Знаеш, едноставно бев болна и задушена во врскава, поубаво ми е вака, најискрено и најреално. Другото си е твое. Во едно сум сигурна дека нема да бидам повторно со тебе, во најблиска иднина.
Слатко мое едвај чекам да дојде утре, за да те видам и да те изнагушкам за сето време додека не бевме заедно
Не ми зборувај за љубов. Не ми зборувај за твојата бивша девојка. Не ми зборувај за сериозни муабети, како сакаш да создадеш вредности. Не ми зборувај, зашто ништо од тоа не знаеш. Не знаеш! И ти си ист ко тој пред тебе. И ти си ист ко и сите останати. И не! Не ми кажувај дека генерализирам дека сите машки сте исти, зашто имаше шанса да ми покажеш кој си! На секој човек во мојот живот му пружам шанса да ми се престави, да го запознаам малце повеќе од едно површно „Здраво,како си?“. И не, немаш право да ми се спротиставиш, зашто пред да те ставам во тој кош, ти дадов шанса. И на сите луѓе така. Зашто ги сакам луѓето и не знам поинаку. Ама ме изморивте! Ме измори секој ебан муабет што се сведува на: „Ама знаеш јас не сакам врска, сакам онака лабаво, без обврски… “. Не брат, не сакаш ти лабаво без обврски, сакаш секс. И тоа ги руши сите оние муабети, како ја сакаше и ја љубеше бившата ти девојка, или таа пред неа, или таа уште пред неа, а и моето мислење за тебе. Колку вакви муабети си свртел само за да го добиеш сексот? Не, не сакам да го знам одговорот! Не брат, не си поразличен од сите останати, ист си! Себичњак кој си го задоволува егото, по желба и потреба. И не не ми зборувај за љубов. Да знаеше што е љубов немаше да ја изедначуваш со потребата да си го испразниш тестостеронот од гаќите! И не брат, не ми кажувај дека си вистински маж за во мојот кревет. Не сакам мажлиња што спијат во туѓи кревети. Да имаше муда ќе знаеше што и која сакаш да ја имаш покрај себе, наместо да бегаш на првиот муабет дека сакам врска. Не брат, не сакам да се омажам со тебе! Не барам врска за да ми бидеш или да ти бидам обврска. Сакам врска зашто сакам да ги градам нештата, да ти пружам шанса да те запознаам како човек, да седнеме да пиеме кафе на кеј, да шетаме и да се гушкаме по улица, да го живееме денот, да уживаме во сонцето, да се смееме, да разговараме за се`, да му дадеме нова боја на светот, да си создадеме цел еден свет за нас… Па боже мој, додека трае нека трае… Ништо не е вечно, па ни животов… Не знаеш што носи утрешниот ден, а не ни знаеш дали ќе успееме да стигнеме на патеката нештата да станат сериозни. Може нема да ми се допаѓа како `рчиш и на која страна од креветот сакаш да спиеш. Или можеби нема да ми се допаѓа некое твое размислување, некои твои зборови. Може нема да можеш да се сносиш со мојот луд пмс хормонален период. Може нема да ти се допадне како ја тргам косата на страна или големината на моите гради. Се` се тоа мал милион фактори кои можат да не се совпаднат и едноставно да не бидеме еден за друг. Но, те молам брат, не ми го мотај муабетот: „Абе… Знаеш, ти си фино девојче… Ти си се` супер…но, … Јас сакам да се забавувам… Мислам ако сакаш…“. Епа, не брат, не сакам! И не знам од каде ја голтнавте сите истата касета, па ја џвакате и преџвакувате, како не ви се залеи за желудец? Одвратен си. И ти и многуте други пред тебе, со истата касета и со истите муабети. И не ве сфаќам, како може некоја да ви биде привлечна за секс без обврски, а да не можеш да ја засакаш или да се видиш себе си со нејзе во врска? Е тоа објасни ми го! Навистина, не сфаќам. Или сум јас проста или сами си го отеравме општествово и годините у курац од таквите како тебе?! На здравје нека е! Живели! П.С. И цело време те викам „БРАТ“, за да еднаш се сетиш, почуствуваш, (а знам дека нема да ти светне сијаличето), дека на мое место може да биде и твојата СЕСТРА! Утре може да биде и твојата ЌЕРКА! И кажи ми „БРАТ“ би и дозволил ли на една од тие две жени да искача со жиголо како тебе?! Spoiler текстот не е од мене пишуван, но мнооогу добро го опишува
