Понекогаш можеш да слушнеш илјада убави зборови, но од едно обично "како си?" од некој посебен ,и срцето го губи ритамот...
Те сакам...не ти кажав? Ти сеуште не го знаеш тоа...тие зборови,тоа чувство заглавени во мене...да излезат? Ти...и само ти успеа да ме пореметиш во мозокот и мозокот како во тепачка без публика со срцето да е? Да бе ти си тој!Те сакам,ти признавам ете...но,дали и ти мене? Чекај малце настрана поезијата,ти си принцот на бел коњ или само коњ?
Милион моменти кои спијат во вечноста со затворени очи покрај нив минавме јас и ти вистински во погрешно време Задоцнив? Прерано дојде? Чекаше долго не доаѓав долго. Останвме да стоиме,на различна страна од патот. Патници. Чекаме. Ниту мракот не ни е рамен. Понекогаш,умееш да ме допреш и заминеш.
Ме убива оваа далечина. Ајде врати се, па да се гушкаме секој ден, да го шетаме кучето, јас да те викам штрумф, а ти мене штрумфета, да те карам зошто косата не ти е шишана и да те споредувам со глуварче, а ти да ми збориш насмеан дека сум дрндорче, сакам да го осетам твоето присуство, да ја осетам твојата топлина, да се шетаме низ центар, а јас да се туткам во тебе, и да си ја топлам раката во твојот џеб, сакам кога ненадејно ќе ме бакнеш на чело и ќе ми кажеш дека сум твое зајче. Ми фалиш љубов, сакам да сме заедно...
Очиве те гледаат само тебе, а ти не успеа да го видиш морето солзи сокриено во нив. Не успеа да ја препознаеш болката која ја кријам, нели? Искусна глумица станав криејќи ја оваа љубов кој тебе... но ти кажав , признав се. Признав дека ми требаше повеќе од се во понеделникот, само да си тука, бидејќи и само еден поглед во очите кои се мојата втора половина ме смирува. А истиот тој понедленик прочитав зборови, грст лаги - вистини, кој ќе знае веќе што се.... а срцево мое се параше, а не смеев да ти кажам... И сега се пара тоа мало срце, додека ми се лизга се низ прстиве, додека го губам столбот кој ме држеше, светилникот кој му даваше насока на мојот брод, додека згаснува светлината во единствените очи кои ги сакав, а пак му требаш само ти... проклетство!!! А знам ти никогаш нема да бидеш светлината на мојот живот, ниту чувар на тоа срце...никогаш!
Ќе пуштиш искра и ќе те снема, секогаш така. Ќе помислам на момент дека си ми толку блиску, дека си мој, дека конечно ситни саати броиме да се смириме, но веќе во следниот си ми толку далекуу... Зашто бе златоо ..
ете дозна и мајка ми за овој проблем а и ти коментираше со тие твоите другар и другарка какваа сум јас-се врткаше цело време во Тера нова околу мене а да ми застанеше пред мене и да ме прашаше дали нешто сакам да имам со тебе немаш храброст КУКАВИЦО ако дознаеле твоите за ова што ке си правел абе кутричок ти за жалење си-гарант ни дома не се прибираш па после како сум бегала и трчала од тебе-не е ни чудо истрауматизирана сум и од твојот глас а не од тебе гнасо една невидена-а на Битпазар беше што беше сите нешто околу мене ми коментираа, и ништо чудно така изреагирав како што изреагирав-и траума и плашење страшно беше како ти успеа сите познати и непознати да направиш да ми коментираат и да ме гледаат ко падната од Марс бе? конечно следната недела си закажав разговор кај психијатарот-едната од докторките единствена на која и верувам -другите се кажи прекажи и дефинитивно ке морам да почнам б6 витамини оти со вакво темпо Бардовци дефинитивно само не свакам зошто мене вака ми се случува, што ти направив јас бе? до толку ли ти бодам во очи? со толку си бил до сега-убав згоден атрактивен а мене да ме манијачи 24 часа 7 дена во неделата ПСИХОПАТ ЕДЕН пореметен од прв поглед знаев дека си ти болен во умот-пореметен психички и најсериозно да помине кампањава ке те избришам од пријатели на ф.б. ама тоа што толку блиску живееме тоа е проблем-во секое време да налетам на тебе можам море една клоца измегу нозе и еден во фаца да видиш како ке ми ти го дотерам паметот во глава
