Што би му кажале...

Дискусија во 'Врски' започната од Lilit, 13 декември 2009.

  1. De-lovely

    De-lovely Популарен член

    Се зачлени на:
    9 септември 2010
    Пораки:
    724
    Допаѓања:
    932
    Ај лав ју бејбее енд иф итс куајт орајт ај нид ју бејбееееееееее.......... :D

    Ете така просто-напросто денес те сакам. :*
     
  2. simonna.a

    simonna.a Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 февруари 2013
    Пораки:
    4.481
    Допаѓања:
    34.135
    Пол:
    Женски
    Дали и ти? :$
    Ме сакаш ли? :$
    Кажи бе сонце едно фудбалерско! :inlove:
     
  3. Anne15

    Anne15 Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 февруари 2012
    Пораки:
    762
    Допаѓања:
    245
    Пол:
    Машки
    Сакам да те видам.Ми недостигаш душо! :* :inlove:
     
  4. Plejg

    Plejg Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 јуни 2013
    Пораки:
    30
    Допаѓања:
    5
    Абе глуп еден шо мајка бараше ова нашево врска да го нарекуваш??? :@ :@ :@
     
  5. xoxo..gossip-girl

    xoxo..gossip-girl Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 февруари 2013
    Пораки:
    472
    Допаѓања:
    642
    еееееееееееееееееееееееееееееееееееееееееееееееееееееееееееееееееееееееј детееееееееееееее
    СВЕСТИ СЕ
    :x
     
  6. Christina.A

    Christina.A Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 април 2012
    Пораки:
    552
    Допаѓања:
    354
    Обожавам кога го поминувам целиот ден со тебе. :wasntme:
     
  7. kolumnistot

    kolumnistot Популарен член

    Се зачлени на:
    6 октомври 2012
    Пораки:
    2.021
    Допаѓања:
    14.425
    Пол:
    Женски
    И повторно се бакнаа стрелките на часовникот, покажувајќи полноќ, ставајќи крај на овој превртен ден. Уште еднаш ме потсетија дека и ноќва ќе ја минам без тебе, како секоја следна до крајот на животот... и во мигот сваќам: не боли повеќе стравот од осудата, не болат ни туѓите допири, боли оваа бескрајна тишина, овој хроничен недостаток од тебе...
    И пак ме победи потребата за тебе и низ солзи ти соопштив една радосна вест... само не ти соопштив дека посакувам јас да се најдам во таа позиција со тебе( иако тебе ти е сето тоа проживеано :( ), не ти ги соопштив солзите за тоа кои течеа како река, затскривајќи се зад големата радост, солзите кои и сега течат...
    Како кукавица денес тврдев дека сакам да си одам, додека ти беше само неколку метри од мене, се согласив дури и сама да го искуцам новиот договор, бидејќи е време да се повлечам, одзеемајќи ги неколкуте мигови минати во нашата димензија, губејќи ги прегратки на она наше мало место, убивајќи го во себе посакувањето во мал миг на невнимание да ме зграбиш и стегнеш цврсто, да кажеш „не, не те пуштам“, па конечно да ги излеам сите овие солзи на твоето рамо...

    п.с. денешните зборови ми значат цел свет да знаеш, затоа ќе ми се утеха,но и сила да го издржам молков на кој сама се осудувам во овие мигови кога те барам крај себе, кога ми вреска душава за тебе, кога ми недостига само мирисот твој и ништо повеќе...
     
  8. jovana03

    jovana03 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 ноември 2013
    Пораки:
    1.780
    Допаѓања:
    6.710
    Пол:
    Женски
    Како да ти се приближам, како да не те повредам посакав да знам.
     
  9. zhap4e

    zhap4e Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 март 2011
    Пораки:
    7.113
    Допаѓања:
    107.128
    Пол:
    Женски
  10. NoOrdinary

    NoOrdinary Активен член

    Се зачлени на:
    30 ноември 2012
    Пораки:
    29
    Допаѓања:
    15
    Да не имаш детектор за моиве слабости? :x
     
  11. coralin-e

    coralin-e Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 ноември 2013
    Пораки:
    144
    Допаѓања:
    98
  12. poenta

    poenta Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 ноември 2013
    Пораки:
    5.031
    Допаѓања:
    36.134
    Пол:
    Женски
    Ти си ми светла ѕвезда на небото :inlove:
    Не само што ми го осветлуваш патот во деновите на тага и разочараност илјадници километри далеку од мене,туку и ми даваш патоказ за да продолжам понатаму.
    И ако секој би успеал да ја пронајде својата среќна ѕвезда полесно ќе ги преброди темните моменти.
     
