Што би му кажале...

Дискусија во 'Врски' започната од Lilit, 13 декември 2009.

  1. Agrona

    Agrona Популарен член

    Се зачлени на:
    21 декември 2012
    Пораки:
    1.240
    Допаѓања:
    1.713
    Пол:
    Женски
    Те сакам, те почитувам како никој до сега, но... некогаш ја претеруваш. Од една страна те разбирам од друга пак не или јас не сакам да те разберам. Стоиш измеѓу два огна. Не барам да бираш, барам да ме сфатиш МЕНЕ како жена, како брачен другар.... Ако ќе речам АКО трпение спасение само. Ќе си легнеш на брашното еден ден.
     
  2. sadgirl21

    sadgirl21 Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 јануари 2013
    Пораки:
    7.357
    Допаѓања:
    8.482
    Здраво.. :D
    До денес сме заедно,10 месеци.
    Како само времето поминува брзо..
    Сеуште сме како на почеток,недоверливи странци..
    Нека сме множат,па додека оде оде..
     
  3. vitomir

    vitomir Нов член

    Се зачлени на:
    4 ноември 2011
    Пораки:
    2.095
    Допаѓања:
    3.629
    Ако ме сакаш сакај ме со срце. а не со зборови. :!:
     
  4. candygirl

    candygirl Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 февруари 2010
    Пораки:
    242
    Допаѓања:
    99
    кога ти се другарите мене ме заборавас сеа слободни се не ти се на факс и збеснувај со нив мисир еден а мене што не ме гледаш два дена не е проблем ни утре нема да ме видис на роденден сум задутре сигурно ке сакаш сам да излгаш значи во недела ја излгам на кафе со другарките значи кога више понеделник наместо да ме викнеш кај тебе или кај мене ти шетај мисир помисирен најмисир
     
  5. cinderella.red

    cinderella.red Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 август 2012
    Пораки:
    82
    Допаѓања:
    39
    Пол:
    Женски
    Ми требаш ;( ми требаш да разговарам со тебе, ми требаш како пријател, ми требаш да ме разгалиш...
    Ми требаш да ме сакаш, да ми пружи љубов некој .... Толку сум осамена :'( :'( :'(
    Пропаднавме :(
     
    На sagittarius57 му/ѝ се допаѓа ова.
  6. starfish

    starfish Популарен член

    Се зачлени на:
    31 јануари 2010
    Пораки:
    4.832
    Допаѓања:
    10.130
    Пол:
    Женски
    Се дешава....
    еднаш во пет години да осетам хемија каква што не сум осетила доооолго.
    Се дешава...
    се плашат луѓето од такви силни побуди. Се исплашив и јас.
    И избегав, ни трага, ни глас, ништо да не остане.
    Ти, кажа дека од некои работи не се бега. Ама и ти се исплаши.

    Да не бевме врапчиња во душа, до сега ќе летавме како штркови.
    Ваљда.
     
    На francais му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Umbrella22

    Umbrella22 Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 август 2012
    Пораки:
    3.951
    Допаѓања:
    33.922
    Пол:
    Женски
    Дали имаме иднина.
    не барај одговор од мене
    ти треба да го знаеш тоа.
    само ти.
     
    На Adi888 му/ѝ се допаѓа ова.
  8. francais

    francais Популарен член

    Се зачлени на:
    23 ноември 2012
    Пораки:
    667
    Допаѓања:
    1.283
    Криеш универзуми во себе,
    кои никој освен јас
    не може да ги види...

    Љубам..
     
  9. Viktorijaaa5

    Viktorijaaa5 Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 октомври 2013
    Пораки:
    6.298
    Допаѓања:
    92.041
    Пол:
    Женски
    [​IMG]
     
    На Umbrella22 му/ѝ се допаѓа ова.
  10. xTehUnknown

    xTehUnknown Активен член

    Се зачлени на:
    14 декември 2011
    Пораки:
    51
    Допаѓања:
    14
    Минуваа дните така брзо, се везеа ли везеа еден на друг на цврст шарен конец, а секој ден различен од претходниот, но не и подобар од него.
    Имаше нешто поразлично на почетокот на оваа везилка.
    Имаше еден дел каде жолтата следуваше по црвената, а неа ја продолжуваше длабоката зелена додека светло сината се дружеше со розевата.
    Тие формираа обоен живописен спомен.
    Звучен спомен.
    Спомен прекрасен, но болен.
    А како одминуваа дните како боите да бледееа во чекор со сеќавањата.
    Конецот како веќе да не сакаше да биде она што го беше замислил. Тој веќе не ги привлекуваше очите со силните дречливи бои. Тој веќе не потсетуваше на ништо што би се нарекло убаво.
    А така и со нас веќе ништо не е исто, а дали воопшто и ќе биде?
     
    На Skyfall му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Skyfall

    Skyfall Популарен член

    Се зачлени на:
    19 ноември 2012
    Пораки:
    691
    Допаѓања:
    2.160
    Ајде дојди си, да те гушнам, да се изгубам во твојата прегратка. Потребен си ми, иако не го покажувам тоа, иако сум ладна, тврдоглава... Не сакам да го слушам само твојот глас, сакам да го почуствувам твојот допир...
    Проклети и долги се дните од понеделник и петок, а кратки и слатки викендите......
     
