Што би му кажале...

Дискусија во 'Врски' започната од Lilit, 13 декември 2009.

  1. rrrrrrrrrrrrrrrrrrrr

    rrrrrrrrrrrrrrrrrrrr Популарен член

    Се зачлени на:
    22 јули 2012
    Пораки:
    968
    Допаѓања:
    4.036
    Пол:
    Женски
    Што ќе биде со оваа наша пријателско љубовна дружба јас навистина незнам!
    Немој да ме обвинуваш во твојте мисли дека јас сум крива што не сме заедно, не си во моја кожа и неможеш да ме разбереш ]:)
     
  2. Katerinceee

    Katerinceee Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јуни 2012
    Пораки:
    814
    Допаѓања:
    1.230
    Пол:
    Женски
    Да си се издушам овде и последна порака до тебе.
    Знаеш свесен си за се што минавме заедно, се беше совршено како во бајка некоја, како сон но сега сите се разбудивме од тој сон и ја живееме реалноста. Знаеш што е најжалното од се?-Тоа што секоја ама баш секоја недела се каравме за глупости потоа ке се смириме и ке се смееме како луди за нашите глупости и затоа што сме се скарале, ама сега за жал повеќе нема да биде така, овој пат нема да се смириме готово е. Не ја знам причината зошто заврши така мислам не ја знам причината зошто повеќе не ме сакаш туку трчаш по тоа курвиче мало ко ќорав некој. Како и да е, сакам да знаеш дека проклето ке ми недостигаш да, и се наше ке ми недостига СЕ СЕ СЕ! Веке ќе те немам тебе покрај себе, секоја ноќ си плачам ама залудно е, неможам да те преболам не кога толку многу работи ми даде за паметење, и како уште да го осекам твојот убав парфем. Неможам повеќе не..
    Кога ке ми текне како ми раскина кажувајки дека не оди веке така, дека сум добро девојче дека нема потреба да ме лажеш и дека ке си најдам некој многу подобар од тебе не си свесен колку плачам кога ке ми текне на твоите зборови. Сепак мило ми е што останавме другари ама знај дека засекогаш ке те сакам и пак би ти простила-ИДИОТ СИ И ТОА ГОЛЕМ ама срцето те сака неможе без тебе.
    Не се знае што ни носи животот може би еден ден пак ке бидеме заедно и позрели хахаха, да и надежта ми вели така. Сега за последен пат ти велам, чувај се, остани насмеан како и скеога, сакај ја идната девојка најмногу што можеш и најди си некоја пристојна како мене а не ороспиче. Те сакам и ке ми фалиш засекогаш ;( :*
     
  3. kolumnistot

    kolumnistot Популарен член

    Се зачлени на:
    6 октомври 2012
    Пораки:
    2.021
    Допаѓања:
    14.425
    Пол:
    Женски
    Можеби никогаш нема да го видиш ова но те молам знај: со прегратка не се завршува волку силна љубов, со прегратка може да започне тој силен бродолом... Благодарение на таа прегратка се наспав конечно, по еден месец, спиев во твоите раце нели?
    Но ти по втор пат успеа да избереш крај и покрај сите искажани чувства и покрај се она што не влече како лудо еден кон друг.....

    Во ред нека ти биде, иако се надевам дека денес ќе го сопреш лудилово, дека денес на работа ќе ме дочека порака не , сватив дека луд сум без тебе....
     
  4. zarah

    zarah Популарен член

    Се зачлени на:
    25 јуни 2012
    Пораки:
    389
    Допаѓања:
    1.557
    Пол:
    Женски
    Би ти кажала тука, и би ти кажала сè... иако многу работи секогаш остануваа недоречени. Зошто сум конфузна. Зошто не знаеш да ги толкуваш ни моите зборови ни тишината.
    Зошто сè се случи во погрешно време. Тајмингот нè уби нас, драг мој. И далечината.
    Проклети нека се и тие и мојата посветеност на твоите ветувања.
    Се трудам да сврзам уште некоја реченица знаејќи дека ќе изгледам патетично. Но знам дека ти тоа не го заслужуваш. Можеби проблемот не е во тебе, можеби не сум ниту јас виновна... можеби е хороскоп, м? Ние сме тешки карактери, затоа не успеавме. Не успеавме да видиме малку подалеку од гордоста па затоа потонавме.
    А сакав да те сакам...
     
