме послуша,а кога да ме посоветува, маж што ќе ми е потпора и сила за да продолжам напред, заедно, а не сама! Се мразам сама себе што си дозволувам да капне солза ради тебе,ама ете,нека капат,некој ден некој ќе ги избрише и ќе заборавам на тага и ќе имам мир во душата.
"На секој човек во мојот живот му пружам шанса да ми се престави, да го запознаам малце повеќе од едно површно „Здраво,како си?“. И не, немаш право да ми се спротиставиш, зашто пред да те ставам во тој кош, ти дадов шанса. И на сите луѓе така. Зашто ги сакам луѓето и не знам поинаку. Ама ме изморивте! Ме измори секој ебан муабет што се сведува на: „Ама знаеш јас не сакам врска, сакам онака лабаво, без обврски… “. Не брат, не сакаш ти лабаво без обврски, сакаш секс. И тоа ги руши сите оние муабети, како ја сакаше и ја љубеше бившата ти девојка, или таа пред неа, или таа уште пред неа, а и моето мислење за тебе. Колку вакви муабети си свртел само за да го добиеш сексот? Не, не сакам да го знам одговорот! Не брат, не си поразличен од сите останати, ист си! Себичњак кој си го задоволува егото, по желба и потреба. И не не ми зборувај за љубов. Да знаеше што е љубов немаше да ја изедначуваш со потребата да си го испразниш тестостеронот од гаќите! И не брат, не ми кажувај дека си вистински маж за во мојот кревет. Не сакам мажлиња што спијат во туѓи кревети. Да имаше муда ќе знаеше што и која сакаш да ја имаш покрај себе, наместо да бегаш на првиот муабет дека сакам врска. Не брат, не сакам да се омажам со тебе! Не барам врска за да ми бидеш или да ти бидам обврска. Сакам врска зашто сакам да ги градам нештата, да ти пружам шанса да те запознаам како човек, да седнеме да пиеме кафе на кеј, да шетаме и да се гушкаме по улица, да го живееме денот, да уживаме во сонцето, да се смееме, да разговараме за се`, да му дадеме нова боја на светот, да си создадеме цел еден свет за нас… Па боже мој, додека трае нека трае… Ништо не е вечно, па ни животов… Не знаеш што носи утрешниот ден, а не ни знаеш дали ќе успееме да стигнеме на патеката нештата да станат сериозни. Може нема да ми се допаѓа како `рчиш и на која страна од креветот сакаш да спиеш. Или можеби нема да ми се допаѓа некое твое размислување, некои твои зборови. Може нема да можеш да се сносиш со мојот луд пмс хормонален период. Може нема да ти се допадне како ја тргам косата на страна или големината на моите гради. Се` се тоа мал милион фактори кои можат да не се совпаднат и едноставно да не бидеме еден за друг. Но, те молам брат, не ми го мотај муабетот: „Абе… Знаеш, ти си фино девојче… Ти си се` супер…но, … Јас сакам да се забавувам… Мислам ако сакаш…“. Епа, не брат, не сакам! И не знам од каде ја голтнавте сите истата касета, па ја џвакате и преџвакувате, како не ви се залеи за желудец? Одвратен си. И ти и многуте други пред тебе, со истата касета и со истите муабети. И не ве сфаќам, како може некоја да ви биде привлечна за секс без обврски, а да не можеш да ја засакаш или да се видиш себе си со нејзе во врска? Е тоа објасни ми го! Навистина, не сфаќам. Или сум јас проста или сами си го отеравме општествово и годините у курац од таквите како тебе?! На здравје нека е! Живели! П.С. И цело време те викам „БРАТ“, за да еднаш се сетиш, почуствуваш, дека на мое место може да биде и твојата СЕСТРА! Утре може да биде и твојата ЌЕРКА! И кажи ми „БРАТ“ би и дозволил ли на една од тие две жени да искача со жиголо како тебе?!" -Огледало на една душа