    На karenin му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Waka-waka

    Waka-waka Популарен член

    Се зачлени на:
    2 јули 2010
    Пораки:
    2.273
    Допаѓања:
    8.906
    Не знаеш колку само радост ми носиш, едвај чекам да те видам пак и да ти ги бацувам образите :D
     
    На Skyfall му/ѝ се допаѓа ова.
  13. L-enna

    L-enna Популарен член

    Се зачлени на:
    6 октомври 2010
    Пораки:
    1.107
    Допаѓања:
    1.793
    Те сонувам веќе неколку дена по ред.
    Не знам зошто и знам дека не треба, но понекогаш ми годи. И прави да се смешкам. :wasntme:
     
  14. Dream-Girl

    Dream-Girl ☀️

    Се зачлени на:
    24 јуни 2013
    Пораки:
    20.123
    Допаѓања:
    195.400
    Пол:
    Женски
    Што би му кажала,хм?
    Би му кажала дека е само едно обично ѓубре кое не вреди! ^_^ 8)
     
  15. Umbrella22

    Umbrella22 Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 август 2012
    Пораки:
    3.951
    Допаѓања:
    33.922
    Пол:
    Женски
    Ние..
    [​IMG]
     
    На Skyfall и Agrona им се допаѓа ова.
  16. karenin

    karenin Популарен член

    Се зачлени на:
    8 март 2010
    Пораки:
    1.426
    Допаѓања:
    2.172
  17. nikiiii

    nikiiii Популарен член

    Се зачлени на:
    22 август 2013
    Пораки:
    1.370
    Допаѓања:
    942
    јас сум истата...ме знаеш, па повели дојди ако сакаш :P
     
  18. kolumnistot

    kolumnistot Популарен член

    Се зачлени на:
    6 октомври 2012
    Пораки:
    2.021
    Допаѓања:
    14.425
    Пол:
    Женски
    И додека залутана во своите мисли, трагав низ книгите, ја барав нашата приказна, преточена во перото на некој друг, носена од туѓите имиња, која ќе ми прави друштво кога те нема, која ќе ми даде надеж, но и која ќе ги впие солзите, стигна порака „Чувај ме лепотице, бидејќи само мојот живот ќе нема смислам без тебе“...веројатно инспирирана од она изрека на Дарко „Тој да го чуваш лепотице“ https://soundcloud.com/darko-lesoski/pjmdrjlwzmmd ... и сега што да кажам јас?!
    Да, токму него го чувам јас, оној кој не може да ја прекине тишината на која се осудив јас, без тој тоа да го бара од мене...
    Да, токму него го чувам иако знам дека нема да ме наречи никогаш лепотице... знае тој рој подобри од мене...
    Да, токму него го чувам иако знам дека не му недостигам јас, нема тој потреба од мене длабоко во ноќта...
    Да, него го чувам, иако ги побрка сите мои соништа и планови за иднината, и иако знам дека не сака да биде дел од неа...
    Да, токму него го чувам, иако знам дека нема време да се грижи дали на моето лице има насмевка или не...
    Да, токму него го чувам, иако знам дека никогаш нема да ми донесе кафе во кревет и да ме разбуди со бакнежи..
    Да, токму него го чувам, иако знам дека нема да минам ноќи и ноќи во кревет со него, покажувајќи му се што чувствувам за мене...
    Да, токму него го чувам, иако знам дека моите деца нема да го носам неговото презиме и ќе го знаат од бајките за луда љубов кои јас ќе им ги раскажувам...
    Да, токму него го чувам, кој знам и да може нема да биде мој целосно, бидејќи би итал кон заведување на секоја...
    Да, токму него го чувам иако не смее да ме допре, да ме бакне во чело, да ме гушни ни како пеперуга, а камоли како љубоморно горило...
    Да, токму него го чувам иако знам дека тој никогаш нема да ја испрати оваа порака, иако знам дека неговиот живот има смисла, иако знам дека не му требам јас во целост... му требаат само трошки од моето внимание, само малку подигање на егото..
    Да, токму него го чувам, кој чека да заврши оваа моја бура на емоции, кој чека тивко да заминам од него, исто како што дојдов...
    Да, токму него го чувам, кој не ме сака ниту за душата, ниту за телото....
    Да, токму него го чувам, повеќе од себе, како никогаш што не сум те чувала тебе, иако не треба, тоа ли требаше да го одговорам на пораката, се прашувам?!
     
  19. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    19.288
    Допаѓања:
    81.863
    Пол:
    Женски
     

    Прикачени фајлови:

    На crazylady, L-enna, Umbrella22 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  20. Viktorijaaa5

    Viktorijaaa5 Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 октомври 2013
    Пораки:
    6.298
    Допаѓања:
    92.041
    Пол:
    Женски
    Е сега можам мирно да спијам ,а исто и ти :*
    Добра ти ноќ љубов моја :*