  5. HEV

    HEV Популарен член

    Се зачлени на:
    13 февруари 2013
    Пораки:
    544
    Допаѓања:
    636
    Идиотееееееееееееееееееееееееееееееееееееееееееееееееееееееееееееееееее :@ :@
     
  6. srcekrsacka

    srcekrsacka Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2010
    Пораки:
    2.952
    Допаѓања:
    1.752
    така значи а
    јас постирав во љубав вјере немам ти си адна нова пријателка
    немој една адни ги сите искрено ме заболе :) :

    а тебе духче сакав само да ти пишам остани си таму во Чаир не се вракај наваму :D
     
  7. kolumnistot

    kolumnistot Популарен член

    Се зачлени на:
    6 октомври 2012
    Пораки:
    2.021
    Допаѓања:
    14.425
    Пол:
    Женски
    И ти верувам се да знаеш!!! Трепереше како и јас во таа прегратка, знам... затоа само биди среќен и насмеан, не сакам повеќе ништо.
    Поточно сакам многу нешта, но нема јас да ги земам, без ти да посакаш да ми ги дадеш. Сакам да мислиш на мене и со болка да ги броиш часовите додека се сретнат нашите погледи, а усните од уво до уво ни се разделат во насмевка.
    Сакам да сакаш да се најдеш во моите прегратки, да иташ на некоја наша средба и да го посакуваш до болка, како јас, нашиот викенд во некоја колипка, во која ќе излезе се на виделина, сокриено од сонцето, од туѓите очи, од реалноста.
    Нема да те вознемирувам кога не смеам, не сакам мојот лик во тебе да буди страв, потреба да се сокриеш. Сакам да сакаш да се сокриеш во некој агол, но да мислиш на мене, на нашата тајна, на нашата љубов. Сакам да сакаш да отпатуваш во мислите со мене, но со радост во срцето. Сакам само да пишеш ми требаш, ми недостигаш и толку.... тоа ќе е светот мој, верувај!!!
    Само ти си ми во мисливе, кога е празна душата, знаеш?
    Повеќе на никој нема да може да му се дадам целосно знам, а знаеш и ти. Повеќе ја нема онаа старата јас, опнаа горделивата и принципиелната. Ја немаа онаа која тврдеше дека мажите се само накит, кој може да не разубави, но не и да не направи.
    Сега го има ова слабо пиле, кое трепери пред тебе, кое се насолзува кога те нема, кое копнее за тебе. Сега сум само пиле кое ги знае најтажните љубовни песни, кои за жал не смее да ти ги отпее. Сега сум пиле кое наоѓа спас само во твојата прегратка, во онаа украдената, далеку од очите на сите, на нашето мало место, во точката во која никој не помислува колкава љубов се закопува, колку чувства нема да ја видат светлината на денот.
    Затоа не дозволувај повеќе да се караме, да не ги претвораме овие чувства во презир.. не дозволувај денот да почне без тебе те молам. Немој сарказмот за кој сум платена да го истурам на тебе, како одговор на болката. Немој ниту да го вртиш погледот кога сум тука, дозволи тие очи опкружени со четири брчки да гледаат во моите, а тие сами ќе се разберат.
    Дозволи да се смееме заедно по цели денови, да си ги кажеме сите тајни, да се откриеме целосно, да се гушкаме така тајно и слатко, да размениме тон нежности, кои знаеме дека никој друг не може да ни ги даде, да се бараме со поглед, да смислуваме изговори да бидеме еден покрај друг, да минуваат часовите како минути и една вечер да побегнеме некаде, да гледаме само во ѕвездите и ништо повеќе... затоа што јас никогаш повеќе нема да бидам целосна, како сега, ти си мојата половина, а тагата по тебе ќе ја плаќам остатокот од мојот живот, затоа дозволи времето кое го имаме да ти покажам колку значиш...
    Дозволи да те понесат емоциите за миг, не плаши се, тука се безбедни со мене! И не, нема да ме повредиш.... не може да ме повреди фактот дека оној кој го промени целиот мој свет, претставата за љубовта и мажите, ме посакува со истата силина како и јас него....затоа дозволи нека трае, те молам.....
    Затоа што ние сме сродните души, осудени да живеат еден без друг, нели?
     
  8. Marjan007

    Marjan007 Популарен член

    Се зачлени на:
    9 септември 2011
    Пораки:
    340
    Допаѓања:
    3.926
    На добрите им свети сонце во душата, тебе - неонка ? :^)
     
    На QueenElena му/ѝ се допаѓа ова.
  9. iloveyou29

    iloveyou29 Queen of beauty

    Се зачлени на:
    14 мај 2012
    Пораки:
    5.862
    Допаѓања:
    32.480
    Пол:
    Женски
    Душо моја, дефинитивно на се му доага крајот.
    Времето навистина лечи се, некогаш побрзо, некогаш многу, многу бавно, но лечи... и ете денес по којзнае колку време јас дишев, дишев слободно, повторно без тебе. Немаше потреба да те видам, слушнам, да ми се јавиш, да ти се јавам, да ми пишеш...јас дишев слободно, бев слободна! Тој здив, тоа парче воздух без да ме стега во гради го чекав долго, ама ете го дочекав...
    Ова беше вечерта кога сфатив дека имам сили да се борам, ама не за тебе. Ти не заслужуваш таква борба... јас заслужувам нешто подобро, некој подобар. Ти си точка во просторот, мала замрљана флека што конечно ја тргнав од мене... и убаво ми е, конечно сум среќна, целосно среќна.
     
    На Izaabella му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Umbrella22

    Umbrella22 Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 август 2012
    Пораки:
    3.951
    Допаѓања:
    33.922
    Пол:
    Женски
    Многу ме нервираш ]:)
     
  11. Thallia

    Thallia Популарен член

    Се зачлени на:
    10 октомври 2013
    Пораки:
    2.805
    Допаѓања:
    18.795
    Дали е време да се откажам?
    Чувствувам дека веќе немам сила да се борам, да се надевам, да чекам...
     
