Викаш се се случува со причина а? Е ова најверојатно се случи за да ме научи да ги препознавам луѓето, да навлезам подлабоко во проучувањето на невербалната комуникација и да знам да препознаам навреме лажговци....бидејќи се покажа колку повеќе му веруваш на некој, толку поголема животна лекција добиваш...... И додека јас се залажував дека и ти го проколнуваш задоцнетиот животен воз како јас, ти си барал врски да ме снема, да ја седнеш на моето место..... И да ја облечеш во моите чевли, да и ставиш од фамозниот парфем нема да ја доближеш ниту до мојата сенка знаеш? Светлосно години не делат нас... И не не си ти евтин, само знаеш секогаш да заблескаш во вистинското светло, да си ја одредиш сам цената........ Продолжи да чепкаш во мојата гордост, те молам... потоа сам ќе се собери разумот, а ти ќе станеш паднато копче на износена кошула.... се надевам дека искрено го посакуваш тоа, бидејќи лошо е едниот да се сеќава, а другиот да чувствува....
Не знам што би ти кажала, моето однесување ти го покажува тоа секоја секунда. Не можам да ти опишам колку многу ме правиш среќна и колку многу те сакам и вреднувам. Како што ти кажав вчера, за ништо на овој свет не би те менувала, ти си најблиску до совршенство, не дека си мој, туку навистина е така.
и јас понекогаш се чудам-да ми е жал за тебе? мореее таквите ко тебе турни ги да потонат дух еден и уште не се откажувам од тропањето кај тебе пред кука
Еднаш една професорка (по направената психоанализа врз мојата личност според моето однесување и моите ставови на одредени теми) ми рече: Ана, не можеш секогаш да се грижиш за среќата на другите. Не можеш на сите да им ги решаваш проблемите, секогаш да бидеш рамо за плачење, а да се занемаруваш себеси. Не е убаво да си ја оптеретуваш душата со сé што ти се случува, ќе дојде денот кога ќе се скршиш. Најди некој кој ќе ја заслужи твојата доверба и не се плаши да се отвориш. Да ја сретнам денес, ќе ѝ речам: Го најдов.
http://www.youtube.com/watch?v=qKGBr7clQ_M духче има сила која не ми дава да сум твоја-после толку размислување и убедување сама со себе и протолкување на тебе како личност сватив дека јас треба да се држам на страна од тебе-и човечки и партиски и секако оти навистина може да настрадам и другарките исто ме советуваа, и психијатарот а што си одлепувам некое време тоа е друга приказна , мy life, my problem со сила не те терам да киснеш кај мене пред зграда дење ноке, да ме чекаш да заспијам па да ме гледаш и коментираш
Не се договоривме вака. Не се договоривме вакаааа! Биди фер. Со ова ништо не добиваш. Не ми треба некој што ќе ме тестира. Знаеш каков барам. Се тргам се ладам од тебе. Направи нешто.
И уморна сум да пишувам веќе, додека ти не си ни свесен низ што поминувам, не си не свесен дека се губам, дека едвај преживувам, се давам во сопствените солзи, се гушам, се борам за воздух, полудувам, и знам дека не вреди, но што можам срцево е посилно...Не си свесен дека онаа насмеаната мислам се изгуби, никогаш повеќе нема да се врати, дека токму таа ги губи сите околу себе, само за да живее во светот на фантазиите, бидејќи само таму може да те има... и оваа вечер е иста како претходните, пак очајно ми требаш, сакам да врескам, сакам да те видам, сакам повторно да се најдам во твојата прегратка, повторно да ги допрам твоите усни... Не знам како да си помогнам самата на себе, ситуацијава излегува од контрола и свесна сум за тоа, ама не можам да превземам ништо... Боли тоа што те нема, боли до коски, душава ми ја распарчува... И пак не се каам за ниту една секунда помината со тебе, за ниту еден лажан збор, за ниту една солза... се каам што не те задржав миг подолго кога веќе се најде во моите раце..камо да знаев дека ќе е последен пат....
Те сакав со светлата страна од срцево, и со темната онаа која секогаш му се покорувала на мракот. И знаеш И знам И уморни сме.
Знам дека намерно испадна вака да се видиме денес,знам знам и знам. Знам и дека денешново кафе што го пиевме заедно не ни е последно. Знам и дека во тие 15 минути што седнавме си изнакажавме и повеќе од доволно. Знам и дека намерно сакаше да ме видиш денес,а не само преку порака да ми го честиташ роденденот. Знам и дека намерно ме гушна така силно и го вдишуваше мојот парфем како ненаситен. Знам и дека намерно ме баци. Знам и дека намерно ми се јави од кога ме испрати на автобуска,за да ми кажеш дека тој бакнеж бил за нов почеток,за нова љубов. Знам и дека се каеш за се. Знам и дека ме сакаш назад. Само незнам зашто,зарем не мислиш дека јас и ти завршивме?зарем сеуште мислиш дека има надеж за нас? Јас не. или можеби оваа е последна,мала шанса за нов голем почеток. Ама и ако се смириме нема ништо да биде исто,го знаеш тоа го знам и јас. Веќе никогаш нема да сме оние истите од пред некоја година..и двајцата созреваме,растеме односно јас растам покрај тебе ама како и да е.. оставам се на времето..па што биде нека биде,јас веќе немам сили за ништо.
Јас сеуште не те заборавив... не те заборавам.. За тебе не е така. До овде требало да биде. Ете, можеби имало некоја причина зошто. Гледам полека бавно исчезнувам во твоите очи, веќе не ме гледаш како порано.. ме нема. Боли.. да знаеш колку боли. Ќе помине си велам, ама еве не поминува.. Како се прашувам? Не издржувам повеќе... немам сила. НЕ можам!
Душичке многу сум среќна што те гледам конечно по 6 изминати месеци Толку слатко си спиеш што ми е грев и да ти ја допрам раката
Среќа е што те сретнав. Среќа е што те запознав. Среќа е што те имам само за мене. Среќа е што те имам тебе. СРЕЌА СИ МИ ТИ!
арно те праша прееска другар ти ме гледаш коментираш, а ако се сврти што ти рече тој а ти духче па да бегаме ама како те зафркаваа кога за инает не се појавував ем си ја бараш бељата ем ништо не сакаш да направиш и те видов и со капут и со тренерка и со блузон-ова ко на модна ревија да си бе циркузи
Сонувам за повеќе слободно време, поминато пред тв, гушнати ...и сите грижи се удавиле негде во Вардар.