  13. Libera

    Libera Популарен член

    Се зачлени на:
    1 септември 2011
    Пораки:
    1.278
    Допаѓања:
    5.908
    Пол:
    Женски
    Да кажам дека сум разочарана од тебе, не можам. Некако се навикнав, откако последниот пат почна да поставуваш правила и да повишуваш тон, дека ќе стане полошо.
    Јас сеуште те памтам по убаво, а од друга страна не знам која е таа причина за бес кај тебе, не знам зошто толку идиотски се однесуваш. Еднаш се случи да плачам пред и поради тебе, а тебе уво да не те боли. Овој втор пат... па некако ме научи дека сите сме сами на овој свет. И се` додека сфаќам дека јас сум таа која може да си помогне кога ми е тешко, без да очекувам дека ќе дојде некој и рече - "Еј, не плачи поради мене, не сакам да те гледам таква"... епа се` додека ми е јасно тоа, се учам да станам поцврста.

    Секогаш кога одново се учам на оваа лекција, тешко е, болно, несфатливо. Несфатливо дека некој кој ти дал се`, и ти исто, заради едно недоразбирање, може да се огорчи, да те третира како непознат, иако претходно ти ветувал планини. Ама ако. Разликата е што ти се претвори во никаквец и се трудиш да ме повредиш и ти успеа. Ми се тркалаа солзи, се прашував како е толку тешко да ме сфатиш и на твоето дерење, изустив само едно тивко Ништо. Знаев дека после се`, со наредната зора ќе ми се разбистрат нештата и нема да плачам за некој кој ужива во тоа. Но, нема да бидам нити сурова, зашто имаме толку прекрасни спомени, па јасно ми е дека ти не си ваков, можеш повеќе.

    Ама ќе оставиш рана, и ова нашево е испокршено и лепено едно милион пати, што колку и да се трудиме да го вратиме назад, едноставно нема да е истото. Се запрашував дали со тебе би била спремна да ја дочекам својата старост и многу пати се фаќав како сум несигурна. Страовт ме водеше дека ќе станеш поинаков, а од друга страна не те сакам еднакво, па со тек на времето и таа љубов би испарила, и потоа едноставно би било предоцна за одлуки.

    Имав страв да те пуштам, зашто повеќе од јасно е дека никој нема да ме чува на тој начин, а се мачиме и двајцата, зашто јас се обидувам да те променам, а ти се трудиш уште повеќе од паника да не избегам и кога на крајот не ти е исто возвратено, за една ситница збеснуваш, исфрлајќи го сето она што било собрано пред тоа. Со сила се терав да те сакам како порано, знаеш. Одев против самата себе и не знаеш која е болка е кога правиш спротивно од своето тело и мисли. Поради таа проклета грижа на совест дека ти ете правиш се` за мене, а јас само те натажувам. И потоа ќе прснев во огромен плач, бидејќи тешко е секојневно да живееш со тоа, да бараш нови надежи, да си велиш - Е денес можеби се` ќе биде во ред. Но, не е. И се мачиме и двајцата, а ти само ме казнуваш поради нешто за кое јас искрено не сум крива.
    Но, нема да ми олесни ако се распадне вака. Нема да ми олесни во никој случај, а најмалку ако си идиот кон мене. Имам кошмари знаеш? Запознавам некој кој ми се допаѓа, се доближува до мене, ме бакнува во образ и јас чекам да се јави оној трепет, ама го нема. Сфаќам дека не можам ништо да чувствувам. Епа така некако е и реалноста. И во оваа борба ме остави сама.
     
