го кажуваш моето име на другарки/другари кои ти прават друштво додека ме манијачите мене дух еден не морам да те гледам-те слушам се чуствувам ко Цеца а ти ми личиш на Аркан-баш вчера ми текна тоа ДАЛИ СИ ТИ ВООПШТО НОМАЛЕН БЕ ПСИХОПАТУ ЕДЕН најди си некоја провинцијалка или некоја од харемот па со неа вака однесувај се не со мене кристално јасно ми е дека сум ти само желба-се знае за што ти ПОИМ НЕМАШ ШТО Е ТОА ЉУБОВ прави што сакаш јас си одам по својот пат тебе тешко да те снема ама јас ке направам СЕ оваа година да ме снема од државава
Се прашувам дали мислиш на мене толку многу колку јас шо мислам на тебе? Или можеби си ме заменил со некоја друга? Нема ни да ме чуди да ти кажам право. Толку многу работи имам да ти кажам право, а не можам. Барем една бедна порака нова година да честиташе, срам да ти е!
Не ми се веруваше дека некој некогаш ќе направи вака да се чувствувам. Ме изненади со прстенчето, признавам. Не очекував дека и прстен ќе добијам. Не е дијамантски ама има големо емотивно значење за тебе, а со самото тоа и за мене. И пластично прстенче да добиев исто ке се радував.. зашто го даваш со толкава љубов и искреност, а тоа е непроценливо и поскапо од се' што некогаш би можела да посакам. Никогаш нема да го заборавам начинот на кој ти сјаеја очите кога ме праша. Не сум видела ништо поневино, поискрено и почисто од тебе во ова мрачно место во кое што се наоѓам. Викаш те сменив. Не. Не е до мене.. До твојата истрајност и волја за живот е. Поседуваш квалитети кои не ти дозволиле да се претвориш во ѓубре, колку и да бил суров животот кон тебе. Неможев посовршен подарок да добијам за Нова Година. Те добив тебе. Засекогаш.. и никако поинаку. Те сакам.
Ајде утре. Се тешам. Се надевам ке се појавиш со онаа твоја добра страна. Знаеш, ми фалеше ти кога дојде полноќ, кога цел плоштад беа прекрасни парови од најмлади до најстари гушнати едни покрај други, бакнувајки се и држејки за раце. А ние.. Ти таму некаде, јас тука сама во прегратка на сосем трет кој не ме доби.
Можеби да не те сакав, немаше да ме боли волку. Можеби да не те сакав, немаше да морам да се пијанчам за на момент да заборавам дека не се моите раце што те топлат вечерва. Ама не жалам што те запознав. Ни што те засакав. Затоа што нема човек што заслужува да биде сакан повеќе од тебе. Затоа што секогаш ќе бидеш најпрекрасното човечко суштество на планетава. Барем за мене.. Затоа што си неверојатен, затоа што си генијален. Затоа што ги гледаш работите на начин на кој што ретко кој може да ги види. И уште поважно, почувствува. Затоа што знаеш да цениш и почитуваш. Затоа што си единственото човечко суштество на кое што му верувам и во чии што раце и животот би си го ставила. Затоа што не знаеш колку ми значи што човек како тебе ми дозволил да му влезам во животот и толку да му се приближам. Затоа што си човек. И не го зборам ова затоа што те сакам, туку те сакам затоа што можам за тебе како личност се ова да го кажам. Знам колку сакаш да си играш Господ и да контролираш се што се случува, да ги држиш конците во свои раце. Знам на што се си подготвен и колку далеку би одел. Знам и колку ме направи слична на тебе. Или можеби не. Можеби не ме направи ти, туку веќе бев, а ти само ми ја покажа таа страна од себе што сеуште не ја познавав. Ама не е важно. Можеби не секогаш те оправдувам, ама те сфаќам. И ми фали, ми фали да знам дека и покрај се што се случува, на крајот од денот ти си тука. Ми фали да се чувствувам толку сигурно покрај некој, и дури и самиот негов глас да ме смирува. Ми фали да знам дека на таков човек како тебе, сум му единствена. Ме научи на се. И не знам како за тоа да ти вратам. Не би било фер ако речам дека се ова не е моја вина. Сама дупката си ја ископав. Колку добиваш, толку даваш. Го знам ова сега, ама џабе е. Нема назад. Можеби ти овие работи ги знаеш а можеби никогаш нема ни да ги дознаеш. Себично би било да барам било што од тебе. Себично е и тоа што те сакам. А ти ветив, ти ветив дека никогаш нема да бидам себична со тебе. Без разлика како јас се чувствувам и колку ми е тешко, што и да ти треба од мене, кога и јас да ти требам, знаеш каде да ме најдеш. Исто така, ти ветив дека што и да направиш, ќе бидам покрај тебе. Знам што мислење имаат за тебе ама не ми е важно. Не ги обвинувам, го гледаат само тоа што ти си одбрал да им го покажеш. Тие не можат да видат колку повеќе се крие во тебе. Затоа не е важно. Дури и цел свет да стои против тебе. Никогаш нема да стоиш сам. Никогаш. Важно ми е само ти да си среќен, затоа што само тогаш сум и јас среќна. Ова последново што го направивме, можеби беше грешка, можеби не. Нема враќање сега назад. Тука запирам јас а почнуваш ти. Оди, види колку далеку можеш да стигнеш. Знаеш дека секогаш имаш каде да се вратиш.