гледам твоите другари збеснаа исто како и ти дури еден и сака да ме запознае арно така ви е и малку ви е а ги видам нив веднаш доагај на тебе кога јас тебе те молев трчав по тебе ти се правеше на будала пред некој ден ај се свртев по тебе сега ти си само статист а ова е ко на филм-денес ти е роденден-сори фор дет ама јас бе братче не сум на послужавник духче цела моја интима на видело да биде благодариме следниот живот можеби овој живот доволно сум експонирана од сите страни ако не си го сватил тоа време е да го сватиш вчера додека се чекавме со сопартијката додека ме гледаше мислев дека се распагам од внатре а кога те чув дека си зад мене срцево не можеше да се смири ама овој пат разумот владее со мене а вчера што ти реков те молам немој да заспиваш-мислев на женава не на тебе ама заборавив да кажам име0после тоа ми беше незгодно и кога стигнав дома пред да заспијам сум се газела од смеење а другар ти од маало или поим немам од каде е до толку беше нападен мислам дека да останевме уште малку ке го фатев за врат и ке го убиев мајке ми
не дај боже за ова да дознаеш духче има егото да ми ти скокне до облаци а гарант момчето не знаеше колку години имам јас
Иако немаше почеток, знам нема да има ниту крај бидејќи само ти успеа да отклучиш рој искрени чувства, за кои не знаев дека постојат во мене, кои како исплашено зајче се криеле некаде длабоко. Да, само ти, со таа совршена насмевка, со тие загадочни очи, кои премолчуваат многу работи. И да посакував да дојдеш, да бидеш подеднакво совршен како што си, но посакував да бидеш само мој. Посакував да ми го отвориш портите од рајот, а не оваа Пандорина кутија, во која нема место ниту за надежта... И џабе те лажам дека сум преболела...Не пребол ќе останеш знам! Сите аргументи на една страна не може да ги победат овие ветрови кои ме носат кон тебе... нема тука логика веќе знам, пресилно е, ги исцрпи моите сили , знај... Те лажам можеби за да видам дали ти е сеедно, дали би ме побарал, дали ти значат барем малку тие чувства... и се убивам себе додека ги правам овие експерименти, додека лутам со погледот, додека го смирувам трепетот на ова срце... Те лажам за да те обесхрабрам, да го вратам мирот во твојот живот, да ти го вратам спокојот, да станам само еден блед спомен, на кој нема да сакаш ниту да се сеќаваш... Животот сешто ќе донесе знам, ама овие две раце нема да се држат цврсто, нема да го пречекаат рамо до рамо тоа сешто....нема да се охрабрат кога треба, да се утешат, ниту да се помилуваат длабоко во ноќта.. А треба оваа љубов да има среќен крај знам... овие чувства да станат бајка... зошто и „те сакам“ е смешен збор за ова што го чувствувам, за болката кога те нема, за соништата недосонувани, за името молкум извикано... Оваа љубов треба да има свој дом, свој покрив, и оган кој ќе гори како ние еден за друг... но прекасно е.... Рече ти си проблемот кој ме мачи деновиве. А јас не сакам тоа лице да има бор од маки, не , тоа не го заслужуваш, па ти реков не барај ме, знаејќи дека ако тоа се случи ќе ме убиеш... ќе ја земеш радоста во овие очи кои се почесто се замаглуваат од солзите, кои мора да бидат проголтани... Ти посакав и среќа во следната година, а сакав само да ти речам: нека биде ова последната година која ќе ја минеме еден без друг...а не постои за нас ниту некогаш, ниту негде... И сепак нема ниту еден сон да стане јаве знам.. а те чекав, секој ден од својот живот, а ти не ме чекаше, не ме бараше, затоа заборави ме, врати ја својата среќа, те молам, кога јас не сум таа.....
