Душо многу сум тажна знам дека поради мене те избркаа од на работа иако тоа го одрекуваш за да не ме повредиш
Шо да ти кажам.. Далечината си го прави своето. немам потреба ни да те слушнам,ни видам,ни бакнам,ни гушнам..
За малку ќе беше многу. Она нашено. Пушти, нека се лизне низ прсти. Нашето. Завршеното. Па и да Ставам точка на местото каде што би ставила три точки. Па и да те немам за навек. И да сум туѓа уште утре. Нема да ме боли. Јас живеам во тебе. И каде и да одам ќе те носам во мене.
прво ми спомнуваш презакажување на кафето а после те нема ни да пишеш дали можеш или не-море скапаници една да ми паднеш во раце отров би ти дала да испиеш од мака незнам што зборувам ама ок е-се гледа дека сум ти била втора опција-нема потреба да ми кажеш сама сватив ај после кажи ми да не ми те грабне некој има да добиеш и осмели се да ме пецнеш кога ке те сретнам на работа има да ми платиш-жими еден живот а бидејки незнам како звучи тој твој глас речив малку да се пошегувам со тебе-од непознат број да ти вртам ти на мене и јас на тебе
Ми кажуваш , дечко ти си купил пицерија и честел пици.Па и јас си напрајв бавча летово, па компири треба да честам ?
Од една страна сум вивната до планетатa Нептун. А од друга срцето ми се кине. Буквално неколку месеци живееме од љубов. Пари су одлетале но искрено-искрено би ни било ова смајли . Двајцата се обидуваме на чесен начин да успееме. На иста бранова должина сме во однос на тоа прашање. И мора што побргу да смислиме добар план, што-како-каде. Само едно е сигурно, а тоа е дека и јас и ти се гушиме од овие црни и загадливи вештачки магли. Би сакала да ни се исполни токму таа наша желба. Бидејќи ми се учи, ми се запознаваат некои нови пространства, нови луѓе. И бидејќи сакам да сум таму кадешто ќе имам избор и можност да успеам без партии и познати чичковци . Лошо ми е од државава која зема пари од средната класа, од одличните студенти или првенците на генерациите. Тука е сеедно ако дипломираш на ПМФ, на електро или никаде. Тука владее само моќта здоена и појавена од педерските чичковци кои ги зграбиле парите при крајот на ју. Тука не се цени ништо друго освен мевот на мрсните и гадни чичковци кои ја погазија честа на државава. Срам да им е на парите кои ги крадат. Ми се лоши од луѓе кои мислат дека со нивните пари можат да направат и имаат се. Но знаеш ли дека ние си ја имаме љубовната елка преполна сијалички. Многу ни е весела, иако и замрзната.
Те сакам. Ми вришти душава. Сакам да ти ја дадам најсилната и најтоплата гушка и да те видам како се мрштиш зашто сум претерала со стегање. Ми недостигаш, неописливо многу.
Мислам дека е време да престанеме да се залажуваме и двајцата. Ова не е пауза, и тоа се гледа од сите хеликоптери кои прелетаа над Скопје денес. Ова не е пауза, ова е убав крај на нешто убаво што кратко траеше. Таква им е судбината на убавите работи. Ми успеа. Ми успеа да развијам чувства кон тебе. Јас ретко развивам чувства, поучена од старите грешки, но овојпат се потрудив и ми успеа. Навистина сакав да го биде ова нашево, веќе ми е здосадено од први состаноци и дејтање. Со тебе како да го прескокнавме целиот тој досаден дел, сите тие формалности, се чувствував толку слободна, како да се знаеме цел живот. Го извлече најдоброто од мене за многу кратко време. Ти успеа. Ти успеа да ме одалечиш од тебе за уште пократко време. Јас тешко развивам чувства, но лесно ги губам. Десетина дена без контакт поради некои твои замислени обврски, дилеми, и проблеми ми беа сосем доволни за да те заборавам. Се чувствував лошо напати, но не сакаш да си играш Кој побрзо ќе го заборави другиот со мене - секогаш ќе победувам затоа што имам големо искуство. Денес станав, се нашминкав, облеков нова облека и насмевка и цел ден не помислив на тебе! Бев на факултет, пиев кафе со другари, јадев палачинки со Нутела, и денот го заокружив со мал шопинг. Вечерва, се чувствувам како да можам да го освојам светот. И никогаш не ми било посеедно. Фала ти што ми помогна да си ја прередам листата на приоритети. Ти кажав дека ќе направам многу работи само за да ни успее, но направив доволно. Ти бараш премногу, а не нудиш ништо. И можеби ќе звучам патетично, но ќе се каеш за ова. Ќе се каеш затоа што до себе имаше девојка што беше спремна да ти даде многу, повеќе отколку што самиот можеш да поднесеш. Затоа пукна нашево, затоа што ти се` уште не си спремен. Ќе го сфатиш ова многу наскоро, но тогаш веројатно ќе биде предоцна. Затоа што како и да го лепиме, никогаш нема да биде исто како претходно. А јас не лижам онаму каде што сум плукнала.
леле духче втора зима по ред те слушам-ваква си таква си, ми се допага а еднаш да собереше храброст и да ми кажеше во лице нема да те изедам бе не за друго вратата од месниот ке ја скршеше па нова ке купуваш и очекуваш на таков начин да го привлечеш моето внимание абе ајде
Лелее бе колку ме нервираш кога не принаваш некои глупави ситнициии (или па дека не си се караме си барам јас причина за мала кавга а ) хахахаах незнам како е али во моментот ме нервираш
Како бе да те будам кога и 2та телефона ти се без батерија? Па аман веќе проверувај пред спиење и ставај ги на полнач
Спојлер Еби се. Зошто се понашаш толку вештачки во последно? Не глуми. ..и не ветувај нешто што неможеш да го исполниш. И како бе после да не се оддалечам од тебе? КАКО?! Нели немаше да ги слушаш другите? Иако нејкеш ни самиот на себе да си признаеш, потсвесно те јаде тоа. Само ти не гледаш..