    На Peperutka-19 и Ketrin.Moon им се допаѓа ова.
  14. mhmrj

    mhmrj Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2014
    Пораки:
    35
    Допаѓања:
    10
    Те сакааам...а знам и ти колку ме сакаш!Не е фер... зошто мора да е вака? Зарем и самиот не кажуваш дека со мене ти е како од бајките?! Тоа што го имавме е нешто незамисливо, многумина може само да го посакуваат, а ние го имавме.Го имавме а ти свесно оставаш да биде само спомен, наместо да го живееме сето тоа сега и овде. Ах колку ги сакам оние утра кога заедно се будевме, кога глава неможев да кренам од твоите гушкања. Али јбг :| Мил мој, љубовта не се раѓа, не е доволно само да се појави и да мислиш дека ја имаш,во неа треба да вложуваш. И да ти тоа го правеше, и сеуште го правиш ама на погрешен начин, мислеќи дека постојано ќе има некој кој само ќе очекуваш да те сфаќа. Јас додека зборував не ми веруваше, ама ако мене не ми веруваше помина толку време, и времето ти покажа дека сеуште не е ништо сменато. Нема ни на тоа да веруваш?
    Како и да е, помина толку време поминав и јас многу не за мене, не ни за тебе туку за нас...ама знај дека веќе и јас почнувам да кревам раце од ова... Само уште малку.Барем ќе знам дека пробав се, на секој начин. Совеста ќе ми е мирна, а ти... ако продолжиш вака, самиот си знаеш како ќе ти биде.
     
  15. L-enna

    L-enna Популарен член

    Се зачлени на:
    6 октомври 2010
    Пораки:
    1.107
    Допаѓања:
    1.793
    Жабец, 3 години од нас, еј.
    И година дена взаемна љубов.

    Лета времево. Тој период сега ми изледа мноогу далечно, само поради тоа што се оддалечивме духовно. Нема блискост, нема муабет, нема контакт. Кога ќе ме погледнеш (а тоа е ретко), сериозен си и ладен, не ти се познаваат емоции на лицето. Веројатно зашто ги немаш, кон мене.

    Странци сме. И затоа ме болиш.
    Ама се надевам среќен си. Барем човекот кој го љубев заслужуваше да биде.
    Фала на сета љубов, сите погледи, допири и насмевки, сите моменти и заеднички откриени нешта, сето внимание и сета радост. Фала што ми ги разубавуваше деновите и ноќите, в сон.

    Нас ќе нè паметам по добро. А како ќе те паметам зависи од тебе. Веќе знам, но оставам празен простор тука, последна надеж.
    Изненади ме, прозбори ми, израдувај ме.

    И фала ти за датумов, направи да се заљубам во него.
    Единствениот вечен потсетник на Нас.
     
    На danichap и Westlife им се допаѓа ова.
  16. Veki4kaa

    Veki4kaa Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јануари 2012
    Пораки:
    5.521
    Допаѓања:
    18.517
    Пол:
    Женски
    Ти си мелем на рана, сонуван, сакан, милуван, бендисан, Ти си лек што се чека, дури до века. :inlove:
     
  17. Ketrin.Moon

    Ketrin.Moon Популарен член

    Се зачлени на:
    22 февруари 2013
    Пораки:
    770
    Допаѓања:
    7.172
    Пол:
    Женски
    Можеби замина и можеби заминав
    но си ја влечеме душата по асфалтот
    особено наутро
    кога се уште во униформа
    ќе налеташ на мене
    на мојот црвен капут и
    уморните очи
    немо тонеме.

    Те замислувам,потоа
    ја фрлаш униформата на креветот
    пред зори заспиваш
    ја гржеш перницата
    зошто знаеш дека боли
    знам и јас.

    Но избледуваме.
     
    На rrrrrrrrrrrrrrrrrrrr, francais, Doozy и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  18. sadgirl21

    sadgirl21 Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 јануари 2013
    Пораки:
    7.357
    Допаѓања:
    8.482
    Ми недостигаш,сепак..
     
  19. ana-girl

    ana-girl Популарен член

    Се зачлени на:
    14 март 2011
    Пораки:
    536
    Допаѓања:
    648
    Секојдневен повик од твоја страна ито како влијае на моето расположение. Па кога всушност согледувам дека зборуваме повеќе од саат време, сфаќам дека всушност и тебе не ти е сеедно. Ти фалам , и сам призна. :$
    Имај најубава вечер. :*
     
  20. anngelique

    anngelique Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јуни 2010
    Пораки:
    2.746
    Допаѓања:
    6.733
    Пол:
    Женски
    Ми фалиш, едвај чекам сабота :inlove: