Го прекина молкот да, но како? Само со еден телефонски разговор ги спои рајот и пеколот за мене... рајот сокриен во тој глас, кој бев жедна да го слушанм, и пеколот во изговорените зборови. Но крај е крај, нели? Река солзи разбуди во мене, го разбуди бесот, тагата, посади болка која мислам до полноќ ќе ме загуши... но оваа река нема да ме доведе кај тебе. ќе ме одведе во бестрага, ќе ме одведе во животниот мрак во кој и надежта е луксуз.. И пак молк... мора да се премолчи оваа тага, знам, мора да биде затскриена зад насмевката која ќе му ја поклонам нему, зад она „те сакам“ кое ветерот ќе го донесат кај тебе... Па зарем по Бог со камења сум фрлала, за да те немам? Кое зло го имам направено за да добијам ваква казна? За да најдам ваква љубов, силна искрена но проклето забранета??? И беузловната љубов подразбирала жртви сватив јас, жално што за мене жртвата е претешка: твојот мир покрај неа.. но нека биде и тоа.... За мене си пре вреден, пре важен за да дозволам да имаш миг страв, нервози.... И ветив нема да те барам, но не ветив дека душава нема да талка по тебе, дека нема да врескам во соништата и нема да го оживувам мигот минат во твојата прегратка... не ветив дека нема да го барам твојот парфем во секој друг, ниту твоите раце.... дека нема да смислувам изговори само за да сме во иста просторија, дека нема да го проколнувам животниот воз кој ме донел прекасно во твојот живот... Одевме по стакло знам, но стаклото се скрши над нашата глава да знаеш..тие ќе останат заштитени, но јас и ти ќе останеме вечно со оваа болка, со некажаните зборови, со соништата за едно заедничко утро, за вечер исполнета со бакнежи, за држење за рака без страв.... Но не, новогодишната желба нема да ми биде за исполнување на овие копнежи, за променување на судбината, јас ќе посакам заборав. Само заборав ќе барам јас, само тоа може да ми го врати мирниот сон.... Алал да ти е, ми покажа колку шахот е проклета игра и стави точка каде јас упорно ставав запирки.... Уживај во судбината, имај трето дете и заборави на ваквите грешки како мене, што да ти речам друго..... п.с. се знае ли колку солзи имаат еден пар очи? да знам затоа што моите по тебе течат течат течат http://www.youtube.com/watch?v=UHVOjwmhei4
знаеш твоите родители(ако можам да кажам родители) не заслужуват да ги наречиш родители проклето!!!!!...... правите што сакате ама јас сакам мир одете на друго место,подалеко од моја близина,само тоа сакам подалеко од моја близина нека бидат
Ајде аман веке и оваа недела нека помине и конечно да ми дојдеш.... одкако бројам се е една недела и никако не поминува ? ДАЛИ ТОА ЈАС НЕЗНАМ ДА БРОЈАМ?
Не сум сигурна дали те видов вчера, или тоа беше некој друг што ми заличи на тебе... Да бев сигурна дека беше ти, сега ќе ми беа потврдени сомнежите дека не ти е гајле повеќе, ама ич. Но бидејќи не сум, жарчето надеж длабоко во мене си продолжува да гори...
и да сака некој да ми ги објасни твоите испади-не сакам да чујам. сакам само да те снема од мојот тел или пак ке мењам број. Аман!
Е овој пат ќе се воздржам од коментари Човек со челични живци тебе не може да те издрже на моменти знаеш ли? Ма иди дека сакаш, само остај ме да дишам. Просто створение
[СДК] Сакам да кажам... Може ли да те гушнам и никогаш да не те пуштам? Зошто ми навираат вакви идеи? Зошто сеуште те сакам? Можеби ради тоа што ми даваш надеж... Тоа чувство...неизвесност, надеж, болка...
Заедно растеме, добро повеќе јас си растам, ти одамна ги имаш поминато ваквите нелагодности, ваквите длабоко сиромашни ликови и неуморно ѕверкасти хиени. Сите солзи кои ми ги бришеш, како и сите бакнежи кои ми ги даваш, па и тие во моментите кога сум мрсулава, се е тоа она кое ме обликува, расне, силее. Се би повторила. Повторно би ти се насмеала на првата твоја насмевка. И би ти го дала грешниот, па точниот број. Би прифатила да се чекаме кај Рекорд, да одиме на кафе-чај во италијанскиот, на пица во Фуфо. Па крај Вардар, Ману... И кога те гледам те гледам тебе. Никој друг. Ти си сосема различен од татко ми. Да, двајцата сте единствените мажи кои ги познавам а се чисти во срцето. Но тој е избувлив, ти промислен. Ти си единствен и различен. Ти си спокој кој мене ме смирува. Иако не верував во тоа. Чекаме само тоа смирување да се случува моментално, не по саат или два. Мора да се случува.
после 15 дена од нашето последно допишување бивши ти на мене ми пишуваш само да те поздравам? е навистина си муфљуз
Знаеш, немаше право така да ме исфрлиш од животот. Во последно време во животот твој не влијаев јас, туку нашето минато и брзите заклучоци и осуди од другата страна. Не јас. Во прв момент се смеев, што од неверување, што од нискоста. Ама нека, се надевам ќе ти годи. Другаркиве викаат да не ја врзувам главава в крпче за тебе, ама знам дека не го можам тоа. Не сум толку бесчувствителна. Секогаш ќе се грижам дали си добро и зошто не можеш да заспиеш навечер, каде ти исчезнала насмевката и од каде ти е таа тага во погледот. Те сонувам понекогаш и веднаш штом се разбудам си го враќам сонот и барам значење, случајно да не е показател за нешто лошо што може да ти се деси. Секогаш. Ама криво ми е што дозволи да испадне вака. Во тебе јас неколку месеци гледав искрен пријател, а не бивш дечко. Додека не зафркнавме. А да, да знаеш, можевме. И можеби немаше да станеш оној кој што си сега. Доцна ти е веќе, и за наше пријателство, и за било кое друго. Полека, можеби и несвесно - губиш сè.
Те сакам не најмногу туку многу многу повеќе од најмногуууу... те сакам повеќе од самата себе. ти си мојот живот,моето срце, мојата душа.Ти си ми се. Без тебе неможам да се замислам самата себе бидејќи ти си дел од мене и секогаш ќе бидеш. Сите тие зборови што вечерва ми ги кажа и сите работи што ми ги кажа за мене значеа многу и уште еднаш ми докажа,сватив и сум сигурна дека ти си тој што секогаш сум го барала и дека не сакам а и не сум спремна да те изгубам. За мене подобар од тебе не постои. За мене ти си совршен и најдобар!