Форумџика на годината

Што би му кажале...

Дискусија во 'Врски' започната од Lilit, 13 декември 2009.

  1. Primadonna

    Primadonna Популарен член

    Се зачлени на:
    6 август 2012
    Пораки:
    1.341
    Допаѓања:
    2.163
    Пол:
    Женски
    Ја играчката од киндер јајце не знам да ја спојам, а не па мене и тебе... :^)
     
    На jagodka.18 и simonna.a им се допаѓа ова.
  2. simonna.a

    simonna.a Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 февруари 2013
    Пораки:
    4.495
    Допаѓања:
    34.397
    Пол:
    Женски
    Да земиш еден од тие фудбалските ти дресови-дај ми еден мене
    и оп заедно ќе си играме фудбал на ова студенило
    нас фудбалот...ова љубовта ќе не грее,топли и така натаму :wasntme:
     
  3. kolumnistot

    kolumnistot Популарен член

    Се зачлени на:
    6 октомври 2012
    Пораки:
    2.025
    Допаѓања:
    14.463
    Пол:
    Женски
    Мажите се како женските чанти. Некои одговараат со сите комбинации, некои се само за специјални прилики, а некои само скапо ке те чинат иако не вредат ништо...

    п.с. не сум решила се уште да поминам преку се, ама кога ќе решам е тогаш добро ќе изгазам се......
     
    На poenta му/ѝ се допаѓа ова.
  4. fatamorgana123

    fatamorgana123 Популарен член

    Се зачлени на:
    11 февруари 2013
    Пораки:
    1.273
    Допаѓања:
    1.530
    [​IMG]

    Толку.
    :?:
     
    На martine и thelittle17 им се допаѓа ова.
  5. Veki4kaa

    Veki4kaa Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јануари 2012
    Пораки:
    5.656
    Допаѓања:
    18.971
    Пол:
    Женски
    Сакам да бидеме сами... да водиме љубов... ми недостига тоа... ми недостигаш ти!!! :$
     
  6. poenta

    poenta Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 ноември 2013
    Пораки:
    5.036
    Допаѓања:
    36.226
    Пол:
    Женски
    Јас сум 2 во 1 ;) Понежниот,но и посилниот пол во врската.
     
  7. leighton23

    leighton23 Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 мај 2013
    Пораки:
    738
    Допаѓања:
    1.681
  8. Plejg

    Plejg Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 јуни 2013
    Пораки:
    30
    Допаѓања:
    5
    Ти благодарам што ми го направи овој ден полесен :$ :inlove:
     
  9. XstrongerX

    XstrongerX Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јули 2010
    Пораки:
    1.714
    Допаѓања:
    5.094
    Пол:
    Женски
    Духот полека испарува од моето безживотно тело и бара засолниште во твоите прегратки. Допира до мене тешко неспокојство, невообичаена вознемиреност. А сепак, ги чувствувам сопствените воздишки. Рамномерни се, како на човек кој спие. Очите ми се широко отворени.
    Мојот дух вечерва бара утеха кај тебе. Духот го напушта телото на блудна оскудна жена, ќерка на анѓелите.
    Во срцето носам нов очај и некаква залудна надеж. Целото мое битие го обзема ново страдање. Бурата не престанува. Една врела солза ми падна врз дланката.

    Дали сите неодамнешни случувања се плод на мојата фантазија или суров дел од реалноста ?
     
  10. vitomir

    vitomir Нов член

    Се зачлени на:
    4 ноември 2011
    Пораки:
    2.095
    Допаѓања:
    3.630
    Не си ги преценувај своите способности! Не фали се со она што си го направила, Остави за тебе делата да зборуваат ! Зарем е потребно да му палиш свеќа на Сонцето?
     
  11. Izaabella

    Izaabella Популарен член

    Се зачлени на:
    13 декември 2010
    Пораки:
    1.321
    Допаѓања:
    7.444
    Пол:
    Женски
    Безброј пати до сега ја имам отворено темава, напушано по некој ред и потоа ништо...немав храброст за да го споделам можеби.
    Всушност, немам храброст воопшто. За ништо. Само некоја лажна сила која ја покажувам пред другите, а која секоја вечер гребе одвнатре. Моли за да престанам.