Што ќе бев јас да не се појавеше ти ? Со кога ќе бев , ќе ја вратев ли мојата самодоверба назад ако не беше ти ? Ќе знаев ли да се ценам самата и да ги залечам раните од минатото ? Да не се појавеше ти верувам дека никогаш повеќе немаше да верувам на машко. Мојата среќа е целосна и секоја ден му благодарам на Господ што баш тебе те испрати кај мене,можеби навистина патев во минатото па како утеха или награда те прати тебе,да се појавиш на мојот пат и да заборавам баш се! Со тебе сакам се ,иднината моја да биде наша заедничка ,плановите твои да бидат наши идни остварени цели ... Дајбоже никогаш да не престане оваа наша заедничка среќа,овие моменти на љубов исполнетост задоволство.. нека не пратат целиот наш живот. Друго не ми треба освен ти , само тебе да те имам се друго ќе дојде во вистински момент. Те сакам и секогаш ќе те сакам повеќе од себе
Денес се разбудив со многу мисли во глата. И пошто нема кај да ти ги кажам ќе се испразнам овде. Јас бев првата шо ти честита нова година, јас бев првата шо се помоли во име на љубовта, а ти цело време се играше со мене како со некое куче. Но сето тоа завршии, не ти честитав ни име а не си ни заслужил да бидиме искрени и ти поќе од мене ништо не заслужваш, но нема да ми биди криво, оти јас барем бев таја шо напрај се за јас и ти да бидиме океј и да заборајме се шо ни се деси минатата и предминатата година. Не знам само како можи се да заборајш толку лесно, ама ако јас за ова време научив многу од животот, научив дека не треба да вервам на будали ко тебе, и се познава дека си стариот ти кој не знај за граници, не таков не ми си потребен, ич не ми си потребен, мене ми треба некој кој ќе ме сака онака како заслужувам(ако ти некогаш ме сакаше) веќе почнувам да не вервам во ништо, ми треба некој ко ќе м дава подршка за се и сешто и со мене ќе биди во добро и зло, и да му се јавам во 3 сатот да знам дека ќе дојди кај мене, да знајш дека се иди во животот ќе дојди и некој таков кај мене, и тогаш толку ќе ти биди криво шо ќе сакаш се да промениш, ама ќе биди касно, многу ќе биди касно Знам дека во моментот не си сам то многу убо го знам, можи бев многу голема будала шо ти верваше за се, и пошто ти никогаш не се промени, си стариот ти сеуште, сигурна сум дека уште не знајш за граници, и дека претерваш со секоја работа, не знам шо да кажам поќе, само знам дека ме остај без зборови, и без мисли и просто да не знам шо да осеќам. Ако си со друга, знам дека таја ќе ти биди следна на списокот за да си го исполнуваш времето, и ако мислиш дека ме измести грешишш. Јас бев таја која беше со тебе и во добро и зло, јас сум таја кое име го знаат сите и бивши и идни. Но прашањето е таја која е? Знам дека ти покасно или порано ќе дојдиш кај мене, ама така убо ќе те изиграм па Јана мајка нека е. И сега утре доаѓам во твојот град? Што ако се сретниме? Си помислил ли на то? Ќе бидиме странци? Ќе ја завртиш глата нема да напрајш здраво? м? Многу сакав да биди НЕШТО ова нашево. Но ти напрај НИШТО од него. Жалам ти си крив, не јас
вчера му реков на мм дека навистина ми е жал, за глупости што се подналутивме попладнето, а сега би му рекла дека го сакам...ама ај тоа вечер ќе му го кажам кога ќе си бидеме дома...и ќе си го гушнам!
мислам дека те видов денес во рамстор убавецу ама ти тврдиш ти не си бил ти ама за 15 минути се смени со колегата и уште ми пишуваш насекаде сум те гледала-што се замислуваш дека си извини поранешен манекен си да, ама и нарцис изгледа дека си ова изгледа ко опседната со тебе да сум КАКО НЕ ТИ СЕ ЗДОСАДИ ДА МЕ СЛЕДИШ СЕКОЈ ДЕН БЕ МАНИЈАЧИШТЕ ЕДНО СЕКОЈ ДЕН ИСТА ПЕСНА ЗАСПИЈ СЛУШАЈ ГИ СО ТВОЈОТ ГЛАС, РАЗБУДИ СЕ СО ТВОЈОТ ГЛАС АБЕ ПОРЕМЕТЕН ДРУГАРКА ТИ АРНО ТИ ВЕЛИ НОРМАЛНО ДЕКА НЕМА ДА САКА ТИ УПОРНО ПРИТИСКАШ и уште на сите кажуваш како се викам-демек ако не те добијам јас, некој од моиве да си ја проба среката па да ми каже како си поминал ТИ СО МЕНЕ ТИ СО МЕНЕ НЕ МОЖЕШ СВАТИ ГО ТОА ЕДНАШ ВО ТВОЈАТА ГЛАВА еве ти се извинив за сите навреди што ти ги кажав во нервоза и низ солзи-кога некој ке те доведе до лудило да земеш да го убиеш е а не да го навредиш не сум бе јас од камен на сите страни проблеми, плус ПМС, ти дење ноке следење тропање, викаше пукање со петарди под мојот прозорец-ЛУДНИЦА море да те фатам јас тебе да те спалам на клада па да видиш како ми е мене и до срце те здоболело тоа што сум ти го кажала-ти за мене не постоиш-само да знаеш колку солзи лееев ко будала лани за тебе каде ми беше паметот