си застанал пред моја зграда и ме гледаш од бањата што правам јас и во тој момент ти звони некој на мобилен-музика-шта да ти причам и очигледно дека некој те зезаше или некоја па и јас уште те имитирав човече збесна ти мене ама и јас тебе
Не сакаш да ме видиш, не сакаш да слушнеш за мене. Никаков контакт... јас за тебе веќе не постојам. Знам дека ме мразиш. Знам какво мислење имаш за мене. Ама јас воопшто не сум таква. Таа вечер пред тебе не бев јас. Жал ми е. Ама ти така одбра. Јас сум крива. И нека ми е. Мило ќе ми биде да си среќен, најсреќен да бидеш. Јас не знам да сакам, не знам емоции да покажам. Ладна личност сум. И подобро е вака. Ќе најдеш ти некоја што ќе знае да ти покаже колку те сака. Мене остави ме. Воопшто да не ти текнува на мене. Знам дека ќе бидеш среќен. Се прашувам како можеше и волку да ме истрпиш. Не заслужив.
Ти благодарам што со мене правеше толку долго време муабет, очигледно сметав. Знам веќе и јас како да постапувам
така значи ти духче ке бидеш сменет-епа со срека нека ти е и мило ми е за тоа-да се спуштиш малку на земја а не да леташ во облаци и мислам дека те видов прееска- се сврте бе племе твое антипатичен си ми човече веке-од тооолку симпатичен што ми беше порано 3 недели ти некој да го следиш, да го демнеш има да те пријави бе
Од денеска ти само ќе ми правиш нескафе, не признавам од никој друг! Душиче мое! Идам да те галам малку
Немам зборови за да ја опишам целава љубовна идила помеѓу нас,доволна беше твојата рака околу мојата половина додека гледав кон огнометите и сосема доволни беа зборовите после тоа. Годинава за прв пат после толку време не посакав желба за Нова Година,бидејќи мојата желба стоеше и се радуваше исто колку мене. Фала ти Дедо Мраз што ме направи најсреќната девојка што постои,со тоа што ми го испрати него,нема поубав подарок од тоа кога ќе ги отвориш очите после долгата новогодишна ноќ да го видиш како мирно спие покрај тебе.
Каде сега? Секаде? Никаде? Било каде? Толку не важно... Заробени во круг. Изгледа не е судено. Онаа мала книга судбина еден до друг ли сме? Или само се болиме. Утре. Биди добар.
Oхоо дечко каде со песната бее ? Xахахаха..ако бе и ја тебе ! па барем признај сега ! ајде.. уствари..што сакаш прави..не чекам..ќе слушнеш нешто,ќе видиш..касно ќе е ! ..и уште нешто,времето ја кажува вистината..но никогаш не на време! ќе видиме што ќе биде...
Има толку многу работи што сакам да ги имам со тебе, да ги правиме заедно, меѓутоа неможеме, не поради мене, туку поради тебе, твоето его, незаинтересираност, твојата гордост... Јас можам, а ти?
Ќе ти кажам само благодарам затоа што сепак ти текна на мене, ти благодарам што успеа таа прекрасна вечер уште повеќе да ми ја разубавиш... П.С- Ти реков јас да не ставаш Англиски Конференции.. епа ако ти е.