Форумџика на годината

Што би му кажале...

Дискусија во 'Врски' започната од Lilit, 13 декември 2009.

  1. Dog-lover

    Dog-lover Популарен член

    Се зачлени на:
    13 февруари 2013
    Пораки:
    1.510
    Допаѓања:
    3.743
    Пол:
    Женски
    Камо да знаеше како ми е.... :|
    Тоа е...веројатно си нашол некоја од таму..
    Не ти се лутам, далечината си го прави своето..
    Веќе нема ич да се трудам, залудно е..
    ми се смачи од чекање.

    And there's no remedy for memory your face is like a melody, it won't leave my head.
     
    На crazylady му/ѝ се допаѓа ова.
  2. srcekrsacka

    srcekrsacka Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2010
    Пораки:
    2.952
    Допаѓања:
    1.752
    дух човече ОПАМЕТИ СЕ
    ми зборуваш-не те слушам, доагаш по мене не те перцепирам дека постоиш
    твоите другари сопки ми прават каде и да отидам, ме следат ми зборуваат-не ми е галје
    другарка ти ти зборува дека е џабе ти пак продолжуваш
    до кога и до каде :fubar:
    те пали тоа што се смеам-па да дишам и живеам можеш да ми забраниш лудак си и тоа како
    гледам си бил со некоја а и таа те откачила-се жалеше вчера на ф.б. која е оваа по ред
    ти мислиш дека јас не гледам не слушам што се случува околу мене :^)
    тебе човече не една 100 даски ти фалат и од тие поголемите
    трета недела една песна се врти ко на цд плеер
     
  3. black-angel

    black-angel Domina Umbrae Член на тимот

    Се зачлени на:
    14 декември 2009
    Пораки:
    2.693
    Допаѓања:
    4.686
    Пол:
    Женски
    miss u a lot ! very lot ! :(
     
  4. Jenniffer

    Jenniffer Популарен член

    Се зачлени на:
    27 март 2013
    Пораки:
    2.375
    Допаѓања:
    7.418
    Пол:
    Женски
    Да те чекам утре?
    На серенада... хмм? :( :?:
     
  5. srcekrsacka

    srcekrsacka Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2010
    Пораки:
    2.952
    Допаѓања:
    1.752
    како ти тоа мислиш еве ја пак дојде-што ти е проблемот :^)
    абе муфљуз ова е МОЈАА кука, МОЈА соба а ти си ШПИУН што денонокно ме следи
    се мачам ко будала аплицирајки на секаде за да од некаде добијам зелено светло-а спротивно добивам а ти си се закачил за мене ко крлеж-нормално ти имаш бекап се е јасно
    ДАЛИ СИ ТИ ВООПШТО НОРМАЛЕН :^) е прашањето
    оди бркај шмизли, тинејџерки,малолетнички(се секавам како Г те зафркаваше) и со право и да не ги заборавам студентките и АМАН остави ме на мира-аман за аман веке ке полудам па петарди ке почнам да пукам кај тебе пред кука :D :!:
     
  6. crazyinlove19

    crazyinlove19 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 март 2011
    Пораки:
    3.753
    Допаѓања:
    3.732
    Љубов моја! Како ли да го опишам прекрасното возвишено чувство кога ти со твоите сини очи погледнуваш во мене? Во мене гори оган, јас горам целата. Кога си блиску до мене како денес како светот и времето да застануваат. Ти си олицетворение на совршенството за кое многумина сметаат дека не постои, но за мене ти си совршенството. Само ти придонесуваш за јас да се чувствувам среќна. Придонесуваш да се чувствувам навистина жива. Всушност само ти си причината заради која се будам. Ми требаш повеќе и од воздух, без тебе не би можела да дишам. Животов мој е убав и вреден за живеење затоа што ти си во него. Те сакам најмногу! :inlove: :l:
     
