Спојлер Го сакам поради начинот на кој знае да ми го убие стравот. Го сакам поради ретките, но никогаш заборавни бакнежи од кои наеднаш зовривам, образите ми стануваа пеколно црвени, а во стомакот ми се разбеснуваат оние смешни ајкули. Го сакам поради тоа што не може да кажам те сакам, поради тоа што мрази лигавење, а сепак знае толку добро да ми покаже колку му значам. Го сакам поради непредвидливите прегратки од зад грб и поради неочекуваните бакнежи. Го сакав и кога не сакаше да се бакнува. Го сакам затоа што е манијак во кола, затоа што обожава коли. Го сакам поради грижливоста, и поради неговата груба нежност. Го сакам кога ми ја мрази шминката, го сакам кога ме сака разбушавена и поспана, токму онаква каква сум кога ќе станам од спиење. Го сакам затоа што ми купува чоколадо a потоа ме трпи и кога се глупирам. Го сакам затоа што му ги обожавам бакнежите, затоа што само тој знае да ме однесе на врвот и да ме остави несебично да уживам таму. Го сакам поради неговите години и поради неговата самодоверба за која тој не е свесен. Го сакам затоа што само тој може да ме трпи, и кога ќутам и се лутам и кога со часови зборувам како навиена. Го сакам затоа што само тој е тука кога со часови не можам да престанам да плачам, и кога сум неподнослива.Го сакам затоа што без него се` ме боли и затоа што без него мојот свет не е цел. Го сакам затоа што знае да ме налути, знае да ме изнервира, но и за исто толку време знае и да ме насмее. Го сакам затоа што ме сака и се бори против тоа. Го сакам затоа што ми верва и затоа што знам и сум сигурна дека не ме лажи и дека можам да му вервам.. Го сакам од инает. Го сакам затоа што сакам да го сакам. Го сакам затоа што го саакам и ќе го сакам и затоа што неможам да си го замислам мојот живот без него,едноставно без него непостојам! Преземено!
Денес дознав дека имаш нова девојка,се надевам дека оваа вреди,бидејќи нели јас не бев доволно вредна за тебе,ама како што гледам повторно сам шеташ и оваа не ја носиш во јавност изгледа не постои на светов доволно вредна за тебе ,да беше некој паметен,интелигентен и културен би се замислила,ама ти си единствениот што не вреди овде бе стоко,и никогаш во твојот беден живот нема да сретнеш некоја како мене а камоли за девојка да си ја фатиш,бидејќи ЈАС ЗНАМ КОЛКУ ВРЕДАМ и сум сигурна дека таа каква и да е,не вреди повеќе од мене,кретену еден,леле колку те мразам,ти не заслужуваш среќа по се што ми направи и дај боже еден ден да осетиш се на своја кожа,дел осети,ама треба уште,со душа го чекам денот кога јас ќе бидам многу среќна со некој а ти ќе бидеш сам и разочаран и ќе ти поминам пред очи фатена за рака со човек кој ќе ме заслужува. Ти посакувам се најлошо ЗБОГУМ
Знаеш дека пред многу години ме излажа и знаеш дека после тоа многу работи се сменија. Може ќе бидам себична и што ли уште не, но да знаеш дека сум среќна што тогаш сето тоа не отиде предалеку. Што не стигнавме до последниов стадиум од песнава, ниту јас, ни пак ти. Бидејќи немаше да си простиме никогаш еден на друг. Знам дека ти изгледам како мало дете кое те гледа тебе како играчка. И тоа си за мене, една голема играчка. Иако те љубам и си четвртата битна личност во мојот живот, ти си знаеш дека нема никогаш ни да се доближиш до тоа што можеше да ми бидеш. Никогаш нема да го заборавам моментот кога ти киксна со тој поглед. И секогаш ќе се прашувам од каде таа потреба за таквиот поглед. Тој поглед бев навикната само мене да ми го даваш, секоја секунда. И да знаеш дека само заради еден поглед ми се стемни и срцето престана да ти дава шанса за возвишена доверба. Поради еден поглед јас се одлучив да и кажам чао на чистата љубов која можев, а и ако сакам можам да ти ја давам. После погледот јас не чувствувам потреба да се жртвувам во името на љубовта. А замисли па да дојдеше до нешто повеќе од тој поглед, хм сега немаше да сме овде заедно и ќе бевме минато. http://www.youtube.com/watch?v=z1aWqEa3Ce8 И сега викаш дека те боли моето камено срце. И мојата недоверба. А знаеш што значи искреноста за мене. Сакам првиот одговор секогаш да е точниот одговор. Не сакам по втор пат прашување да го чујам точниот одговор. Туку по прв. Тоа ми беше важно, тоа ми е важно. А ако тогаш мојот однос те заболе што да кажам. Тоа и го сакав. Уф, можеби долг е животот за да знам дали пак ќе бидеме такви. Поминаа години и не се случило пак тоа. - Сакам машки деца -
Ти дечко мене одамна ме загуби. Не требаше да ме лажеш. За што и да се работеше, требаше прв да кажеш, а не да чекаш да ти кажам јас на тебе! Чудо од човек си значи. Чудо. Нема врска. Немам што повеќе да ти кажам. Навистина немам. Стој подалеку и понастрана од мене инаку - гризам! И кажи си самиот на себе - среќен ли си? Ова ли го посакуваше?! Нек` ти биде......
..До денеска 9 месеци сме заедно... Драго ми беше што прв ти текна за тоа,и што беше искрен кога требаше.. Ама,по твојата лага...оладени се чувствата. Не те сакам блиску до мене. Не сакам да не идентификуваат како 'нас'. Не сме веќе едно.Немаме ништо заедничко веќе. Тотално сум разочарана од тебе..од мене,од нас,од се. ...знаеш,дури ме нервира кога видам повик од тебе,порака.. Не можам вака,се надевам дека правилна одлука ќе донесам. Инаку,не знам дали ми е драго за поминатите 9 месеци заедно..некогаш ми беше,а од вчера веќе не ми е..
Нетрпеливо ги бројам деновите до сабота.Неизмерно го очекувам мигот кога ке се видиме.И сето тоа за кратко.Само по 1 месец следи нова разделба,јас овде,а ти таму некаде.
Се што поседувам ти припаѓа тебе. Секоја моја насмевка,секоја моја воздишка,секој мој поглед. Ти дадов се што ми припаѓа,ми даде се што ти припаѓа.Далеку сме од совршеноство,но заедно функционираме проклето добро. Пак ќе кажам,знам дека си вистинскиот,верувај ми за некоја година ќе бидеме маж и жена. До толку ме имаш,до крај,а сепак ќе немаме крај. хх
Перници од облаци,на нив би ја зашила месечината со маглата која никогаш не доцни,на нив да се будам некои нови утра без тебе,во постелнина која е место за соголување на душата,места за оној најмрачен дел.Тешко би заспивала.Празен простор,празнина на она местото на надежите и соновите. Никогаш целосна не би била. Кога те нема. Се уште се прашувам. Скршено срце не се крши не си виновен ти. Се прашувам кој е. Времето ,ноќите,песните,дождот? Ти биди добар. Ќе се снајдам јас. Си купив место во мракот. Веќе платив. ...
се би дала сега да сум таму до тебе во овие тешки моменти за тебе ... да не бевме толку далеку но за жал сме те сакам премногу !!!!
Љубов моја! Како и со кои зборови би ти ја опишала оваа моја огромна љубов кон тебе? Не сакам ниту миг да бидам далеку од тебе. Би сакала само да бидам блиску до тебе, да те гледам, да те слушам како зборуваш исто како денес, да ги гледам твоите сини очи. Само ти ме правиш среќна и заради тебе го живеам животот затоа што ми даваш сила. Знај дека не постои нешто повредно во мојов живот од тебе, затоа што сите други и се друго ми е безначајно. Би сакала да заспивам и да се будам до тебе. Знај дека кога те гледам како се смееш сакам да те бакнам и никогаш да не те пуштам од мојава прегратка. Знај дека сјаеш посилно од сонцето. Ми требаш само ти. Те сакам најмногу!
Секогаш верував дека најтешко од се е да ја најдеш таа некоја личност која ќе те исполни,која ќе те насмее,која ќе ги разбуди „пеперутките“ во тебе.Сега ми е јасно дека најтешкиот дел доаѓа од како ќе го пронајдеш,затоа што не само што се бориш да го освоиш,се бориш и да го задржиш...
сватив убавецу дека ти не вредиш да си дел од мојот живот така да си продолжувам понатаму насмеана весела-во мој стил откако се разделивме со бившиот одлепив а свакам дека тебе нешто ти се случува со колешката-епа со срека нека ви е
Оооо срце мое срцкасто,мечуленце мое најмечулкасто. Многу те сакам бе душиче мое душичкасто. Хихихи што ми стана бе.