денес беше посладок од која било чoколада на светов. Ми се допаѓаше твојата нова кошула од gant делуваше секси и презоден.Твојот поглед.. Благодарам за убавиот ден
Фала ти што си секогаш тука за мене, во секој момент да ми помогнеш и да застанеш на моја страна. Те Сакам
Љубов моја! Во твоите сини очи ја откривам смилата на моето постоење. Ти си причината заради која се будам секое утро. Секогаш кога зборувам со тебе знам дека само ти ми требаш за да бидам среќна. Со секој изминат ден те сакам се повеќе и повеќе. Те сакам најмногу!
Еве тука ќе си пишувам, па еден ден ако дојде време да ме прашаш што правев деновите додека не бевме заедно, ќе си прочиташ... Некоја тактика ли ти ова што почна да ме игнорираш? Што и да е, ќе те оставам да си тераш по свое. Само знај, повредена сум и јас! Иако тоа немав храброст да ти го кажам во лице. Патувањето во Белград ми беше преголема надеж дека нашата врска ќе се освежи и се лошо ќе оставиме зад себе, но... Твоето чудно однесување ми даде сомнежи, начинот на којшто го држиш телефонот во рака додека седевме на спална, онака подискривено, навидувам незабележително... Додека беше во веце си осмелив да погледам што има во твојот инбокс. Не мило, не тогаш, не ми требаше тоа! Сета надеж ми падна во вода. И сфатив дека не сме спремни сега да се бориме за нашата љубов. Верувам, никогаш нема да престанам да верувам дека јас и ти ќе успееме еден ден! Погледите повторно ќе ни се сретнат, можеби тајно и спонтано баш како на нашиот дамнешен прв почеток. Те сакам стаорец! Не заборавај!
Оди кај неа, слободно! А и баш сте се погодиле ти глуп, она грда комбинација снова! Ви посакувам среќа, нешто што го немавме јас и ти. Само немој да дојдеш после кај мене. Еве дури и песна ти посветувам ѓубре http://www.youtube.com/watch?v=Ry7OU7JLKYU
Ѓубре си да знаеш! Ѓубре и ќе останеш! Знам дека не ти е гајле за мене ни малку. По овој разговор никогаш веќе нема да ти ѕвонам. Биди сигурен. И на крај ти посакувам да си најдеш некоја што ќе те сака како што ти ме сакаше мене! И ќе ти ги прави истите работи, како ти на мене! Цркни вол еден глупав!
Вечерва имам огромна потреба од твоите силни раце, да се сокријам во твоите прегратки и да заборавам на се. Да слушнам од тебе дека ќе ја надменеме секоја пречка. Да ми кажеш дека никој нема да успее да не раздели. Дека ќе успееме. Бројам денови до нашето повторно видување. Уште малку се..
Те чувствувам далечен. Не си ти веќе истиот. Веќе не ме сакаш. Знам. Не мораш да ми кажеш. Се гледа во погледот, во очите. Однесувањето ти е како на странец. Не ме сакаш а ме измачуваш. Немој повеќе, ме боли. Знам дека ќе го прочиташ еден ден ова, затоа што ме следиш секаде.
Само да ја знаеш приказната, и целата поврзаност со тебе.... ќе се онесвестиш на лице место. Мака ми е што немаше време тогаш, мака ми е. А, не знам дали треба да ти ја кажам, или сепак не. Не знам, имаш право да ја слушнеш, ама не знам дали заслужуваш. Дали тоа ќе ми го смени животот мене на подобро, или не. Не планирам пак да минувам низ пеколот, а и помина речиси еден месец. Па можда малото гласче -кажи му- ќе се заќути по некое време.
Уште не згаснала љубовта за тебе, уште те сакам , те сакам , те сакам.... ќе дојде ли еден ден се на свое, ќе се претворат ли твоите зборови во дела, дела за кои сонувам секоја вечер ..сакам да си покрај мене