  7. srcekrsacka

    srcekrsacka Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2010
    Пораки:
    2.952
    Допаѓања:
    1.752
    те слушам и не можам да поверувам што рече
    зарем никогаш не ме сакала-ми се верува што јас лани гледав во тебе-срце луда главо аман добро е се опамети-фала му на Господ за тоа :!:
    ДАЛИ СИ ТИ НОРМАЛЕН-или имаш преголемо его и алтер его-арно ми рече една другарка-многу се преценува, нарцис е во очи му се гледа :!: сестро слатка да знаеш што женкариште е Казанова не му е рамен :swear:
    друже да не земаш бе ти нешто? по некоја екстазичка, марихуана, или нешто слично-премногу очигледно
    си ми се залепил 24 часа ко КРЛЕЖ и за мене и за мојата зграда
    шемата што беше лани-БЕШЕ и веке нема вракање назад се надевам дека ке го сватиш тоа
    и да ти кажам дека да ми се доближеше вчера како што бев во афект имаше да ја видиш мојата друга страна имаше да бегаш од мене не на 100 на 1000 километри :!: а на два чекори од мене беше :rofl: :rofl:
    не ми се верува тоа што го чув
    зарем ти некогаш ти мене си ме сакал
    сега ти текна откако цело Скопје и половина Македонија ли ги помина бе :fubar:
     
  8. Oxymoron

    Oxymoron Популарен член

    Се зачлени на:
    19 октомври 2011
    Пораки:
    1.398
    Допаѓања:
    12.330
  9. girlx3

    girlx3 Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 декември 2012
    Пораки:
    227
    Допаѓања:
    142
    ако само вака кога малце ќе се поднапијам нема да мислам на тебе тогаш секој ден ќе пијам,само да престанам да мислам на тебе..незнам зашто ми е вака,и од сите се кријам несакам да признаам ништо ама кога си ти во прашање јас сум сосема трета личност,не си се познавам сама себе..ме смени до степен што и одразот во огледалото е на некоја друга,не е мој...ништо не е мое,откако ти влезе во мојов живот,а несакав..и бог ми е сведок дека несакав.. :(
     
  10. Izaabella

    Izaabella Популарен член

    Се зачлени на:
    13 декември 2010
    Пораки:
    1.321
    Допаѓања:
    7.444
    Пол:
    Женски
    Во новава година, не сакам да ми се вратиш во животот. Сакам само да научам да бидам целосно среќна без тебе.
    Премногу ме повреди, премногу си згрешивме, планина зборови има меѓу нас, а што е најтрагично и постапки кои јас да ми доделат уште едно срце пак нема да успеам да ги преболам.
    Биди доволно далеку од мене. И ти и твоите луѓе кои сега се мои непријатели.
    Не сакам да ти го слушам името, не сакам да слушам што правиш и до каде си со животот. Само биди доволно далеку.

    Нели, ќе имаш нова женска за која сите ќе ти завидуваат. Ќе го доведеш телото до совршеност.
    Нели, ќе бидеш комплетен. И уште преполн себе.
    Не сакам таков човек, кој и кога греши вели дека има право. Кој и кога губи вика дека победил. Само биди доволно далеку..

    Ако речам дека не сакам да те стигне кармата, ќе излажам. Само знам дека нема шанси да биде со мене, нека биде ете со некоја друга. Ама сакам да те боли.
    Како што мене ме болеше изминативе шест месеци. Како што ме болеше оние ноќи кога решававме за нас. А ти кога ладно и отсечно рече дека е крај додека јас со трепетлив глас те молев да попуштиш.
    Овие шест месеци ќе ги помнам по милионите спуштени слушалки, по многуте непреспани ноќи мислејќи на тебе, по уморните утра, по безбројните неодговорени пораки.. По навредите, по ударот. По онаа другата. Или, требаше да кажам по оние другите?
    По предавството. По неверството, во секоја смисла. По ладните погледи и циничното смеење на мојата болка, солзи и слабост.
    Има толку многу работи кои ме оддалечуваат од тебе во секоја смисла. Ме урна психички целосно, само тој што има доживеано ваква работа може да разбере. Може да разбере колку боли и колку е тешко да се состави повторно човек и да продолжи понатаму.
    Секогаш има делче што останува заглавено во минатото, но тоа се надевам дека ќе успее да го врати некој друг. Некогаш.
    Морам да гледам напред, морам да бидам храбра. За себе. За своите најблиски. Затоа што сакам, можам и ЌЕ успеам.

    Гадови како тебе, има на секој чекор. Посакувам да те остават како што ме остави ти мене. На таа најмногу што ќе ја сакаш да и станеш одвратен до тој степен што ќе сака да те плукне во фаца и да ти рече дека не си вреден. Дека го изгубила времето со тебе.
    Нека ти понуди само пријателство и топли другарски зборови, додека ти ќе ја гледаш со надеж за враќање на старото.
    Биди најсреќен, а потоа нека ти се сруши светот врз глава! Буди се со мислата дека си живеел во илузија, буди се со мислата дека успеал некој и тебе да те излаже. Буди се со милиони прашања на кои таа нема да сака да даде одговор. Или ќе даде, а тоа ќе те здоболи до смрт. Со секој одговор и наредна постапка чувствувај се како да ти прободува некој нож во грб. За секоја нејзина наредна насмевка да се прашуваш кој ја предизвикал и дали е подобар од тебе. Во што. И зошто него го одбрала, а тебе оставила.
    Тек тогаш ќе почувствуваш болка. Болка која ќе те тера да мразиш се` околу себе, болка која ќе те тера да го замразиш животот.
    Болка која секогаш ќе те навраќа во минатото и која секогаш ќе те потсеќа само на едно име, едни очи, една насмевка. Кои веќе нема да бидат твои.

    Ти одамна престана да бидеш човек во моиве очи.
    Живеам за денот кога ќе бидеш избришан и од срцево. Кога ќе можам да се сетам на нешто без болка. Живеам за денот кога ниеднаш нема да помислам на тебе! Кога ќе престанам да те барам во стихови, места, спомени.
    Живеам.
    И за тој ден би дала се`.

    Биди доволно далеку.
    Гаду еден бесчувствителен!
     
    На Safira26, Divinebutterfly, crazylady и 7 други им се допаѓа ова.
  11. Ketrin.Moon

    Ketrin.Moon Популарен член

    Се зачлени на:
    22 февруари 2013
    Пораки:
    770
    Допаѓања:
    7.172
    Пол:
    Женски
    ...тонам во месечината,во празна соба се губам во мракот со некои одамна напишани ноти,би стоела на дождот, се обидувам да бидам храбра, да излезам од овие ѕидови,се борев за нас и не успеав,останав сама сред никаде,таму некаде и ти,во 3 наутро во некоја студена ноќ ми фалиш само ти,а некаде таму ти фалам и јас.

    Дозволуваме да не убијат.И распарчат.Туѓи погледи.
    Сенки во мракот
    бледи на светлина.
    Зошто?

    Гледаш низ мене,се обидуваш да ме допреш не бегам ,но се разминуваме.
    Неуморно се бориме,да заминеме и останеме.

    Не оставив да си заминеш
    не остави да заминам.
    Ова не е заблуда.

    Јас велам,нијанса на љубовта.
    Тлее таа.
    Се болиме јас и ти.
    Се уште.

    И ноќва тишината не заборави го премине прагот.
     
    На kala21, ana-girl, rrrrrrrrrrrrrrrrrrrr и 5 други им се допаѓа ова.
  12. leighton23

    leighton23 Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 мај 2013
    Пораки:
    738
    Допаѓања:
    1.681
    Што друго можам да посакам ?
    Што друго би ме исполнило повеќе?
    Што друго би ме усрекило повеќе?
    Што друго, ако не твојата љубов ?
    Кој друг, ако не ти ?
    На полноќ ќе те бакнам со отворени очи,
    за да го гледам најсаканиот човек кој ми ја направи 2013
    и со кој посакувам да ја поминам 2014.
    И не само 2014, туку и сите наредни години,
    едноставно цел живот.
     
    На Lovely93 му/ѝ се допаѓа ова.
  13. black-angel

    black-angel Domina Umbrae Член на тимот

    Се зачлени на:
    14 декември 2009
    Пораки:
    2.693
    Допаѓања:
    4.686
    Пол:
    Женски
    Или ќе научиш да пазиш што збориш и кога збориш , знаеш несвесно понекогаш си мислам дека е наменето директно за мене , или ќе те задавам .... ти бирај !
     
  14. Marjan007

    Marjan007 Популарен член

    Се зачлени на:
    9 септември 2011
    Пораки:
    340
    Допаѓања:
    3.926
    Ги сретнав љубовта, здравјето, мирот и среќата...бараа постојано место за престој, им ја дадов твојата адреса очекувај ги наскоро :wasntme: .
     
