Сеуште те сакам како и порано. Иако поминаа 2 месеци и 1 недела јас сеуште те немам преболено.Сеуште те сонувам,мислам на тебе,размислувам како би било кога пак би биле заедно.Те барам во секој оној што ќе ми се доближи. Се обидов со многу машки да те преболам но не иде. Ми фалиш многу, кога те видов пред една недела целата треперев и нешто во мене ми викаше гледај тој е среќен и без тебе. Те сакам иако ти мене не ме сакаш, или пак не сакаш да го покажеш тоа.
Премногу те сакам љубовче. Неможам да си го замислам животот без тебе... Зашто пак ме натера да те сакам и ме остави? Што е тоа што ти чука во градите, камен? Глумеше пред мене? Зашто на сите им кажуваше дека ме сакаш? Зашто секогаш ми викаше дека си најсреќен со мене? Ме уништи човеку пак сум на дното поради тебе , а таман се опоравив... Зашто се смиривме пак? Не сакам никогаш повеќе да те видам. Ти посакувам се најубаво во животот бидејки и покрај се јас тебе највише те сакам
Ајде бе иди побрзо.. Оффтопик: Имам забележано во повеќе теми мислењата на двете членки над мене обавезно им се годат едно под друго. Интересна случајност.
Лелеее, веќе ми е преку глава од тебе. Знаеш ли бе мајмун глупав? И ја не сум цвеќе,ама ти претера! Претера! Не знам само зш уште си со мене? Фани си се со другар ти, и така знае повеќе работи за тебе од мене. Со тебе ни се разговара, ни па знаеш да цениш нешто. Ѓубре едно смотано. Со тоа твое понашање далеко нема да стасаш биди сигурен! И ќе ми направеш голема услуга, ако се тргнеш еднаш за секогаш!
Прекини да го пукаш носот таму кај што не треба ... и дојди си побрзо... колку и да ми идеш на нерви, сепак ми фалиш
Синоќа со поглед зборувавме, а со усни немавме што да си кажеме. Сите забележаа. Премногу тензија имаше, се обидоа да омекнат но не одеше. Што стои меѓу нас? Кој прв ќе попушти? Кој ќе ги каже зборовите? Немам храброст знаеш... Почни прв. Ако биде нека биде. Ако не, да ставиме точка и да продолжиме по своите патишта.
ако денеска беше вчера и ако продолжеше да правиш глупости сигурно ке те замрзевв .... но гледам се поправамее!!се надевам дека си свесен што се правии и зоштоо
Помина првиот ден без тебе.Стварно незнам што да ти речам,се е кажано.Незнам зошто ама баш ништо не осеќам..Ниту тага,ниту болка,ниту лутина.Душава ми е отрпната.Знам дека како што врви времето ќе е потешко и потешко,се лажам дека ќе продолжам,дека ќе успеам.Да ти посакам да си среќен со друга?!Не, не можам.Себична сум и те сакам само за себе... Се ќе помине и јас морам да продолжам сама,со нови сили...Те сакам најмил,ќе ми фалиш премногу
Сакам да сум кај тебе и од чекање да се вратиш од работа да заспијам а да осетам дека си до мене кога ќе ме гушнеш силно и ти ќе заспиеш до мене без ниеден збор... Сакам да си лежам на твоето рамо и да те слушам како ги кроиш плановите за нашата иднина... Посакувам да се будам наутро пред тебе да ти спремам кафенце за расонување и да почнам да те будам... Сакам да те гледам додека ми се смешкаш без никаква причина ... Сакам кога ќе ми кажеш : убаво ми мирисаш,го обожавам твојот мирис Сакам кога ќе ме бакнеш наутро кажувајќи ми дека сум ти се што имаш ... Сакам секој наш план до стане стварност,нашата љубов да остане вечна,посакувам никогаш да и нема крај на мојата среќа ... Посакувам никогаш да не те видам тажен ,се би направила за твојата среќа,за нашата заедничка среќа ... Те љубам најмногу од се