    И јас молам.
    Молам да згасне ова чувство. Молам да ми се исполни празнината. Молам да се случи чудо. Мирно да заспивам ноќе. Мирно да се будам, со мисла која нема да ме врати во минатото. Која нема пред очи да ми донесе слика од моментите кога бевме среќни... Минато се. Веќе и далечно...

    Имам толку многу прашања во себе. И тие пржат и додаваат додатна болка на целава оваа ситуација. Прашања кои сакам да ги поставам, чисто за да ми олесни.. А ти да се завртиш и да заминеш не кажувајќи го одговорот, зошто нема да биде ништо што сакам да го слушнам. Што ќе ми ја израдува душава повторно и што ќе ме натера да сд насмеам среќно и искрено.
    Тоа никогаш нема да се случи.
    Никогаш.

    Уште чувам некои слики, насмеан си ми. Преживувам одново и одново моменти, те сакам силно како што само јас знаев. Искрено како што јас знаев, посебно, целосно, без ограничувања.. малку беше.
    Мојот свет ти беше претесен, а моите сништа смешни. Желбата да бидам цел живот само со тебе, да ми бидеш единствен засекогаш остана во ноќта кога лежевме еден до друг, последната засекогаш. Онаа која имаше крај, а немаше причина...

    Посакувам да ме убиеше. Помалку ќе болеше. Помалку ќе се паметеше... помалку.

    Никогаш повеќе... а те сакав повеќе од себе.
    Никогаш.
     
    На Ketrin.Moon, jasBia и luvena им се допаѓа ова.
  12. flower08

    flower08 Активен член

    Се зачлени на:
    21 декември 2013
    Пораки:
    19
    Допаѓања:
    2
    Ќе му кажам дека го мнооогу сааакам и навистина многу ми недостасува, сватив дека навистина го сакам одкако отиде да живее далеку од мене, бебенце мое :(
     
  13. srcekrsacka

    srcekrsacka Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2010
    Пораки:
    2.952
    Допаѓања:
    1.752
    и ти и другар ти-или колега што ти е незнам петарди да пукате пред мојата зграда за да се свртам :fubar:
    духче навистина нешто не е во ред со тебе
    жими еден живот ако не земам една канта да тропам кај тебе пред кука или капчиња да ти фрлам па ако сака цело Дебар маало нека ме чуе :!: ти можеш ама можам и јас :D не партија св. партија е веке доста ми е :!:
     
  14. kolumnistot

    kolumnistot Популарен член

    Се зачлени на:
    6 октомври 2012
    Пораки:
    2.025
    Допаѓања:
    14.463
    Пол:
    Женски
    Сите би рекле: кога ќе најдеш некој кој те засмејува со својата појава, кој и пречесто прашува дали си добро, кој посакува се за тебе и единствено што сака е да покрај тебе, чувај го! Но тоа не важи и за нас, нели? По којзнае кој пат разумот вреска дека е време за крај, вреска ПУШТИ ГО!
    Токму молкот ој го сакаш, кој го избираш во секој миг ти, му даде оружје во рака на разумот. Оној молк кој ме гушеше денес додека те барав во сите сенки, во стотиците ликови кои го сретнав, а ниту еден од нив не беше твојот...Молк кој ме води под ова небо, под кое како да не живееме двајцата... Молкот кој царува со мојот поглед кој е тапо вперен во мобилниот, не знаејќи ни сам што чека...Молкот кој ги затвора моите гласни жици, додека се будам секоја минута длабоко во ноѓта, барајќи те до себе...Молкот кој ме мачи секој миг додека се прашувам : мислиш ли на мене, ти недостигам, посакуваш ли да беше се поинаку? Молкот кој ме гуши додека го барам твојот мирис и во маглата која е наоколу....
    Но изгледа дека нам ни е полесно да патиме одвоени, молчејќи...без да останат зборови, текстови кои би биле сведок на ронењето на едно срце од болка, на паѓањето на солзите, на неостварениот копнеж...
    Џабе молкот, кога срцево сака да вресне: не пуштај ме, чувај ме близу до тебе, не барај да те заборавам.... но и овие зборови како кнедла ќе бидат проголтани, за да продолжи молкот нели? А не знам ни дали воопшто сакаш да ги слушнеш, да ги знаеш, да ме помниш, да ме гледаш...
    Сепак залудно е се... минатото и направените избори нема збор кој може да ги промени. Само молкот може да ни даде сила да живееме со нив, да заборавиме дека постои нешто повеќе, нешто поубаво...
    Ниту една телесна блискост која ја имаме со другите знам не е толку силна како оваа нашата душевната, но и тоа го премолчувам, со сокривам под очилата за сонце, под темните стакла, далеку од туѓите погледи...
    Токму за таа блискост горам во бесни огнови кои ми го прават животот пепел, кои од туѓата постела му прават гроб, ме прават леш во неговите прегратки. Но ги премолчувам и овие болки знаеш?
    Молкум ја открив љубовта која е и отров и лек... која во еден миг може да ги спои солзи, бакнежи и насмевки. Љубов која во себе споила зимско невреме и мирна пролет.
    И сега пак молкум по којзнае кој пат ти го отворам вративе од срцево, излези ако сакаш, стави точка секаде каде што јас ставам запирки и оставам простор за да продолжи се. Стави точка за да не се губам себе повеќе во твоите раце, да не се загубам целосно во овој проголтан молк...
    И додека ова го пишувам во молк, итајќи во твојот свет, во кој сум невидлива, во кој сум неповикан гостин, продолжувам да треперам како исплашена срна, како секогаш кога те видам...Треперам борејќи се со желбата да го прекинеш овој молк....
     