Зашто вака правиш брее.. ? Цело време прв ми пишуваше и ај таман прва ти пишав, собирав храброст 2 дена.. дур напишав Што прајш ? се препотив готово...главата ме фркна дури и на крај не ми ни врати... само seen а ? ако, ако ај... ќе ме бараш ти мене да си прајме муабети за фудбал..
WOw.. Ме изненадуваш.. Не очекував дека наеднаш за помалку од два дена ќе направиш да ми биде најубаво Те сакам!!!! Ти ветувам дека нема ништо да не раздели И фала за денес!!! Те сакам највеќе!!!!!!!
Сакам само да сум покрај тебе ,дури тогаш нема да ми недостига ништо ! Добра ноќ љубов ,убаво да спиеш ! Те сакам најмногу од се
Те сакам и сакам да те сакам! Ти си ми мојот најубав! Мојот најпаметен! Мојот најсекси! Мојот најзгоден! Мојот најзабавен! Мојот неопходен! Мојот најсладок! Ти си ми мојот единствен! Ти си ми СЕ! Те сакам и ќе те сакам до крајот на животот. Ти ми го правиш животот поубав. Го исполнуваш со смеа, љубов, безгрижност, сигурност, поддршка. Правиш да се чуствувам волшебно, а сето тоа ти успева само со твоето присуство до мене, со твоите бакнежи кои прават да горам и незаменливата прегратка која кога ќе ме гушнеш мислам дека цел свет е мој! Те сакам од срце!
Те мразам повеќе од се на светов. И се каам што воопшто те нарекував мој дечко. Денес се покажа дека не вредиш ни колку една нула. Колку што те сакав толку помножено со 87432872783763263 те мразам!!!!!!!!!!!
Си грицкам кашкавал. Тој си јаде чоколадо. Во позадина пуштил филм со Том и Кидман, но не Очите широки. И ми вели дека сум иста невоспитана брливка како женкава. Ееепа! Си играм со образите, допир со допир.
дух другаркати вчера ти држеше лекција да застанеш пред мојата здрада а не позади мене бе ама нај јако ти беше вчера-абе оваа се врати паметен јас тука живеам
и те чув прееска кога му кажа на другар/колега што ти е-дека целта ти е да ме фатиш ама не му кажа за што-и гарант има уште нешто-тоа за жал не успеав да го чујам ама познавајки те верувај свакам и слушам другарка ти како те караше зошто пушиш цигари-немој така цигарите се лесна дрога земи нешто појакичко екстази, опиум, може и марухуана таман на моја буква е како те трпат по дома човече леле леле незнам стварно јака им душа
Љубов моја! Ти си совршенство. Сакам кога ме погледнуваш а моето срце го слушам како полудува од љубов и страст. Сакам кога те гледам како го порачуваш твоето утринско кафе. Сакам да ја гледам твојата бисерно бела насмевка. Остани тука засекогаш. Ти си мојот живот. Те сакам најмногу!
Те видов денеска пак,толку неочекувано незнам.Тие очи повторно ме погледнаа,а јас повторно занемев пред тебе.Се мразам себеси што толку многу те сакам,што дури неможам да засакам повторно.И нема да можам ама никогаш да засакам некој како тебе толку силно.Можеби немаше нешто многу помеѓу нас,но јас никогаш нема да ги аборавам тие наши денови,никогаш.Твојата сенка секогаш ме прати кога ќе одлучам да продолжам понатаму без тебе.
Проклето ми требаш! Да потонам во твојата прегратка и да плачам, да плачам.. се' додека не ми стане сеедно за се'.
Ехе 1 недела не сме се виделе ако поубаво е без тебе се надевам ќе дојдеш во понеделник да се поздравиме чисто да не те заборавам. Иако и да не дојдеш нема да ми пречи твој е изборот којзнае дали ќе се видиме јас мислам дека нема како што ти тргнало.