цела околина каде и да се појавам со тебе дух еден-така те викам дека си невидлив најчесто гласот ти се слуша а ликот го нема ми коментира каква сум (се комплименти)ама ако издржувам некако абе не можете вие против мене ама ако животот е тркало кога-тогаш ке се појави некој во овој мој живот па ке видиш ти ако си маж застани пред мене и кажи ми ми се допагаш-кажи го тоа бе ама сега и да го кажеш тоа не пагам на таа финта па што сака нека биде и ако вака на форумов навистина си сладок да имаш убава уста ама кога ке помислам што се може да излезе од таа уста ПАУЗА не си ти единствен од тој вид што го познавам не бе не ти мене не ме убедуваш колку убав да си мојот ЖИВОТ ке биде пекол зошто мораше овој фрик толку блиску до мене да живее о Господе ТЕ МОЛАМ помогни ми
Ми доаѓа да ти дојдам и да те изнагушкам, силно силно, најсилно! И душава и мозоков ми се спокојни, после тие лоши денови што ми изгледаа како цела вечност. Ти благодарам. И ти ветувам.
Само да знаеш колку многу,премногу те сакам! И душата и животот би го дала за тебе убавецу.Не дека не љубев некои после тебе,но ти не успеа да бидеш заборавен и со секое видување ми се зголемува копнежот по тебе.Ти секогаш ќе имаш посебен дел во моето срце,засекогаш.Нашата приказна секогаш ќе ја раскажувам и на моите деца,внуци.Па дури и да засакам некој верувај ми никогаш нема да го сакам повеќе од тебе зошто ти си посебен човек во мојот живот чие што име никогаш нема да се избрише...
Деца ќе ти родев, само да ми покажеше дека барем малку ти е гајле. И мене ми е жал, ама тоа е што е. А крај е.
абе убавецу, ти навистина мислиш дека сакам да се запознаам со тебе сега и да си најубав на светот се ти пропага во вода вчера ти текнало дали ке доагаш кај мене на работа-што сум бе јас на копче-ти притисни го и излегувам јас имам јас свој живот и свои проблеми не постоиш само ти, тоа да ти е јасно од вчера што ти одговорив денес ми кажуваш од колку до колку си на работа-абе што ми е мене гајле дај боже да те преместат во Лисиче да те нема во моја близина о Господе помогни ми те молам
Мачор мој белоглав и смешен. Колку работи ни запнаа, колку препреки се случија, но ние уште сме заедно, мутави и среќни, можеби на начин кој само јас и ти го разбираме. И така и треба да биде. Го средив нашето гнезденце, купив тестенини и омилениот ни Хајнц со маслинки, нова тава и цедалка за паста и те чекам со бујна страст Многу сакам да си тука постојано. Од друга страна, знам дека успехот кој го имаш, е лично твој, а воедно расте заедничкиот. Нема поубаво чувство кога некому му правиш радост и инспирација. За нас, за секој одделно, за двајцата заедно. Се разбудив вчера во ниедно време, и прва помисла ми беше - Ти си тој, ти си мој, ти си смешен ној, ме инспирираш, ме нервираш, ме знаеш, ме познаваш. И се засекирав за летовите, зошто нашиов аеродром го затвориле вчера, но утрово имаше надеж. Знаеш дека се јавив да прашам? Ми рекоа до утре има големи шанси се’ да се врати во нормала. Како и да е. Да ти кажам дека едвај чекам да сме гушнати под ќебенце, додека некое мекано музиче не’ задржува во прегратка. И корки од мандарина на радијатор, мирис на Ленор виолетовиот, супа со кнедли во недела, шетање во парк и пијачка во меанче, се’ тоа ќе си дојде. Новата 2014 да ја поминам со тебе, тоа е најголемата радост на која мислам во моментов. Те сакам.
Некогаш толку многу ме нервираш што да би можела и би те натепала колку да ми олесни.. ама и толку многу те сакам што дури се изненадувам и од самата себе колку сум била издржлива за само и само да помине овој таканаречен Период што не ни дозволува да бидеме многу заедно и се надевам дека ќе помине брзо како што викаш ти, едвај чекам и тоа ми дава трпение и сила да надминеме се
Ме потресе, така малце. После 6 или 7 години, повторно се врати. Сега поблиску. На скоро неколку метри до мене. Но зошто? Зошто, кога не те барав? Гласот ми трепери, ма цела треперам и само се прашувам зошто после толку години? Тоа беше детска љубов, дури и срам ми е за тоа како постапував тогаш. Наивно детиште, исто како и сега, но тогаш беше друго. Тој беше Тој, за кој велев дека нема да го заборавам. За момент го заборавив. Само за момент ..
