ех духче, духче прво ми се појавуваш пред мене-навистина имаш убава боја на очи(ова јас не го кажав) па после ми се криеш веднаш те снемува а на другарка ти и кукаш-не ме гледа луд си жими се и арно што си го призна тоа пукаш петарди за да се свртам-леле будала човече а што велиш јас тебе да те демнам пред кука па да видиш како е ама за луда ке ме прогласат-женско машко демне Македонија, балкан
Сакам да те разгалувам го обожавам начинот на кој ме гледаш начинот на кој ми зборуваш начинот на кој се смееш начинот на кој ме бакнуваш начинот на кој ми ја искажуваш љубовта... Те сакам единствен мој.
мислам дека срцето ми се парчосува кога ти го слушам гласот дух еден сега ли ти текна да ми се појавиш? кога го запознав И и кога нешто сакам да се случи со него и колку глупаво тоа да звучи така е зошто ми дремеш пред зграда надевајки се дека ке те забележам кога немаш храброст да ми се доближиш-пази да не те изедам бог да чува и да не беше ова каде живееш ти каде живеам јас-3 улици не делат потешко не можеше да биде за мене лично подобро Господ да ме земе веке да ме нема
што ли ги тера солзиве на моиве очи што ли ме гуши во грлото што не можам да проголтам што ли ме тажи што ли ме тера да те сакам што ли ме тера со пороци да се „усреќам“ што ли ми го одзема гласот што ли ме тера да бидам сама, но не и осамена што ли ми го успори срцето и чекорот што ли ми ја одзеде насмевката што ли си ти?
И за секоја минимална грешка враќам дупло,тоа убаво го знаеш Мора да се сносат последиците за секое понашање
Толку е прекрасно кога се гледаме очи во очи. Кога ќе се сетам текне дека летото запознавањето со тебе ми беше невозможно нешто, сега се смеам. Можеби требаше долго време додека да се запознаеме, но се исплати. Животот ми го разубави. Секој викенд кога доаѓаш да се поздравиш со нас се чувстувам прекрасно. Многу те сакам, но за жал незнам ти што чувствуваш кон мене.
Чудна е моќта која ја имаш над мене чудна е страста која ја нудиш и одземаш чудна е и љубовта која тлее некогаш мислам заминала но тука е во мракот ме гледа со бескрајно црните очи победи и велам. Умееш,да ме скршиш и составиш.
И по којзнае кој пат ова стана време во кое се прибирам дома... одам сама по улиците, со солзите в ташна и со сознанието дека не ти нема да бидеш ликот кој ќе го сретнам во темнината на овој град, ти не си оној кој бдее и чека да стигнам дома, не ти не си оној кој со љубов ќе ми го покаже патот низ оваа магла, ниту пак оној кој ќе се јави да праша како си поминувам, ниту пак ги имаш рацете кои би ме пречекале во прегратка во ваква пијана ноќ.... да ти не си тој, но пак секоја проклета мисла оди кон тебе... ме убива секоја песна, секој стих, но и секој лик...... Јас не морам да лажам како тебе дека сум пиела, ниту пак дека сум била пијана... среќа па јас не морав да лажам ништо во овој наш однос... лажев само таму каде не требаше.... Но ќе ти ја кажам мојата новогодишна желба: да се промени ова се... ти да седнеш на столчето мое, да ги пееш истите песни и да банкротираш од пиење... и секако на крај да те убива тоа што не смееш да ми се јавиш и да врескаш на цел глас „ те сакам“...... е кога ќе се исполни ова јкас ќе бидам онаа без коментар, онаа која мирно спие и онаа која смислува лаги за да добие барем малку туѓо внимание... Жално мислам..... п.с.ме уби вечерва песнава..... ме уби фактот што те јас знам дека ти убаво си сонуваш, нема што јас тоа да ти го посакувам... http://www.youtube.com/watch?v=UHVOjwmhei4
Вчера ми подаруваш роза..а сега? Сега сме скарани.. Пречесто почна да лажеш.Но за лаги,не сум воопшто толерантна
абе духче јас спијам ама се слушам ама имам уши радари бе како тоа јас сум морала да бидам твоја па сум можела и да умрам па ако умрам ке се спасам бе воле едно а за коментарите за моето тело-види се ти каков си па коментирај ми на мене
многу ме повреди со твоето однесување.. Те сакам.. најмногу.. и нема да те оставам.. само потруди се да не се однесуваш така со мене, туку биди по мил.
како успеа да бидеш таму денес пред јас да дојдам на интервјуто ок партиски се е јасно да де да абе ГПС стаави ми можеш бог да чува и да брани-да се шудиш и да се крстиш полудечу јас и тоа наскоро па може и во лудница ке ми зборуваш, коментираш и сл а тоа што петарди ми пукаше во кафичот што е пред местото каде што ме интервјуираа-друга приказна за да се свртам-капацитет си човече се надминуваш и себе и сите граници
Последна шанса со тебе за почнување на сѐ одново, ете тоа сакам. Да не постојат лагите, лошите зборови и работите што не смеевме, а си ги направивме. Тебе во новата година што следи, тебе за последен пат...