  12. mysterious

    mysterious Популарен член

    Се зачлени на:
    25 јануари 2010
    Пораки:
    1.491
    Допаѓања:
    2.661
    Ти не си свесен што се ми правиш.
    Крвта ми замрзнува, не ми циркулира,рацете ми се вкочануваат, колената ми се стресуваат и губам рамнотежа..

    Јас ќе те сакам како ниедна. И ќе те чувам многу повеќе од сите тие што мислат дека знаат да чуваат некого. Или што кажуваат, како драгиот ни Леш Гробаровски.
    Ќе те гушкам секој пат кога ќе се разбудам. И ќе те бакнувам додека можам да ги отварам усниве. И ќе ти бидам подршка. И ќе пијам со тебе. И ќе се напушувам со тебе. И ќе водам љубов со тебе. И ќе ти умрам на кур, тебе. И ќе те засмејувам. И ќе се заљубиш во мене.

    А зошто? Кога од сето ова ништо не може да биде...
    Не може ти да си ми мене среќата. Не може Господ толкава смисла за хумор да има, да среќата ми ја собере во тебе.
     
  13. pamelche

    pamelche Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јуни 2011
    Пораки:
    5.743
    Допаѓања:
    17.710
    Еј, те сонував вчера. Велат, среќа било кога сонуваш коњ.
     
    На martine му/ѝ се допаѓа ова.
  14. poenta

    poenta Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 ноември 2013
    Пораки:
    5.031
    Допаѓања:
    36.127
    Пол:
    Женски
    Ми недостасуваш.Твоето физичко присуство и духовитост ми го разубавуваат денот.И не ми се потребни сончевите зраци да ме погалат по лицето за да почувствувам топлина, доволна ми е твојата прегратка. Таа заменува милион зборови.Знаеш дека сум цврста личност и без солзи ќе ги бројам деновите до викендот.Ама тогаш за мене ќе настапи летото :lol: Сигурно дека ќе ми биде потребна маичка на кратки ракави во твојата топла прегратка :inlove:
     
  15. Majli.15

    Majli.15 Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 јануари 2013
    Пораки:
    407
    Допаѓања:
    237
    Пол:
    Женски
    Душичке ми недостигаш многу со душа чекам да дојде петок и конечно да тргнеш и конечно да те
    видам
     
  16. Viktorijaaa5

    Viktorijaaa5 Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 октомври 2013
    Пораки:
    6.292
    Допаѓања:
    92.011
    Пол:
    Женски
    Тоа шо не сакам да ти праам моментално муабет не значи дека сум ти лута,преиспитај се самиот шо ми е !
     
  17. srcekrsacka

    srcekrsacka Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2010
    Пораки:
    2.952
    Допаѓања:
    1.752
    тебе убавецу бидејки немам срам ама ниту еден грам ке ти кажам да те префрлат таму нека Лисиче да не те гледам :!:

    а тебе духу еден те видов прееска и наместо да кажеш здраво неколтуроо една а ти само врти се
    леле да можам да ти ја :punch: една леле леле леле
    што ли бев тооолку многу загреана за тебе минатите избори-незнам не можам да се сватам себеси а во ист ким бевме ама оваа година не те рецкам 2 % проценти ама баш ми е галје за тебе и онака за тебе не сум човек за тебе па зошто би бил ти за мене :wasntme: :wasntme:
     
  18. Mihaelasimonova

    Mihaelasimonova Активен член

    Се зачлени на:
    4 декември 2013
    Пораки:
    35
    Допаѓања:
    6
    Едвај чекам да се сретеме пак :* :* :* :* !!!!!
     
  19. tweety26

    tweety26 Популарен член

    Се зачлени на:
    30 март 2010
    Пораки:
    1.650
    Допаѓања:
    2.279
    Пол:
    Женски
    Како ли се појави баш сега и ми го уплетка животов...
    Бас сега кога мислев дека се тргна на подобро.
    Се појави и почна да ми ги отвараш по малку очите.Да,се освестувам гледам сега каде сум...
    Секогаш иста грешка.
    Постои љубов,ама иднината некако тешко.
    Не знам дали би се справила со карактерот негов.
    Сега сфаќам една работа.
    Брзо ми здосадува секој...почнува се монотоно да ми е...
    Проблемот до мене ќе да е...незнам веќе.
    Баш сега ништо незнам,особено не сега после него.
    Којзнае што ли ќе биде...лекција,спомен...или моја сродна душа...
    Никогаш не се знае што те чека во животот...во право биле...
    А човекот решен да ме зима,да почнеме заеднички живот...сега јас почнав да се предомислувам и да ме фаќа страв од таквата иднина...
    Иако скоро секогаш е иста...
     
  20. Ivy18

    Ivy18 Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 септември 2012
    Пораки:
    204
    Допаѓања:
    76
    Те сакам :$
    Многу си сладок кога зборуваш.