Не те сакам. Знам дека не се работи за љубов... свесна сум за тоа... ама сепак не поминува ден да не помислам на тебе, и да не ми фалиш барем на секунда. Не знам зашто сеуште трае ова, ама помина толку време и немам чуство дека ќе помине во скоро време... Посакувам да не бевме толку слични, да не речам исти личности, тогаш можеби приказната ќе течеше поинаку, можеби сеуште ќе бевме заедно, и можеби ќе можев самоуверено да кажам дека те сакам. Си размислувам понекогаш на што ќе бевме сега јас и ти ако не бевме двајцата толку 'забегани', необични, секој во различна смисла на зборот, и да не бевме толку специфични за многу работи.. на што ќе бевме денес да не дозволевме гордоста да ни застане на патот, и ти да не беше толку детинест (а до некаде си признавам, тоа важи и за мене)... Да го направеше првиот чекор, и да се смиревме одма, наместо да си праќаме индиректни знаци, и онака се знаеше дека тоа никаде нема да не доведе... Знам дека барем еден краток период не ти беше се едно, сигурна сум во тоа. Сега веќе не знам, а не е ни важно... Ако си продолжил напред и не помислуваш на мене толку често како јас на тебе, подготвена сум да го профатам тоа и најискрено ти посакувам да бидеш среќен. Ако пак можеби се чувствуваш исто како мене, биди барем малце храбар, и биди доволно 'машко' за да направиш нешто во врска со тоа и да не стоиме во место повеќе. Како и да е, секогаш сум верувала и сеуште верувам во тоа дека ако треба нешто да биде, ќе биде.
Бев вистински скептик во животот кој живееше со резерва кога станува збор за љубовта, кој се штитеше од повреди и напуштања. Но додека им се смеев на сите кои губат се за љубов дојде ти...Оној кој ги уби сите стравови, кој ми даде храброст да ризикувам се. Оној за кој треперам секој миг, кој ме натера да бакнувам со отворени очи, очи кои мораа да се уверат дека си тука, дека не е уште еден сон во низот... А рајот и пеколот ги спознав се додека не слетав на тие усни... и зарем мораше да бидат проклето нежни, толку створени за мене? Зарем не можеше барем со нив да погрешиш, да покажеш дека не си припаѓаме еден на друг? Траеше само миг чинам, а цела вечност мислиш усните се знаат... а воопшто не ја изгасија жедта за тебе, ја разбудија онаа погрешна потреба да трае ова вечно, а не смее.... А можев да те направам најсреќен, знам, да ти дадам грст нежност и тон љубов мислам, од онаа која засекогаш ќе остане неискористена во амбарот на заборавот. И да се будам до тебе и да остарам крај тебе и пак да се разбираме само со поглед нели? Но сега е залудно се..... Ти и понатаму ќе продолжиш да ме убиваш знам, барајќи начин да заминеш, да заборавиш се,додека срцево игра како поживо да не ни било... И не барам ветувања, не барам веќе ни збор од тебе(иако сонувам за мигот во кој ќе кажеш се што чувствуваш), никакво признание, само остани тука неколку минути, држиме цврсто подолго од вообичаено, нека останам без здив, и така пречесто останувам кога те нема, кога ги голтам солзите, кога ги гледам твоите очи, кога ја барам твојата сенка, твојот мирис низ пустите соништа.... И не знам дали се вљубив во тебе веднаш штом те запознав, но знам дека повторно би те избрала тебе, без оглед на цената која ќе ја платам, барем знам дека и јас сум ја спознала сродната душа...едноставно со тебе ги запознав чувствата за кои се напишани некои од најдобрите романи, знаеш? Во меѓувреме ќе продолжам да се измачувам со дилемата: не ни било пишано или нашето време не е се уште дојдено https://www.youtube.com/watch?v=v33OyaymFz4
Е мило мое колку бил чуден животот до вчера бевме едно,а денес..денес сме како два различни света..и чудно ми е "пријателу"..чудно ми е вака знаеш,вчера не си сакал да ми се јавиш зашто јас не те барав..па пријателу ја чекав на тебе,завчера баш ме изнанади кога ми се јави,а мислев дека и вчера ќе ме побараш ама горда сум сама на себе што успеав да не те побарам..сакам да видиш дека јас можам без тебе,дека после толку караници и глупости јас научив како да продолжам без тебе и нема веќе од кога ќе се издуваш да се враќаш кај мене,нема веќе..и јас ќе си изградам нов живот без тебе..или со тебе,незнам што носи утре ама знам дека веќе нема да ти попуштам...ако ти кревам ако зборам со тебе ако е се нема веќе да сум твоја,нема...барем не додека не научиш и одлучиш што сакаш.И ете гледаш и сам и ти неможеш без мене,поминаа неколку дена и одма ми се јави,демек пријатели сме сега па и ми правиш планови за роденденот,епа мил мој нема ти да бидеш до мене за роденденот,нема нема да ми требаш тогаш..оваа година не.А знаеш баш мислев дали ќе ми пишеше тогаш или ќе ми се јавиш..ама сега веќе го знам одговорот. Оди кај сакаш веќе не се враќаш кај мене. Не сум веќе твоја..ничија или сечија тоа не е твоја работа. Немој да мислиш дека после ова ќе бидеме заедно,неможам да поминам поред тоа..освен ако не ми ја кажеш ТИ вистината,не другите. И не ми пуштај приказни за деца,те читам како буквар знам што сакаш да ми кажеш ама нема злато нема да ти плачам и молам,научив да живеам без тебе..или сеуште учам..ама добро ми оди