    На poenta му/ѝ се допаѓа ова.
  15. sadgirl21

    sadgirl21 Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 јануари 2013
    Пораки:
    7.360
    Допаѓања:
    8.494
  16. srcekrsacka

    srcekrsacka Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2010
    Пораки:
    2.952
    Допаѓања:
    1.752
    како не ти е здосадено да им кажуваш на колегите и другарите каква сум јас
    како ли ти се слушаат воопшто-трубо една, замаранту еден
    абе духче вени ке добиеш од стоење кај мене пред зграда абе муле едно, шпиун еден :D :x удри си ја тоа главата од зид ако треба и не биди како елвир Мекик-некаде после 2 http://www.youtube.com/watch?feature=pl ... hxh5Uhcg0g :fubar: :D
    и ај баш да пробам да си најдам друго момче-ако настрада заради тебе жими се ке си имаш работа со мене :!: :!: и немам да имам милост кон тебе :!:
     
  17. cheetah.girl

    cheetah.girl Популарен член

    Се зачлени на:
    31 октомври 2012
    Пораки:
    1.620
    Допаѓања:
    1.416
    Хахахахаха сфати нели? На две столици не се седи ;)
     
  18. fificaaa

    fificaaa Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 март 2011
    Пораки:
    726
    Допаѓања:
    493
    Пол:
    Женски
    Џабе возиш убава кола... Кога на пешачки мораш да застанеш... За да поминам ЈАС !!! Хохохохохохоооо!!!!! Абе сељак еден кога ќе те видам ми иде да те претепам , а после тоа ќе те изнагушкаааааааам :rofl: :rofl: :rofl:
     
  19. rrrrrrrrrrrrrrrrrrrr

    rrrrrrrrrrrrrrrrrrrr Популарен член

    Се зачлени на:
    22 јули 2012
    Пораки:
    968
    Допаѓања:
    4.036
    Пол:
    Женски
    Несигурна и проблематична личност сум.
    Знам!
    Прости ми. :hug:
     
  20. green.eyes

    green.eyes Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 јули 2011
    Пораки:
    2.886
    Допаѓања:
    31.524
    Пол:
    Женски
    Еј, ти, си го видел твојот близнак? И јас не сум го видела неделава. Знаеш, оној добриот, нежниот, внимателниот, кој ја слуша девојката додека му зборува, се грижи за неа и нејзините желби, ја посакува, ја гледа неа во неговата иднина........

    Ако случајно го видиш, кажи му да помине на кафе. И дека проклето ми фали. И дека премногу го посакувам. И дека ми значи повеќе од животот.
     
    На Libera, thelittle17, girl-miri и 1 друга личност им се допаѓа ова.