    На srcekrsacka и Chica-Linda им се допаѓа ова.
  15. Chica-Linda

    Chica-Linda Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 декември 2013
    Пораки:
    94
    Допаѓања:
    20
    Незнам од кај да почнам.Мојата љубов кон тебе е неизмерна,преголема.Отсекогаш само тебе те сакав и ќе те сакам,но се повеќе ми се чини дека нема надеж,нема надежза наш нов почеток,да почнеме одново како двајца странци кои си подаваат рака кога се запознаваат за првпат.Барем така да почнеме јас би била најсреќна и така сеа исто како да не се познаваме.Но надеж како да нема...Многу прилики за среќа испуштив поради тебе,само за да не изгасне оваа детска љубов.Но,јас морам да продолжам понатаму.Во мојот живот влезе човек кој премногу ме сака и се би направил за мене знам,но кога и да помислам да бидам со него на тебе ми текнува.Ќе успеам ќе те заборавам некогаш,но дотогаш јас морам да си продолжам со мојот живот на љубовно поле бидејќи само клин со клин се вади.
     
  16. Lovely93

    Lovely93 Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 септември 2013
    Пораки:
    2.637
    Допаѓања:
    2.021
    Пол:
    Женски
    Едвај чекам да дојдеш срце, што вечера ти припремам ммммммммм. :P Многу те сакам мило мое! :wasntme: :inlove:
     
  17. srcekrsacka

    srcekrsacka Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2010
    Пораки:
    2.952
    Допаѓања:
    1.752
    абе МУФЉУЗ духовски престани да ми зборуваш, да ме коментираш и да ме следиш
    и на битпазар ме најде-и тоа два пати а твоите другари неколку пати
    штета не ме помешавте со некоја Албанка :rofl: а следниот пат жими се со шамија ке се движам :!: е будали луге и цело време петарди околу мене за да реагирам е ПОРЕМЕТЕНИ бе :x
    знам како е на некој да му бидеш опсесија-му бев на оригиналот пред 4 години-хронична а ти си само негова копија
    И 2 те молам реагирај ЗБУДАЛЕВ веке не можам да издржам
    и убаво да си поминеш во кафеана за дочекот на Новава 2014тта :* :hug:
    само побрзај со кафето оти за месец дена овие од партија ке ме пореметат има да ги пукам :!:
     
  18. vinozito1

    vinozito1 Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 февруари 2013
    Пораки:
    582
    Допаѓања:
    3.417
    За прв пат откако сме заедно како ти беше сосема сам за Нова Година?За прв пат си ја поминал трезно.Ме дочека од работа во раните утрински часови.Во твоите очи го видов истиот оној поглед што го имаше на нашата прва заедничка Нова Година. :inlove: Јас најдобро знам како е да си сам. Секогаш ти велев важни сме ние.Децата ке пораснат и секој ке си тргне по својот пат.Твоите ке остарат и еден ден ке ги нема.Сестра ти си има свој живот нема секоја Нова Година да ја дочекува со тебе.На крајот ке останеме само јас и ти.Но не ме слушаше .
    Верувам дека оваа новогодишна ноќ конечно си го сфатил тоа.
     
    На tessie и Doozy им се допаѓа ова.
  19. srcekrsacka

    srcekrsacka Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2010
    Пораки:
    2.952
    Допаѓања:
    1.752
    епа така убавецу
    ти честитав нова година, ти посакав се најубаво
    и ти пишав дека овој месец ти е шанса за на кафе после нема да можам затоа што нема да знам ни каде ми е главата а ни како се викам :D избори се ближат и не ти спомнав политика ама ако си паметен како што си убав само ке сватиш :)
    значи ова е последно што ти го кажувам :!:
     
  20. Irrepleceable

    Irrepleceable Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јуни 2013
    Пораки:
    1.072
    Допаѓања:
    1.362
    Ех,дури сега сфатив колку си ми недостигал кога спијам сама..
    Да не беше Нова година,којзнае кога ќе имавме прилика да спиеме заедно.
    Среќа наша :P
    Убаво ми беше :*