Сакам да си до мене сега, да осетам како убаво гушкаш Технологијата отиде толку напред, а никако да измислат како да се гушкаме преку телефон. Да има такво нешто цело време ќе бидам со телефонот во раце и ќе те гушкам.. Невозможно е да сум толку ненаситна. Никогаш нема да ми биде доста од твоите раце околу мене, и од твоето тело до мене
дух, не ваква таква или онаква абе пред мене во очи да ме гледаш и да ми кажеш ти си незнам што (мислам позитивно, комплимент) ке ти речам не не е важно што мене ми се случува-што глумам лудило е друга приказна не сум рак ако не се шегувам и на моја сметка и воопшто шеги ама па не мораш да знаеш што мене ми се случува-ова е свесна одлука донесена од моја страна за мое добро инаку ко по обичај за некои луге ладна-шприцер
Зашто се врати пак? Се средив , се дигнав на нозе, престанав да пушам , алкохол не конзумирам толку често , запознав човек што го сакам ( или се убедувам дека го сакам ) и одеднаш се појави ти На сите мои блиски им кажуваш дека работиш кај мене у маало , идеш до продованица кога јас поминувам , му свиркаш на кучето кога си го шетам... не ме јеби човече не сум мало дете па те гледам али се праам дека не те гледам Хмммм можеби е тоа така затоа што така заслужуваш , а можеби затоа што се плашам да не ме повредиш повторно. Можеби не те заборавив само се правам силна пред другите... Те молам исчезни од мојот живот засекогаш!!! Како што исчезна кога најмногу те сакав...
[СДК] Сакам да кажам... те молам...речи дека ме сакаш...те молам речи да сме заедно пак...зошто не сакаш да скратиш се и да кажиш едно ,,не, не се труди повеќе.“ а, ти реков дека немам сила да го направам тоа...зошто??? илјада прашања, ниеден одговор
кога ми прокоментира девојка за дека постои доктор што ке ме лечи и завршува со а возвратив со веднаш реагираш ех докторе докторе можеби и ти се случува нешто тебе ама се плашиш да признаеш-ај да видиме дали јас и ти до крајот на годинава ке отидеме на кафе па да видиме што ке се случи и баш вчера се советував со една екс колешка за тебе духче и твоите пецкања и провокации кон мене советот беше-најди си момче да се е ок ама што ако на него му удри нешто во глава па почне да реагира на лош начин на тоа да не му биде дополнителна провокација тоа-кој да го знае леле жими еден живот да не беше од партија ако не дремев кај него под прозорец-како што тој ми правеше мене срце да не се викам
Последната минута од денешниов ден ќе ја искористам за да ти го честитам именденот. Пред некој ден се сетив на тебе. Купив течен сапун со мирис на сонце и ме потсети на тебе (да, има течен сапун со мирис на сонце ). Ти ми се обраќаш со сонце. Ти на сите им се обраќаш со сонце додуша, ама го кажав вака за да се почувствувам поспецијално. Сите го имаме оној некој кој ни се допаѓа и не привлекува, но поради разни причини никогаш нема да си признаеме себеси, а уште помалку на другите. Кај мене тоа си ти. Не си убав, но си толку паметен, остроумен, импулсивен, харизматичен, глумиш во еден театар, играш и пееш, дрдориме и двајцата истовремено без да се знае кој кажал што на крај...епа ми го задржа вниманието. Загатка си ми, и сакам да те излупам, да видам што се крие под сите тие слоеви. Се сеќаваш на оној ден кога се шетавме покрај Охридско, кога ненадејно ме фати за рака, без да речеш ништо? Постојано зборуваш, а тогаш беше толку тивок. Моментот ли беше, сплет на околности ли беше, што беше? Ме разниша оттогаш. http://www.youtube.com/watch?v=NoUULZfoBzI Нашата сонце, онаа што ја пеевме заедно, се сеќаваш?
На полноќ ќе се спојат сказалките на часовникот како јас и ти некогаш, но по една минута ќе се разделат како јас и ти засекогаш... разликата е во тоа што сказалките утре вечер пак ќе се спојат , а јас и ти кога злато когаа ..